Одлуката на Уставниот суд нема да ја промени Преговарачката рамка, вели Муцунски


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска изјави дека каква и да биде одлуката на Уставниот суд во врска со иницијативата за вториот протокол со Бугарија тоа нема да ја промени Преговарачката рамка со ЕУ. Прашан на денешната прес-конференција во Владата што доколку Протоколот падне и што тоа ќе значи за односите со Бугарија […]

И Мендух Тачи се „одлепува“ од ДУИ


Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, соопшти дека преговорите со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не довеле до резултат. Тачи изјави дека Собранието на партијата во недела ќе донесе конечни заклучоци за идниот правец на ДПА. Тој нагласи дека со жалење констатира дека разговорите со Ахмети не успеале и дека органите на партијата ќе го одредат […]

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се уште ги договараат заедничките кандидати за градоначаници


ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерењата на рејтинзите за кандидатурите за престојните локални избори, а кандидатите за градоначалници за преостанатите општини каде што досега не се номинирани ќе бидат познати во првата недела од септември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, крајниот рок за доставување на кандидатурите е 13 септември. Одговарајќи на новинарско прашање за соработката […]

Нов непотизам на власта: Сопругата на директорот на „Булмак 2016“ именувана за раководител на Агенцијата за пошти


Најновата епизода од непотистичката сага на ДПМНЕ е назначувањето на Марина Тоневска, сопругата на Тони Тоневски (директорот на рудникот „Булмак 2016“ и кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ДПМНЕ), за раководител на Агенцијата за пошти и ќе го регулира работењето на АД Пошта и други поштенски оператори. Станува збор за истото семејство кое управува […]

Ванковска за отсуството на Сиљановска околу Рамковниот договор: Ја бутна главата во песок или во вода?


  Професорката Билјана Ванковска излезе со критика до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, бидејќи не се огласи по повод 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. „Да бидеш во Охрид, токму на ‘местото на злосторството’, да си претседателка и да си тераш 12 август со деца , а да го прескокнеш/премолчиш 13-ти, во најмала рака е чудно. Или […]

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“ на ДУИ, на локалните избори оди самостојно


Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира дека органите на партијата донеле одлука на локалните избори закажани на 19 октомври да настапи самостојно. -Денес, како Демократска партија на Турците на Македонија, се обраќаме пред вас со одлука што ќе отвори ново и […]

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во Бугарија


  Има многу промени во начинот на кој е изготвен годинашниот извештај за човековите права на Стејт департментот, а кој се однесува за 2024 година. Не што неговото објавување доцнеше неколку месеци, туку што администрацијата на Доналд Трамп ги исфрли критиките за злоупотребите на човековите права во земјите кои се нејзини сојузници. Како да не […]

Билјана Ивановска со концептот 3 – 30 – 300 ќе го освојува скопски Центар


  „Независни заедно“ денеска ја промовираа Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, за нивен кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје. Симболично, Ивановска својата кандидатура ја објави пред фонтаната „Лотус“ на влезот од Градскиот парк. „Ќе се борам во општина Центар да внесам нови стандарди и вредности и посебно […]

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија


  Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со Бугарија, наиде на реакции во оваа соседска земја. Во недостиг на други аргументи  за одбивањето на актуелната македонска влада да ги исполни условите на ЕУ за продолжување на преговорите, се пропагира тезата дека Бугарија […]

Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година изгубило 130.000 гласови


ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи.     -Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да […]

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери


Продолжува праксата на делење тендери на компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ги обвинуваше дека се во криминална шема со СДСМ и ДУИ. Таков е случајот и со познатата битолска фирма ,,Марковски”, која само во последните 4 месеци од минатата година, од РЕК Битола добила тендери во вредност од 2,5 милиони евра, тврди Левица преку соопштение […]

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија


  Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска. Во наводите во […]

За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама


Алијансата за Албанмците ја нарече најголемата измама во историјата наводното вработување на над стотина здравствени работници во Тетовската болница „На министерот за здравство Азир Алиу му завршија лагите. Во последно време излегоа на виделина сите негови измами во врска со вработувањето на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово. Иако доби негативен одговор од […]

Мицкоски: Нема македонска или албанска иднина, има само заедничка


На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски, потсетувајќи на тешкото лето 2001 година, кога Македонија беше на работ […]

Партијата за движење на Турците бара нов изборен модел по мерка на помалите заедници


Партијата за движење на Турците – ТХП го поздравува историското значење на Охридскиот рамковен договор, кој постави основа за инклузивно општество и за зајакнување на правата на сите заедници.  Сепак, партијата смета дека е неопходно континуирано усовршување на неговата имплементација, со цел целосно остварување на неговите принципи, а посебно внимание да се посвети на помалку […]

Полицијата сега не ја интересира каде се печатите во Демир Хисар, тврди адвокатот на разрешената директорка


  БИТОЛА – Службените печати од Гимназијата во Демир Хисар, поради кои настана цела драма околу разрешувањето на директорката Маја Лозановска за цело време биле во сеф во просторија на училиштето. Ова за „Независен“ го тврди адвокатот на Лозановска, Жарко Стеваноски, велејќи дека „цела Македонија се крена за печатите, а сега полицијата не ја интересира […]

Мицкоски крои план да го спречи упатството на ДИК за независните кандидати


  Здруженијата и организациите на независните кандидати за локалните избори изгледа имаат право. Тие не ѝ веруваат на политиката и покрај одлуката на ДИК дека со ништо не може да бидат спречени нивните кандидатури и дека нема потреба да собираат потписи, па ја продолжуваат акцијата да се формираат како партија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави […]

ОЛАФ ја осомничил за измама, Владата ја постави за директорка во Еразмус, велат од СДСМ


  СДСМ соопштува како е можно Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја „враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми… која управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +“. Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ, денеска на прес-конференција изјави дека на на 1 август на местото в.д. директор на […]

Али Ахмети до Македонците: Албанците се за унитарна и еднаква Македонија


  Преку колумна во медиумот „360 степени“ лидерот на ДУИ испрати порака за смирување на неочекувано појавените меѓуетнички тензии, порачувајќи дека Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија. Ахмети го напиша текстот во пресрет на одбележување на Рамковниот договор и ова е негово прво вакво обраќање досега. „Соочен повторно со кампањи за оцрнување и […]

Македонски концепт ќе именува кандидати за градоначалници и советници преку јавен повик


Партијата Македонски концепт, која е дел од владеечката коалиција, распишува јавен повик за кандидати за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Повикот, според партијата, е отворен за сите граѓани на Македонија – без разлика на етничка или верска припадност, пол, образование или други убедувања.   „На локалните избори ја избирате иднината на вашата општина, […]