Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври


Општина Кисела Вода денеска  уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата […]

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен


Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари.   -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба […]

Скопје е најголем загадувач на Вардар, затоа треба да се доврши колекторскиот систем и пречистителната станица


Само преку активна и посветена вклученост на сите засегнати страни ќе го заштитиме од загадување и нерационално користење сливот на реката Вардар и ќе изградиме одржлив и ефикасен систем за управување со сите подземни и површински води во државата, е главната порака од настанот „Денови на Вардар 2025“. Преку дискусии, работилници и тренинзи, првиот настан […]

Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци


Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје и тоа на затворање на ударните дупки на коловизите, а паралелно се редат столпчиња, со кои ќе се отворат тротоарите за движење на пешаци, а не да бидат паркинзи за автомобили. „Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на […]

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование. „Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од […]

Со 70.000 евра новогодишно ќе се украсува Скопје – 13 метарска елка, светлосни декорации…


Скопје одвојува 70.000 евра за празнично украсување и новогодишна програма. Нови декорации, елка од 13 метри и големи светлосни инсталации ќе го разубават градот оваа зима. Градот Скопје и годинава влегува во трка со времето за да успее навреме да го подготви главниот град за празничниот декор кој традиционално се поставува во декември. Само пред […]

„Комунална хигиена“ ги едуцираше стопанствениците за одлагање на отпадот


Во текот на минатата седмица, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот. Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот […]

Без струја село Јаболци и Горно Нерези


Без електрична енергија денеска од 09.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од цело с. Јаболци, во општина Сопиште, информира РЦУК Скопје. Струја од 11.00 до 15.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош.

Без вода ул. „Георги Казепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров


Поради дефект на ул.„Георги Казепов“ бр.16 во населба Ѓорче Петров денеска во 14 прекинато е водоснабдувањето на корисниците на дел од ул. „Георги Газепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“. ЈП „Водовод и канализација“ Скопје најави дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар


– Без електрична енергија денеска од 09.00 до 15.00 часот ќе биде дел од ул.„Партение Зографски“ од крстосницата со ул.„Рилски Конгрес“ до бул.„Тодор Александров“ во општина Центар, информира РЦУК Скопје. 

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири […]

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје


Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат. Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е […]

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 […]

Скопје со 55 милиони евра ќе се трансформира во Европска престолнина на културата за 2028, вели Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. […]

Љутков од Брисел: Одблокиран е проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел остварија работна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф. Главна тема на средбата беше проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, при што делегацијата го информираше еврокомесарот Микалеф за моменталната состојба, предизвиците и неопходните чекори за негово понатамошно унапредување. Министрите Љутков и Муцунски, заедно […]

Љутков, Муцунски и Ѓеорѓиевски во Брисел: Презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.  Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

Есенска акција за почиста Гази Баба


Денеска од Автокоманда започна големата есенска акција на ЈКП „Гази Баба“ за чистење и уредување на јавните површини. Во рамки на акцијата се чистат улиците, се кастрат дрвјата, се собираат лисјата, се уредуваат зелените површини и се подига комуналниот отпад. Со акцијата, вработените во комуналното претпријатие ќе придонесат за чистите улици, уредени паркови и одржувани […]

Муцунски и Љутков и Ѓорѓиевски на презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ во Брисел


Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

Над 1.000 предмети за данок на имот, на промет, наследство и подарок ќе стигнат на адреса на скопјани


Во текот на денешниот ден,  градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потпишал вкупно 1.032 предмети од данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и решенија за комунална такса за фирмарина.   „Станува збор за предмети од сите правни основи, за кои отсега ќе стане пракса да се изработуваат со забрзано и уредно темпо. […]

ЈСП демантира дека имало заглавени на скопската жичарница


ЈСП испрати демант во вврска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно. Според Јавното сообраќајно претпријатие на денешен ден не бил  евидентиран  таков настан, ниту настан од сличен карактер. „Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги […]