Родителите на настраданите од Кочани бараат чесна истрага, ќе одат и во Стразбур!


Родителите на трагично починатите деца во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани  испратија писмена изјава до јавноста со барање за целосна правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции.   „Оваа трагедија ја карактеризираме како масовно убиство и тешко загрозување на човековите животи и безбедноста, и бараме надлежните институции да […]

Муцунски пак ја искара ЕУ, бара да стави крај на билатерализацијата


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја изрецитира денес во Варшава, пред состанокот на ЕУ со министри од Западен Балкан, познатата позиција на неговата партија за прием на Македонија во ЕУ. Практично тој повторно ја искара ЕУ што дозволува нејзини членки да поставуваат услови за земјите кандидати и  даде задача – конечно да го реши […]

Филипче: Прашање на време е кога ќе се распадне владината коалиција


Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори наесен, по напуштањето на коалицијата Вреди на министерот за здравство, Арбен Таравари. Таравари и понатаму останува дел од Владата, но неговите следни чекори со внимание ги следат и од […]

ДУИ до ВЛЕН: Смеете ли да му поставите прашање на Мицкоски?


Демократската унија за интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во власта. -На јавна сцена тие се понижуваат себе си во обидот да му се допаднат на премиерот, кој од високо им дели лекции и им го покажува местото во коалицијата кое за нив тој го одредил, велат од ДУИ. […]

Апасиев потврди дека е во Москва – „место како некој во заден ред кај Трамп“


Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев е во Москва, Русија, за прославата на 80-годишнината од Денот на победата на фашизмот. Информацијата ја соопшти самиот на социјалните мрежи, а ја објави и поканата. -Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад, напиша Апасиев. Ова не е негово […]

Таравари: Не можеме да седиме на две столици


Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, кое е дел од власта, и министер за здравство, Арбен Таравари. Тој  додаде дека како партија не се заинтересирани тие да бидат наесен, но, ќе се подготват ако бидат […]

Димитриевски продал свое земјиште и му наплатил неверојатна цена на „Лидл“


Левица го нарече „главен архитект на урбаната мафија во Куманово“ градоначалникот Максим Дитриевски бидејќи го оставил својот „најскандалозен детален урбанистички план (ДУП) за крајот на мандатот, очигледно, стравувајќи дека нема да има шанса да го протурка по истекот на функцијата“.   -Станува збор за ДУП-от за урбаната заедница „Тоде Мендол“, каде што клучната парцела (првично […]

За ЕУ очекувањата на Мицкоски се „некредибилни“


Европската Унија ја губи довербата во премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи досега ниту видела ниту гледа дека тој е спремен за донесување на уставните измени, велат за „Слободен печат“ извори од Унијата. Според нив, лесно се стопила првичната доверба што ја имале во македонскиот премиер по ланските избори,а сега веќе се разочарани од неговите барања. Дури […]

Трошановски: Власта се обидува да издејствува пообјективен преговарачки процес за ЕУ


Не назадуваме, но на добар пат сме да почнеме да доцниме доколку Министерството за правда не ги поднесе, а Собранието најитно не почне да работи на нив, предупреди Марко Трошановски од Институт за демократија Социетас Цивили за бавното туркање на законите од Реформската агенда за кои рок за усвојување е веќе во јуни. Според него, […]

Милановиќ: Македонија не треба да се третира како „земја со посебни потреби“


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, порача денес од Скопје дека на Македонија треба да и се помага, но не треба да се третира „како земја посебен случај, земја со посебни потреби или земја со грешка“, туку како земја која има некои проблеми бидејќи некои не се согласуваат со некои работи зад кои стои таа. Сепак, […]

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во официјална посета на земјава


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пристигна во земјава. На скопскиот аеродром беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. – Во официјална работна посета на нашата држава, денеска престојува претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Во рамки на посетата, предвидени се повеќе активности и средби на високо ниво. Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните […]

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во посета на земјата


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавена прес-конференција на двајцата претседатели.  За време […]

Сиљановска-Давкова со поддршка за активностите на „Support Kocani“ и подготвеност за покровителство на проекти од значење за градот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на неформалната група на млади „Support Kocani“. -Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките […]

Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата


Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални […]

Ахмети не потврдува соработка со Таравари за изборите


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.  -Ова прашање сè уште не е дискутирано. Ќе бидат повикани сите партии од „Европскиот фронт“ и ќе […]

ДУИ ја смета Сиљановска за „етничка претседателка“


Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според која нема потреба од предвремени избори ако Владата има 61 пратеник, дури и доколку албански пратеници ја напуштат коалицијата. Според ДУИ, со тоа таа ја занемарува етничката рамнотежа и се позиционира на страна на Владата, што ја поткопува нејзината улога […]

ВЛЕН гарантира дека ќе имаме чист воздух!


ВЛЕН гарабнтираат дека же имаме чист воздух и здрава животна средина бидејќи, според нив, министерот Изет Меџити „визионерски“ и посветено работи на тоа. „Под визионерското и посветено управување на првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, надлежното министерство станува пример за радикална трансформација и модернизација на политиките за животна средина во земјата. […]

Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива


На маргините на десеттиот годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за прво претседателство откако земјата […]

Средбата помеѓу Мицкоски и Таравари заврши, одлука нема


Средбата што започна денеска во 17 часот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, заврши без конкретна одлука, но, како што информираат од Владата, во конструктивен дух. Од таму посочуваат дека разговорите ќе продолжат и во текот на овој месец, а […]

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го деградираше македонскиот јазик, Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на СДСМ  дека не се грижат за македонскиот јазик и не го почитуваат законот за него, оценувајќи дека токму тие како партија ги распродавале  националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, за да сега глумат загриженост. -СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за […]