Најмногу дожд во Претор и Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините


Најмногу дожд денеска до 16:30 часот наврна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во […]

Куче држано две години во мал бокс, без вода и на сув леб


По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови. Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од […]

Аеродром ја исчисти локацијата на поранешен „Мекдоналдс“, фактурата ќе им ја достави на сопствениците


Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, соопшти утрово Општина Аеродорм.   Оваа акција доаѓа по текстот на „Независен“ во кој укажавме дека тој објект ја нагрдува сликата на општината.   „Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена […]

Истече хемиска пена на булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба – најавени најстроги казни за фирмата


Синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека за нив веќе претходно преземале мерки. „Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа […]

Недела на италијанската кујна во Скопје


Со ексклузивен мастерклас посветен на уметноста на сицилијанското слаткарство, што ќе биде предводен од познатиот слаткар маестро Лило Дефраја, денеска во Скопје почнува 10. издание на Неделата на иатлијанската кујна, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Италијанската Трговска Агенција. Фокусот ќе биде ставен на сицилијанските слатки кои се автентичен симбол […]

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја […]

Затворено нелегално градилиште во Визбегово


Надлежните најавија бескомпромисна битка со урбаното дивеење, потврдувајќи дека веќе е започната постапка за уривање на објектот, а инвеститорот ќе се соочи со сериозни правни последици. Градежниот инспектор денеска излезе на терен и по извршениот увид, констатираше дека станува збор за дива градба.   Градилиштето е веднаш затворено со лента, а градежните работи се стопирани. […]

Нула комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром


Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон […]

Лошото време во Скопје ја сопре жичницата на Водно


Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираа од ЈСП „Скопје“. Како што велат оттаму, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници […]

Без струја дел од село Буковиќ и ул. „Струшка“ во Карпош


 Корисниците на ул. „Струшка“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија. Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од горниот дел на село Буковиќ во општина Сарај. 

Започна целосна реконструкција на „Фрањо Клуз“ во Аеродром


Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром. „После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на […]

Почна изградба на градинка во близина на зградата на „Мерцедес“


Почна изградбата на нова детска градинка во Маџари Триангла, општина Гази Баба. Како што беше кажано на настанот, оваа нова градинка ќе има капацитет од 150 деца, што ќе овозможи поголема достапност на предучилишно образование и грижа за најмладите. Објектот ќе биде изграден на површина од 1.360 квадратни метри, сo 10 занимални, две јасли и […]

Авто-школите поскапуваат за неверојатни 40 отсто


Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар.  Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари […]

ЗХГ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е да си вработат партиски кадри како инспектори што ќе казнуваат за фрлање ѓубре


Ѓубрето нема да се намали ако се намали времето во кое смее да се фрла. Очигледно е дека за новата градска администрација контејнерите повеќе загадуваат отколку индустријата и дека приоритетот е да се удри по џебот на граѓаните, наместо да се удри по мултимилионските титански загадувачи, реагираат од Зелен хуман град, на одлуката ѓубрето од […]

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај


 Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без струја денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“, во Општина […]

Ѓорѓиевски му го покажа Скопје на Мицкоски , сега личело на метропола


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема […]

Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа


Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа. Градот […]

Дел од општина Карпош утре без вода


Без вода утре од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ – Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Герасимовски: Продолжуваме со редовно миење на улиците за чист и безбеден Центар


Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ“ ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека редовното миење на улиците придонесува за намалување на загадувањето со ПМ-честички […]

Во Аеродром ќе се сади дрво за секои 10 метри квадратни новоградба


  Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во градот. Според правилото, за секои 10 м² новоградба, на јавните површини ќе се засадува еден нов садник. „Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, […]