Борисов: Изјавата на Мицкоски е апсолутна провокација


  Бојко Борисов, лидерот на владејачката партија ГЕРБ во Бугарија ги оцени вчерашните зборови на премиерот Мицкоски во парламенто како „апсолутна провокација“ „Апсолутна провокација и едноставно не треба да ѝ се обрнува внимание. Министерството за надворешни работи (на Бугарија) реагираше добро, така што – тие тоа можат“, рече Борисов околу изјавата на Мицкоски дека не […]

За секоја општина СДСМ ќе прави посебна коалиција


Лидерот на СДСМ, венко Филипче, најави денес дека на следните локални избори СДСМ нема да прави една коалиција – туку ќе коалицира со разни партии во разни општини. Ваквиот став го усогласиле органите на партијата, а најавите се дека во првата половина на април ќе ги имаат првите сознанија за теренските анкети околу можните кандидати.  […]

Смената на јавниот обвинител за СДСМ не е реформа, туку упад во правосудството


Најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и на државниот јавен обвинител апсолутно не се никаква реформа, туку притисок и партизација на судскиот систем, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Тој ваквите потези ги нарече упад во правосудниот систем  предупредувајќи дека, ако сега се сменат тие и се изберат нови пред да се […]

СДСМ бара намалување на ДДВ-то за струја, за прехранбени производи и на цената за Зелен картон


Граѓаните се под огромен финансиски притисок каков што немало изминатите години. Се помалку пари имаат во џебовите, нема нешто што не е поскапено – оцени денес на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него,  Владата очигледно не прави ништо, ниту пак има план и стратегија како да го подобри стандардот на граѓаните. „Ограничувањето […]

Предлог-законските измени за стаж на судиите и обвинителите до 67 години поминаа на собраниска комисија


Продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија до 67 години возраст, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи што помина денеска на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Целта на измените, како што објаснија предлагачите, е надминување на состојбата во правосудството од […]

Скопје и Софија се подалеку од онаму каде што беа


  Нема средби, но има влошување на односите, кои и онака е се лоши. Премиерот Христијан Мицкоски вчера посредно најави дека нема намера неговата влада да го поддржи впишувањето на Бугарите во Уставот, а од Софија промптно го обвинија дека ги поткопува напорите за градење добрососедски односи. Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека […]

Таравари остана без партија, но бара Ахмети да го снема од политичкиот живот


  Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, кој со последната одлука на судот во Тетово не е претседател на Алијансата за Албанците, бара Али Ахмети да си замине од политиката. Таравари, кој сега е без партија во конгломератот „Вреди“ напиша на Фејсбук: „Али Ахмети ја преполни чашата! Време е за оставка!“ […]

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб


По повод изјавите кои деновиве ги читаме околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава. Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со […]

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард


СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО). ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и […]

Бугарско МНР: Прашањето за правата на Бугарите не е билатерален спор, туку е прашање кое влијае на темелните европски вредности и стандарди


Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување и категорично ги осудува изјавите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. Овие изјави, како што се вели во соопштението од бугарското МНР „не само што ја искривуваат реалноста, туку и ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција“. -Сакаме […]

Села е претседател на Алијансата за Албанците, одлучи судот во Тетово


  Основниот суд во Тетово донесе одлука претседател на Алијансата за Албанците да биде Зијадин Села. Според оваа одлука, печатите на партијата сега му припаѓаат на Села. Во одлуката на судот се наведува дека се прифаќа барањето за промена на претседателот на партијата, поточно на местото на Арбен Таравари, да се именува Зијадин Села. „Разјаснувањето […]

Собранието ги разреши директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование


Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери.  Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи.   Талат Џафери и Блерим Беџети […]

Пратениците се одлепиле од реалноста кога гласале за Кривичниот закон, порача Костадиновски


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оцени дека пратениците кога гласале за оспорените измени на Кривичниот закон се „апстрахирале од реалноста“, што тој ја опиша како држава со „корупција од пандемиски размери, дефицит на одговорност и суфицит на неказнивост“. Тој на прес конференција соопшти дека Уставниот суд, имајќи ја во предвид реалноста во земјата и […]

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ разговараат за промена на државниот грб


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.  „Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски. Првиот договор за такво нешто […]

Владата решена да го разреши Коцевски, со реална или измислена причина


До Советот на јавни обвинители досега не е доставен предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски – изјави претседателката на Советот, Душица Димитриеска, по вчерашната одлука со која Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител. Додаде дека во врска со иницијативата Советот ќе постапува согласно […]

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик


  Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот. Одлуката следува по денешната седница на која Уставниот суд расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. Мнозинството од судиите на седницата […]

Мицкоски: Најпрвин економски да зајакне државата, а потоа да се отвораат конзулати во Корча и на други места


  Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот. „Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет […]

Мнозинство од уставните судии ги спори измените на Кривичниот закон


Расправата во Уставниот суд за измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од одговорност околу 800 обвинети, се уште трае. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кажа дека измените на Кривичниот законик со кои преку ноќ се запреа кривичните гонења за корупција направиле непоправлива штета на правниот поредок и невиден упад во судскиот систем. […]

Таравари остана без партија, тетовскиот суд ги даде печатите на Села


Тетовскиот основен суд одлучи печатите на Алијансата за Албанците да ги добие поранешниот градоначалник на Струга, Зијадин Села. „Судот го прифати предлогот за разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се додава во одлуката. Таравари има право на жалба на одлуката до Апелацискиот суд Гостивар во рок од 15 дена. Алијанса за Албанците […]