Димовски возврати: Декласифицирајте ги документите, Мицкоски не беше таргет на АНБ


Поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, возврати на тврдењата дека во негово време, додека раководеше со Агенцијата за национална безбедност, го прислушувал лидерот на тогашната опозиција Христијан Мицкоски и други лица.  „Го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушување на […]

Ахмети: Ако сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 со 15.000 војници


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, за време на вчерашниот говор во Чаир, зборувал за наводите што ги измислуваат, како што вели, дел од политичарите и нивните политики дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија. Ахмети нагласил дека ако Албанците сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени […]

Собранието ќе ја одржи новата 67. седница


Собранието денеска ќе ја одржи новата 67. седница, на чиј дневен ред се вкупно 23 точки. Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за дополнување на Законот за домување, Предлог на […]

Во ЕУ ќе влезат оние земји чии лидери се посветени на членството, порача Марта Кос од Бледскиот форум


  Западниот Балкан секогаш е голем дел од Бледскиот стратешки форум, регионот се смета за клучен за зачувување на геополитичката тежина на ЕУ. Во Блед во 2023 година, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, даде ветување дека ЕУ ќе биде подготвена да прими нови членови од регионот до 2030 година. Гледајќи го ветувањето две години […]

Османи од Чаир: Изборната трка станува движење за отпор


  Во мобилизирачко обраќање пред над 600 членови и поддржувачи во Чаир, кандидатот за градоначалник Бујар Османи порача дека изборната трка добива многу пошироко значење од обична политичка кампања. „Овде се создава народно-општествено движење на отпорот и надежта“, истакна Османи, обраќајќи се пред полна сала во Чаир. Според него, ова движење е одговор на исклучувањето, […]

Партијата нa пензионери не се откажува од соработката со СДСМ


  Членството е поделено, раководството е на два различни пата. Откако Извршниот одбор на Партијата на пензионери неодамна донесе одлука за коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ дел од нејзиното раководство на централно и локално ниво, денеска на прес-конференција објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер СДСМ. „Со СДСМ делиме […]

Николоски бара истрага за наводно прислушување на Мицкоски од страна на АНБ


  Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата. „Во опозициските денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, […]

Муцунски до Филипче: Преговорите со ЕУ никогаш не почнаа


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека преговорите со ЕУ никогаш и не почнале за да бидат блокирани. Тој со тоа му реплицираше на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој изјави дека Муцунски зборова само за роаминг и ништо друго. „Венко Филипче денеска повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се […]

Филипче: Министерот за надворешни место за ЕУ зборува за роаминг


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини владата дека со изговори и недејствување ја блокира европската иднина на земјата.  „Ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од целата Европска Унија, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со Европската Унија. Едно […]

Муртезани во Данска на состанок на министрите за европски прашања


Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на 1 и 2 септември 2025 година ќе учествува на неформалниот Состанок на Министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија. На состанокот, Министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, […]

Неформална средба на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и кандидатите за членство во Копенхаген


 Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген.  Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата […]

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори


На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври.  Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 […]

Седници на неколку собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67. пленарна седница, прва по официјалното завршување на годишиот одмор на пратениците.   На дневен ред на Комисијата за финансирање […]

ВРЕДИ и ДУИ во трка за гласовите на младите во Чаир


ВРЕДИ и ДУИ денеска во јавноста презентираа проекти за младите во Чаир. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:  Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за […]

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето


 Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата, да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап […]

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог


Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси […]

Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје


Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание, стои во соопштението на СДСМ. Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење. Шукова, посочуваат од СДСМ, ги сослуша приоритетите на граѓаните, и […]

Османи од Чаир: Поддршка за самохрани мајки, жени во ранливи категории и претприемачки


Под мотото „Жените ја движат промената“, денес во Чаир беше претставен пакет мерки кој, според кандидатот за градоначалник Бујар Османи, отвора ново поглавје на реална грижа и поддршка за жените – вистинските хероини на секојдневието. Османи истакна дека Фондацијата „Раката на Чаир“ ќе биде основата на овој пакет и ќе обезбедува финансиска и социјална помош […]

Мицкоски ја отфрли идејата на Филипче за резолуција за „црвените линии“ на Македонија


Она што е неопходно за граѓаните и за Македонија е прецизна политика, јасна перспектива во битката со аргументи, создавање сојузници, објаснување на нашите тези. „Нашата позиција како Влада ја знаете. Не треба да ја повторувам, така што тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото, коешто е поразено. Имаме иднина која што е иднина […]

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на Филипче инвеститорите не доаѓаа, бегаа! Тој пак тврди дека странските инвестиции се преполовени


Венко Филипче денеска повторно држи лекции за економија. Иронијата е дека човекот што летуваше на јахти додека народот едвај преживуваше, сега зборува за „достоинство“ и „развој“, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на ставовите на Филипче. „Во негово време, инвеститорите не доаѓаа, бегаа. Македонија ја гледаа како држава заробена во корупција, рекети и фантомски фирми. Единствениот […]