Хрватите во Македонија сакаат да бидат вклучени во Уставот


Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој утрово пристигна во Скопје и тука ќе остане 3 дена. […]

Зошто Владата крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?


  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети, реагира СДСМ на пишувањата на медиумите за посетата во Будимпешта со авион на турска комерцијална компанија.    -Веќе трет ден молчат и не откриваат […]

Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава


Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Јандроковиќ денеска ќе го посети македонското Собрание, каде ќе биде свечено пречекан со високи државни и воени почести. Како што најавуваат од собраниската прес-служба, Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија. По средбата […]

Мицкоски за Османи: Човекот што го распродаваше мојот идентитет нема кредибилитет да зборува


  Човекот што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и македонскиот јазик има најмал кредибилитет да зборува, зашто ако тој мене не ме почитува, не го почитува ни својот албански јазик – изјави премиерот Христијан Мицкоски обраќајќи му се директно на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, Османи вчера рече […]

СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа


Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.  Според СДСМ, „економијата тоне, компаниите не може да исплаќаат плати и отпуштаат вработени, а животниот стандард на граѓаните се влошува поради неспособноста и незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ најновите податоци […]

Владата се гости со папаја, манго, аспарагус…


Левица реагира на последните тропења во Владата која набавила папаја, манго, аспарагус. и други овошја и зеленчуци за своите потреби.    -Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја – владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните! Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори […]

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта


Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се сретнал со екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта, каде што ја предводеше делегацијата на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и Унгарија. -Не сум се сретнал, но, доколку ќе се сретнам ќе бидете информирани затоа што водам политика на принципот – вистината е најточна. Јас секогаш кога нешто ќе се […]

Орбан и Мицкоски договараат заедничка економска зона со Србија


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски најави дека двете земји ќе работат на создавање заедничка економска зона во која ќе се најде и Србија. Според Орбан, проблем е што Унгарија е во ЕУ, а Македонија и Србија не се, но сметаше дека со интензивна билатерална соработка може да […]

ВЛЕН: На ДУИ очајно и треба внимание


ВЛЕН смета дека во ДУИ се очајни за внимание и дека од таа причина даваат неодговорни најави за бојкот на локалните избори. -Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни […]

Во Собранието ќе заседаваат две комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, во второ читање. Како што се посочува […]

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта  во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.  Согласно агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Орбан. Ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади. По завршување […]

„Не е лошо човек да се извини“: Сиљановска за навредата на Кочоска


  Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова има поинаков став од министерката Гордана Димитриеска-Кочоска околу навредата што ја искажа за пратеничката Славјанка Петровска на собраниската говорница. Сиљановска денеска рече дека не е лошо некогаш човек и да се извини.  Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.  „Не е лошо човек да […]

Унгарија и Македонија се за безусловно постигнување мир во Украина


  Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи […]

Има ли Албанец во владиниот тим на Мицкоски во Будимпешта?


  Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографии од престојот во Унгарија, меѓу кои и таа како положува венец на Меморијалниот споменик на унгарските херои во Будимпешта. Претходно објави фотографија од пречекот на аеродромот на кој се гледа дека со него допатувала и сопругата со изнајмениот авион. Она што е куриозитет е дека на фотографијата пред споменикот […]

Сиљановска: Редно време е да се однесуваме со почит како двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот


Секогаш кога зборуваме за други нешта зборуваме и за нашиот основен проблем, дека редно време е да се однесуваме така како двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот, како граѓаните, со разбирање и взаемна почит за да можеме да најдеме некое заедничко решение, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Велес на националанта конференција „Заедно […]

СДСМ објави сметки како трошеле Мицкоски и Кочоска кога беа на чело на ЕЛЕМ


  Опозициската СДСМ тврди дека додека сега премиерот и министерката за финансии обвинуваат за незаконско трошење на нивните претходници, тие двајцата кога бел од врвната раководна структура на ЕЛЕМ се гоштевале по кафеани. Организацискиот секретар Мартин Костовски на денешната прес-конференција обелодени неколку од овие фактури. Тие се од 2016 и 2017 година. Во тоа време […]

СДСМ предлага закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници


  Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот, рече на денешната прес – конференција пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска. – Се соочуваме со реален проблем – платите во Македонија се уште се ниски, а трошоците за живот […]

Левица: Ако има патни трошоци за пратениците, да има и за работниците


Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, порачуваат од партијата Левица, која во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци. -Со оваа мерка, конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат […]

Сите му дадоа поддршка на Зеленски, Мицкоски отиде по мислење кај Орбан


Два дена откако претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс  изведоа срамно сценарио во Белата куѓа при посетата на украинскиот лидер Володомир Зеленски, од Владата нема ни став ни глас.  Иако постојано повторуваат дека се за мир во Украина и дека ја осудуваат руската воена агресија, откако сите лидери почнаа да му даваат поддршка […]