Автомобил заврши во реката Треска, нема повредени


Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦУК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало од пат и завршило во реката Треска, во близина на езерото Матка. -Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви, велат од ЦУК. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно […]

Дополнителни 12 милиони евра за чистење на малата депонија на ОХИС


Денеска беше потпишано продолжување на договорот за партнерство меѓу Владата на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Продолжувањето на договорот обезбедува дополнителни 12 милиони евра финансиски средства, обезбедени од Владата преку Генералниот секретаријат на […]

Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар


Со богата програма за најмладите почна предновогодишното расположение на Боемска. Во утринските часови децата уживаа во настапите на училишните хорови и Златните славејчиња, како и во магични шоу изведби. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а градоначалникот Горан Герасимовски им упати топли честитки за претстојните празници, информираат од Општина Центар. „Овие моменти се посветени пред се […]

Игор Станишев најдобар пожарникар, Кристијан Стефановски најдобар полицаец во Скопје


Игор Станишев е прогласен за најдобар пожарникар, а Кристијан Стефановски најдобар полицаец во Скопје.  Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на градот за 2025 година. Со оваа свеченост се оддаде признание на исклучителните луѓе чија посветеност, храброст и човечност го прават Скопје поубаво и посигурно […]

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер


Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе […]

Без струја неколку улици во Скопје


Без струја денеска од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата 27 во Белимбегово и од 9 до 15 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија во општина Илинден. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека без електрична енергија во периодот од […]

„Вечер под ѕвездите“ – голема предновогодишна забава во Центар


Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи утре, 29 декември, на Боемска 1, во Дебар Маало. „Ветувам добро и незаборавно расположение. Подготвивме богата програма за сите генерации – од утринските, па сè до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на […]

Маџир Маало утре од 10:30 часот без вода


Поради изведување на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од н.Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.

Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)


Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 11-тата Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз  трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации. Како што соопштија организаторите „Прв до врв“, сите […]

Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар


Бистата на народниот херој Вера Јоциќ била украдена од Градскиот парк во скопската Општина Центар, соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР). Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од Владата на РСМ. Според полицискиот билтен, завчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено […]

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка


 Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6  степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, […]

Усвоен буџетот на Општина Аеродром за 2026 година


Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром што МИА го пренесува […]

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени


Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен […]

Сите најавуваа, Герасимовски ќе спроведе „Центарска картичка“


„Центарска картичка“, со која се зголемува поддршкате за пензионерите и семејствата, ќе се воведе во општина центар, а со неа ќе се добиваат попусти во театрки, музеи, козметички самони, галерии, здравство, но и при купување велосипеди, мода, храна и друго. „Воведуваме центарска картичка како дополнителна услуга за жителите на Општина Центар, но и како директна […]

Град Скопје ќе го субвенционира ЈСП „Скопје“ со 920 милиони денари


Град Скопје во претстојната календарска година ќе одвои рекордни 920 милиони денари субвенции за ЈСП Скопје. Со оглед дека јавниот превоз во главниот град веќе подолго време функционира со потешкотии, во Буџетот на Град Скопје за 2026 година се предвидени рекордни средтва за субвенции. Ова го потврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вчерашната седница на Советот […]

Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери!


Жителите на Општина Кисела Вода добиja можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откакo беа поставени контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека […]

ДОМ: Дислокација на УСЈЕ би траела со години – на Скопје му треба чист воздух веднаш


ДОМ, како одговорна зелена партија, предупреди на реалноста: дислокацијата на капацитет како „Усје“ е исклучително сложена правно-финансиска операција која дури и да започне веднаш би траела со години, се наведува во партиското соопштение. Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поздрави Одлуката на Советот на Град Скопје за поднесување иницијатива за дислокација на тешката индустрија, но […]

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од Скопската котлина


На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина. Со заклучокот, кој беше изгласан од советниците со мнозинство од 41 глас „за“, градоначалникот на Град Скопје се задолжува […]

Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол


Празничниот дух веќе се чувствува, а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул. „Ванчо Мицков“ бр.39. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.