СДСМ: Скандалозно лажење на Владата дека вработените јаделе на државна сметка!?


СДСМ го нарече шокантен одговорот на Владата по вчерашното објавување на сметките од над 30.000 евра што владините министри ги изеле и испиле во неколку ресторани во Скопје. Според Владата, тоа биле сметки од бифињата на министерствата, а не сметки за ручеци на министрите.   „Прашањето е – колку вработени јаделе и пиеле на државна […]

Левица: Економијата расте на хартија, сиромаштијата расте во реалноста


Додека власта си мери економија во проценти, народот мери со празни паричници и недостижна потрошувачка кошничка. Додека од една страна Мицкоски и неговите министри секојдневно зборуваат за позитивни трендови и раст на економијата, од друга страна  зголемената сиромаштија, ниските плати и растечките цени не претставуваат позитивен тренд за работникот, пензионерот, студентот, велат од Левица.   […]

Николоски раскажува македонски приказни за добра ноќ: Софија за Коридорот 8


  Софија денеска ги отфрли тврдењата на македонскиот министер за транспорт, Александар Николоски, дека бугарската страна не прави ништо за изградбата на Коридорот 8. „Ние испративме договор и каде е Николоски да го потпише“, изјави во петокот утрината бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, Гроздан Караџов. Во понеделникот Николоски во интервју за „360 степени“ рече […]

СДСМ: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина


СДСМ го коментира падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, што за нив е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.   -Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и […]

Уште еден пад на Македонија: Шест места подолу на Индексот за слобода на медиумите


  Македонија падна за шест места, од 36 на 42, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ) и е последна во групата земји каде ситуацијата е „задоволителна“. Во оваа група од регионот се уште само две земји – Словенија која напредувала за 9 места и е 33-та, и Црна Гора погоре […]

СДСМ: Колку чинат ескурзиите на Љутков во странство?


Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, коментира СДСМ околу престојоит на Љутков на меѓународниот настан ЕКСПО во Јапонија во многубројна делегација. -Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот […]

ДУИ и Вреди реагираат на одлуката на Уставниот суд за училиштето во Кондово


  Албанските партии реагираат по одлуката на Уставниот суд да ја укине одлуката за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово. Според уставните судии, ниту уставот, ниту кој било закон во државата не дозволува и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на […]

Дон Тимчо, Дон Филков, Дон Љутков… не запираат со трошење државни пари по ресторани, вели СДСМ


  „Верувале или не, во првите четири месеци од годинава, оваа власт потрошила над 30.000 евра во скапите скопски ресторани. Гозби, ручеци и вечери плаќале речиси сите министри, а сметките кои се достапни на ‘Отворени финансии’ се вчудоневидувачки. Одредени исплати се во вредност и по 3.000 евра“, објави денес на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка […]

Одржани први политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Азербејџан


Во Баку  денеска се одржале први политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан, предводени од замениците министри на двете земји, Зоран Димитровски и Фариз Рзајев. -Делегациите разменија мислења околу билатералните односи меѓу двете земји и можностите за нивно унапредување, притоа истакнувајќи ја потребата од заокружување на билатералната правна […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота


Политичката партија Левица денес преку соопштение тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота распоредени на атрактивни локации низ цела држава. „Кога ќе се погледнат добро 102-та имотни листа, во нив ќе се видат не само објекти, туку и шуми, ливади, пасишта, ниви!? Имајќи ја предвид нивната мегаломанска бела палата и […]

Касами: Ние не го избркавме Таравари, тој самиот отиде кај ДУИ


Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами, негира дека крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е „избркана“ од коалицијата „Вреди“. Тој во синоќешното гостување на ТВ „21“ рече дека „Таравари самиот излегол од коалицијата и заминал кај ДУИ“. – Секој што оди кај ДУИ, за да соработува со ДУИ, излегува, вели […]

Татјана Димитровска нема намера да поднесе оставка на чело на Антикорупциска


  По повеќедневен молк додека во јавноста беснееше бура поради нејзината осомниченост во истрагата за случајот „Адитив“ претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се огласи во јавноста со соопштение во кое жали за компромитирачката комуникација, но нема ни збор дека би можела да поднесе оставка. Таа објаснува како дошло до комуникацијата […]

Вреди прави пратеничка група без пратениците на Таравари


Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на Вреди со која досега раководеше Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, најавил за „Слободен печат“ висок функционер на Вреди. Со тоа расколот во Вреди веќе се рефлектира и во Собранието и очекувањата се дека ќе се формира нова пратеничка група на АА […]

Ниту останатите членови на ДКСК не сметаат дека треба да дадат оставка


Не се чувствуваме повикани да поднесеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност – вели заменик-претседателката и членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Каракашова-Шулев, во врска со повиците за оставки на членовите на ДКСК откако претседателката на Комисијата. Татјана Димитровска, се најде меѓу осомничените за случајот „Адитив“.Во однос на […]

СДСМ подготвува закон за поддршка на семејствата погодени од несреќата во Кочани


Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори. СДСМ јА започна постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Во таа […]

ЕПП избегна да го спомене проширувањето на ЕУ на конгресот во Валенсија


  Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Валенсија речиси и да не се обѕрна на проширувањето на Европската унија во неговите официјални документи, не само кон Западен Балкан, туку и кон Украина и Молдавија, туку повеќе се занимаваше со проблемите на одбраната на Унијата и проблемот со демографијата на континетот. Конгресот усвои 11 резолуција, […]

Експертот за Европа, Драган Тилев, наведува седум гаранции што треба да ги побараме од ЕУ


  Долгогодишниот врвен експерт за европски политики, Драган Тилев, вели дека би било многу тешко, но сепак возможно да се добијат некакви гаранции за предвидливоста на македонскиот пат кон ЕУ. Според Тилев, излезот е во проактивен однос кон барањето решение за излез од ќор-сокакот, креирање на позитивна клима и создавање на пријатели и поддржувачи за нашите […]

Министри и пратеници се редат во поддршка за Тошковски


  По отфрлањето на интерпелацијата за Панче Тошковски и особено по напнатата негова средба со дел од родителите на загинатите деца во Кочани во сала во МВР, пратеници, министри и партиски активисти на Фејсбук се редат во колони за поддршка за министерот за внатрешни работи. Додека вчера пратениците расправаа за интерпелацијата гневните родители на загинатите […]

Предлог законот за работно ангажирање лица на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика


Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на законот за работно ангажирање на лица, во второ читање, поднесен од група пратеници. За Предлог-законот поднесени се вкупно 24 амандмани. Тони Јаревски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во името на предлагачите, на 16 април на јавната расправа појасни дека […]

(Видео) Запален домот на Пандов: Се сомневам дека зад ова стојат криминалците!


Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани. – Опожарена е викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешан, потврдија од МВР . Од полицијата велат дека вечерва, во 18:45 часот во СВР […]