Мемов од ЗНАМ го обвинува ВЛЕН дека го изиграл ВМРО-ДПМНЕ во Скопје


Портпаролот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Никола Мемов, во објава на својот фејсбук профил упати критики до коалицијата ВЛЕН со која се дел од владиното мнозинство.Мемов, кој е и директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, смета дека ВЛЕН ја изиграле владејачката ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат […]

Евроамбасадорот Рокас ќе го презнтира извештајот на ЕК во Собранието


 Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на Република Северна Македонија од Европската комисија. Извештајот ќе биде презентиран од страна на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства […]

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.  Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите […]

Утврдени тројца нови пратеници што ќе ги заменат оние кои станаа градоначалници


Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници. Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница. Како што посочи […]

Гласаа за Мециновиќ, а Левица уште првата вечер одврати многу од гласачите на СДСМ


  Кога добриот резултат ќе се претстави како триумф, тогаш и однесувањето во тој „триумф“ станува специфично. Чудно, па и политички хазардерско. Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, е еден од победниците на овие локални избори, иако тој ја загуби трката. Тој изгуби со 34.000 гласови разлика од Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ), иако […]

Според ОБСЕ, изборите беа добро организирани и конкурентни, но не и демократски


  Делегацијата на набљудувачите на ОДИХР, која го следеше вториот круг на изборите во Македонија, излезе со суптилна оценка околу изборите, дека биле добро организирани, мирни и конкурентни, но никаде јасно не ги оценува – како демократски. Според нивните наоди, иако има техничка рамка за да бидат такви, остануваат „бројни недоследности и празнини, особено во […]

Русопулос од Советот на Европа ја пофали визијата на Киро Глигоров


  Вашиот напредок е значителен и извонреден. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порача денеска претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој е во посета на земјава. Пред пратениците во македонското Собрание, Русопулос рече дека во изминатите […]

Пофалби за Црна Гора и Албанија, за Македонија малку оптимизам во извештајот на ЕУ, пишува „Политико“


  Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за Црна Гора и Албанија, малку новости ќе има за Македонија и БиХ, а ќе бидат напишани многу остри зборови за Србија. Бриселски „Политико“ дава преглед што може да  претстави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во извештаите. Според „Политико“, Кос […]

Социјалдемократи го повикуваат Филипче кадовските промени да ги почне од Битола


  БИТОЛА – Социјалдемократи од Битола го повикуваат претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кадровските промени да ги почне од Битола. „Одговорност за изборниот пораз во Битола мора да има“, вели членот на Централниот одбор на СДСМ,  битолчанецот Зоран Стојчевски. СДСМ Битола на локалните избори освои 5 мандати на советници со околу 5.400 гласови, а кандидатот […]

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

Филипче најави кадровски промени во СДСМ по изборите


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој истакна дека изборните резултати се јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство. – Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како […]

Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски


До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и […]

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, „Вреди“ 9, СДСМ 6, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати


Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата „Вреди“ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден […]

Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја!


Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево […]

Мицкоски по победата над Рамадани: Во Брвеница славиме за Македонија како пример на соживот, ред и напредок


Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако од Скопје вечерва замина за Брвеница да му ја […]

Ахмети не гледа пораз туку зајакната доверба кај гласачите


По вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека НАИ ги добила гласовите на народот и на општините со над 23.000 гласови, сметајќи ја оваа победа за морален и политички мандат да се продолжи со работа пообединета, подисциплинирана и попосветена на граѓаните, пренесе Коха. „Победата на народното и општинското гласање, со […]

Горан Стојковски-Диро: Освоените гласови нѐ обврзуваат, советниците ќе ги бранат интересите на кумановци


Независниот кандидат за градоначалник за Куманово, Горан Стојковски-Диро ја честиташе победата на противкандидатот Максим Димитриевски. Тој кажа дека и покрај резултатот е горд на живата, креативна, инспиративна, најчесна кампања досега воопшто забележана во Куманово и најави дека советниците ќе ги бранат интересите на Куманово. – Да му посакам успех во понатамошната работа, затоа што успех […]

Орце прво ќе се заблагодари на Мицкоски, па ќе почне да чисти


„Откако ќе го земам уверението ви ветувам дека макотрпно ќе работиме да ги исправиме работите во Град Скопје. Но, ќе ми дозволите да му се заблагодарам најпрво на претседателот Христијан Мицкоски“. Ова беа првите зборови на новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од бината пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. „Скопје е вистински обединето и […]

Апасиев контра Мицкоски: Курбан отиде цела Западна Македонија


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ. „По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете […]

Јовановски ветува ново, чесно и работливо граѓанско водство во Кичево


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вечерва прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Кичево. Тој им се заблагодари на сите за поддршката. – Разликата во гласови е голема. Но, сосем доволно да легитимира едно градско водство. Едно ново, чесно и работливо граѓанско водство. Благодарен сум им на сите што се тука, на сите […]