Сиљановска: ЕУ без принципи е здружение за моќ


На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема. Вредностите и принципите се вградени во вашите конститутивни акти, дека ќе го почитувате културниот […]

Таравари отиде по рејтинг во Тирана


Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска оствари официјална средба во Тирана со премиерот на Албанија, Еди Рама, по последната победа на Социјалистичката партија на парламентарните избори, пренесува Zoom.mk. Преку објава на социјалните мрежи, Таравари сподели фотографија од средбата, придружена со описот: „Со најевропскиот премиер во моментов, или како што се вели насекаде во […]

Муцунски ќе отвора амбасада во Ријад


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска телефонски разговарал со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд. – Во разговорот ја нагласивме заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор го истакнав отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што […]

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка


Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во […]

Мицкоски: Очекувам предлог за министер за здравство


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува предлог за министер за здравство, за кој најавува дека ќе се проценува според квалификациите на кандидатот. Одговарајќи на новинарски прашања премиерот рече дека најдоцна до наредната недела до пратениците ќе бидат доставени имиња за членови на Владата, по повлекувањето на Арбен Таравари од АА и неговите кадри.   -Јас очекувам […]

Меџити: На балансерот му помина рокот


  Прв пат после 20 години една Влада имаше храброст да го отвори прашањето за балансерот и да го реши со закон за правична застапеност, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. Дваесет години, нагласи тој, каснат со тоа […]

Сиљановска очекува средба со Радев – Австрија се нудела како медијатор


Работата не е завршена додека земји од Унијата се нудат за медијација, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана за изјавата на претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта. Иако Кошта рече дека нема простор за што повеќе да се разговара, Сиљановска вели дека патишта за разговор постојат, откривајќи дека има понуди од Австрија и Обединетото […]

СДСМ се сомнева дека Александар Јанев бил незаконски назначен на чело на БЈБ


  Опозициската СДСМ денеска по информациите објавени во неколку медиуми и поднесената анонимна претставка до ДКСК го доведува во прашање назначувањето на Александар Јанев за директор на Бирото за јавна безбедност поради основани сомнежи за незаконитост на неговата диплома за магистерски студии на Универзитетот Скопје.   „Во неговата официјална биографија објавена на страната на МВР нема […]

Според Касами сега има и трета Алијанса за Албанците


 Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами, по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА), истакна дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. На новинарско прашање како ќе се постапуваа откако се формираа три крила на Алијанса […]

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајцата заменици министри


Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари и на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети и во Министерството за одбрана, Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа […]

Левица: Втор случај на осудени членови на партијата


Левица се жали дека членовите нѐ нејзината партија се под засилен притисок и дека деновиве е изречена судска казна за двајца од нив.  -Деновиве пристигна уште една пресуда на вмровското режимско судство, каде советници на Левица експедитивно се прогласени за виновни за клевета! Минатата година, Левица објави шокантни податоци за расфрлање со народни пари на […]

Ванковска: Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам?


Професорката и поранешен кандидат за претседател на државата, Билјана Ванковска со една реченица го опиша Договорот за стратешко пријателство со Велика Британија и заемот од 6 милијарди евра. Ванковска се сомнева во договорот на македонската со британската влада. -Од кога задолжување „до гуша“ кај Британците се вика суверенизам, па и уште знак за вклопување во […]

Уставен суд стави рамка на измените со кои се зголеми бројот на потписите за независните


Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Со тоа ќе им се овозможи на независните кандидати и граѓанските листи полесно да дојдат до потребниот број потписи, а не во […]

Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името


И Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за застојот во евроинтеграцијата и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо на тој план освен што се жали, ги обвини претходните партии на власт, а пред се СДСМ. -Ако се развлечеше договорот 2-3 месеци и се добиеше поголема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедеше 2/3 мнозинство и тој […]

Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена – на 20, 21, […]

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа во второ читање е на дневен ред на собраниската Комисија за локална самоуправа. Со  измените се предлага преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина. Клучните измени се однесуваат на транспаретноста и отчетноста на градоначалниците, советите и службите […]

Половина од британските инвестиции во Западен Балкан се во Македонија, вели Лосон


Како историски момент во билатералните односи меѓу Британија и Македонија го оцени стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија, британискиот амбасадор Метју Лосон. Тој потенцира дека околу половина од британските инвестиции во целиот Западен Балкан се во земјава, а оти договорот Влада со Влада ќе значи продлабочување на веќе воспоставеното економско и трговско партнерство. „Како […]

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“


Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го обвинуваше ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи за „продавање на македонскиот идентитет“ и велепредавство, сега одговори на новинарско прашање дали ќе покрене случај против него. Мицкоски рече дека тоа е работа на Обвинителството и дека тој нема намера лично да презема било какви чекори. „Ако некој треба да реагира, […]

Двајца заменици-министри поднесоа оставки и застанаа зад Таравари


  По неколкуте пребези од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари денеска доскорешниот министер за здравство доби поддршка со заминувањето на двајца заменици-министри. Оставки поднесоа заменик-министерот за земјоделство, Флакрон Беџети, и заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили. Во објава на Фејсбук, во која ја приложува и потпишаната оставка, Безети напиша: „Ова беше 10-месечен период […]

Кои држави имаат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство?


  Наспроти помпата со која беше објавен договорот за стратегиско партнерство на Македонија со Обединетото Кралство, во британските медиуми не може да се најде ни збор за него, ниту пак за шесте милијарди за кои сѐ уште не е јасно како ќе дојдат во државата  и од кого. Уште повеќе станува јасно дека договори како […]