СДСМ: Братот на градоначалникот Стефковски „летал“ по улиците, од МВР му ја поништиле казната


Секојдневно луѓе ги губат животите на улиците поради несовесни возачи, сообраќајки со тешки последици има на секој чекор и се уште се свежи болните спомени на трагично прегазената Фросина во Скопје. И, што прават Тошковски и МВР? Наместо да обезбедат почитување на законот, ги штитат прекршителите — само затоа што се функционери на ДПМНЕ, реагираа […]

Димитровска да си даде оставка за да се спаси ДКСК, порачуваат антикорупционери и експерти


  Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, да не чека туку да си поднесе оставка од морални причини – е пораката на поранешни антикорупционери и експерти за борба против корупцијата  откако актуелната претседателка на ДКСК минатата недела се најде на листата на осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот. Според […]

Левица: Власта не презема ништо да не се повтори трагедијата од Кочани


Левица реагира на тоа што повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, се уште нема  никакви системски реформи од страна на владата на премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа  помпезно го најавувал. -Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на […]

Утре протест во Скопје на родителите на настраданите во Кочани


Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. -Ние […]

Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, вели Села


 Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било претседател на партија дали ќе има средби со друг политички субјект. Јас сум информиран дека имало најмалку две или три средби на кои директно се сретнале Арбен Таравари и Али Ахмети, но нема ништо лошо […]

За ВМРО владата е стабилна, се друго се предизвици


ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија […]

Осум години од крвавиот „27 април“


Денес се навршуваат осум години од насилниот упад во македонското Собрание, познат како „Крвавиот четврток“. На 27 април 2017 година, додека во Собранието се избираше новиот претседател Талат Џафери, толпа демонстранти, поттикнати од иницијативата „За заедничка Македонија“, го проби полицискиот кордон и насилно влезе во законодавниот дом. Пратеници, новинари и службеници беа нападнати, а повеќе […]

Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциско


На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Францискo, во Ватикан, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии.   Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, […]

СДСМ бара оставка од Тошковски поради небезбедните улици


Опозициската СДСМ побара  оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поради хаосот што владее на улиците, заради што безбедноста на граѓаните е сериозно нарушена. – Додека Панче Тошковски се изживува врз граѓаните и поднесува кривични пријави за објави на Фејсбук, криминалните банди му праќаат порака дека тој не ја контролира безбедноста и не му […]

СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада


Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална. Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации; сметаат од опозициската СДСМ. – Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, […]

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје


Кога безбедноста е загрозена, нема ништо поважно, изјави денеска заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, на средба со млади во Будва, Црна Гора. – НАТО останува одбранбен сојуз, но историјата, уште од антички времиња, покажува дека ако сакаме да избегнеме војна, мораме да бидеме подготвени за неа, рече Шекеринска. Таа додаде дека со покажување […]

Владата е нестабилна, вели Филипче и чека што ќе направи претседателката на Антикорупциска


  Сметам дека владината коалиција е навистина нестабилна. Како ќе се одвиваат работите во коалицијата ќе видиме, меѓутоа јас сум подготвен да разговарам со која било политичка партија, изјави денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, по заедничкиот увид со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во градежните активности за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во […]

Муцунски: Бараме компромис со Бугарија, но тој да биде рационален


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска изјави дека е дојдено крајно време да престанеме да преговараме за национални и идентитетски прашања со кого било како држава.  Муцунски тоа го кажа за време на прес-конференцијата со црногорскиот колега Ервин Ибрахимовиќ, кој е во посета на земјава, одговарајќи на прашањата за евроинтегративниот процес на Македонија, […]

Црногорскиот шеф на дипломатијата рече дека нивниот успех кон ЕУ е добра вест за регионот


  Заемната поддршка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.   […]

Изјава за медиуми на Герасимовски и Филипче (во живо)


 Изјава за медиуми на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Венко Филипче, по увид во градежните работи за реконструкција на спортската сала Работнички во Градскиот парк.  

Левица: Борбата против корупцијата е мизерен театар за јавноста


  Веста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив”, е доказ  дека т.н. „борба против корупцијата“ со ДПМНЕ и СДС на моќ е ништо друго туку мизерен театар за јавноста, вели Левица во своето соопштение. „Жената која требаше да […]

СДСМ: Македонија нема влада туку картел


СДСМ смета дека Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што ја имала македонија досега, нарекувајќи ја неорганизиран „картел“. „Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните.Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел – […]

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во посета на земјава


Во официјална посета на земјава ќе престојува потпретседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ. Домаќин на Ибрахимовиќ ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, според агендата ќе се одржи официјален пречек […]

Димитриевски: Во политиката не може да се седи на две столчиња


Во политиката не може да се седи на две столчиња. Или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција, порача вечерва во „Само интервју“ на Канал 5, лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Ставот на ЗНАМ, […]

За што се сомничи Димитровска од Антикорупциска во случајот „Адитив“: Оддавала службени тајни


  Веста дека претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е осомничена за вмешаност во случајот за набавката на адитиви за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ беше на нивото на шокантен политички настан ова попладне. Никој не можеше да разбере каква може да биде поврзаноста на жената која е на чело на комисијата чија задача е […]