Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата


Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Тетово на прес-конференција оцени дека сега стануваат втора политичка сила во државата со оглед на добиените општини. Башким Бакиу од изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ рече дека со ова конечно се заокружи промената кај Албанците. -ВРЕДИ постигнаа убедлива победа речиси во сите општини каде што бевме во втор круг. […]

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата и во вториот круг, колапс на ДУИ


  Резултатите од вториот круг на изборите за градоначалници во Македонија се надоврзаа на гласањето од пред две недели. Во загрижувачки мала излезност од 40-ина отсто кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ добија уште дузина градоначалнички места и тоа оние во коишто стави најголем влог – во скопски Карпош, во Кичево и во Брвеница. И во главната битка, […]

(Во живо) Мицкоски: Вечерва не славиме против никого, славиме за Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес-конференција по повод вториот круг од локалните избори 2025 година истакна дека резултатите ја покажуваат силната волја на граѓаните за промени и обединување, а како посебно значајна ја издвои победата во Кичево. „Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето […]

Орце Ѓорѓиевски победи во Скопје со најмалку гласови во 20 години


  Скопје ја доби најтенката победа во новата историја на градот: Орце Ѓорѓиевски е избран за градоначалник, но со најнизок апсолутен број гласови споредено со скопските победници во последните дваесет години. Паралелно, Амар Мециновиќ ја испорача најголемата промена во вториот круг — ги удвои гласовите во однос на првиот круг — и од речиси симболична […]

Илија Тентов е нов градоначалник на Дојран


Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е нов градоначалник на Дојран по одржаниот втор круг од локалните избори во оваа општина. Според партиски ивори, Тентов освоил околу 500 гласови повеќе од кандидадот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев. Тентов на неговиот фејсбук профил се заблагодари за довербата […]

Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева


 Неготино ја доби првата жена градоначалничка  – Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.  – Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик […]

„Вреди“ го доби Дебар, Фисник Меља прогласи победа во трката за градоначалник


Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на „Вреди“ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат. Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен […]

Герасимовски објави победа во Центар


Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Центар, потврдувајќи ја победата на кандидатот поддржан од СДСМ.Со обработени 88,90% од гласовите (71 од 78 избирачки места), резултатите се: Горан Герасимовски (СДСМ) со  52,82% (9.877 гласа) и Мирослав Лабудовиќ (Движење ЗНАМ) со  38,34%(7.170 гласа). „Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на […]

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат


Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.  Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат. -Граѓаните го кажаа своето мислење […]

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Кочани


Општина Кочани го доби нов градоначалник по вториот круг од локалните избори штп се одржаа денеска. Станува збор за Владко Грозданов, кој беше кандидат на  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој обезбеди убедлива победа. По обработени 100 отсто од гласачките места, Грозданов освои 52,71 отсто од гласовите, или 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат, Венко […]

Во Зрновци 11 гласа ја одлучија победата на кандидатот на СДСМ


  Најдобар доказ дека на избори секој глас е важен е општината Зрновци каде вечерва за само 11 гласа разлика победи Ванчо Митев. Зрновци покрај Центар е општината која ја добија со сигурност опозиционерите.    Митев, кој е кандидат на СДСМ, од обработени 100 проценти од гласовите, освои 690 гласа наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ […]

Менди Ќура прогласи победа во Струга


Кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура, поддржан од „Вреди“, прогласи победа во вториот круг на локалните избори, и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Во обраќањето вечерва пред неговите поддржувачи, тој рече дека има предност пред против кандидатот, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција со околу 500 гласови, што според него […]

Орце прогласи победа и помина под Триумфалната капија (Видео)


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.Се очекува голема разлика во однос на гласовите на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ. Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери, по што се упати кон […]

Венко Филипче: Освоивме три општини, се соочивме со неверојатни притисоци (Видео)


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва им честиташе на граѓаните и на новоизбраните градоначалници, со порака дека партијата „има победа во Центар, Македонска Каменица и Зрновци“ и дека очекува уште неколку општини да им се приклучат по целосната обработка. „Им честитам на сите градоначалници кои добија мандати“, рече Филипче, најавувајќи дека „следуваат промени во нашите […]

Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.  Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски […]

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски


Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталто на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата […]

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа


Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината. !Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук. „Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави […]

СДСМ ќе го порази ЗНАМ: Герасимовски пред Лабудовиќ во Центар


Кандидатот за градоначалник во Центар од страна на СДСМ, Горан Герасимовски, води пред заедничкиот кандидат на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ , Мирослав Лабудовиќ.  Според податоците што ги објави ДИК од пребројани 37 отсто гласови води со 6.500 гласови пред Лабудовиќ, кој засега има 4.400 гласови. Ако остане овој тренд Герасимовски ќе победи со над 51 отсто […]

Првични неофицијални резултати: Ѓорѓиевски води двојно пред Мециновиќ


Првите неофицијални резултати покажуваат дека кандидатот за градоначалник за Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води пред кандидатот на Левица, Емир Мециновиќ. Според овие првични бројки од досега пребројаните 54 отсто од гласовите Ѓорѓиевски освоил 44.991 гласови, додека Мециновиќ – 22.082 гласови, практично двојно помалку.  ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека ќе оствари голема победа во вториот изборен круг, а […]

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови


Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. „Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни […]