Помош за семејството во Скопје чија куќа изгоре на првиот ден од јануари


Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година. Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство […]

Град Скопје: Пријавете бадникови огнови на бројот 193


Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се избегнат групирање на лица поради пандемијата со корона вирусот, како и со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Македонија за […]

Градски автобуси по неделен возен ред за празниците


  Од ЈСП „Скопје“ инфпормираат дека утре, среда (6.01.2021 год) и четврток (7.01.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Утре, среда (6.01.2021 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во […]

Дури 150 семејства во социјален ризик добија пакети со храна во Центар


  Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.  И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот. Оваа активност […]

ОУ „Киро Глигоров“ во потесен избор за наградата на ЕУ за современа архитектура


Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ влезе во потесен избор за наградата на Европската Унија за современа архитектура, „Мис ван дер Рое“ за 2022 година. – Ми претставува особена гордост и задоволство што нашето најубаво и најмодерно основно училиште, „Киро Глигоров“ влезе во потесен круг за наградата на ЕУ за современа архитектура Мис за 2022 година. […]

Ќе се гради општинска зграда во Аеродром, објавен конкурс за идејно решение


  Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда. Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината, сметаат оттаму. Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории […]

(Галерија) Водно го понуди својот раскош – скопјани уживаа во убавото време


Првите два дена од Новата година беа сончеви, па скопјани поитаа на падините на Водно да прошетаат во природа. По година помината со карантин, ограничување на движењето, седење дома по препорака на здравствените власти, но и задолжително носење маски и на отворено, како заштита од пандемијата од корона вирус, жителите на главниот град, имаа можност […]

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти, вкупно се лекуваат 356 лица


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и […]

Град Скопје му додели 20 илјади денари на првото бебе што се роди во 2021


Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете. Првото родено бебе, поради протоколите за корона вирусот денеска на Клиниката за гинекологија го посети само […]

Известување од ЈП Водовод и канализација за работењето по Нова Година


Водовод и канализација – Скопје во пресрет на новогодишните празници ги известува корисниците дека на 2 јануари шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај нема да работат. За евентуални потреби граѓаните треба да се јават на бројот 02/3073 010, или да пратат мејл на [email protected].  -Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и […]

Град Скопје ќе даде помош од три милиони денари на настраданите од катастрофалните земјотреси во Хрватска


Два милиона за Петриње и еден милион денари за Загреб е сумата која Град Скопје ќе ја испрати како помош за настраданите од катастрофалните земјотреси во овие два града во Хрватска во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. Од Град Скопје информираат дека Одлуката за давање помош, Советот ја донел на денешната […]

Продолжен годишниот студентски билет за јавен градски превоз


Со цел избегнување на поголеми групирања и турканици, годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавниот градски превоз е продолжен до крајот на февруари следната година, информираат од ЈСП. Оваа одлука е донесена по барање на Универзитетското студентско собрание за продолжување на рокот со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, односно поради потешкотиите при обезбедување […]

Еко-играчки и дидактички материјали за градинките во Карпош


  Играчки изработени од еко – материјали и нови дидактички материјали добија сите градинки на територија на Карпош. Станува збор за опрема која допoлнително придонесува за развој на когнитивните вештини кај најмладите, полесно да спознаваат појави и процеси. Исто така, новите играчки ја подобруваат моториката кај нив и ги поттикнуваат младите на двонасочна комуникација. Играчките […]

Во Центар бесплатен паркинг за новогодишните и божиќните празници


Бесплатен ќе биде паркингот за време на божиќните празници на сите отворени и затворени паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на општина Центар. -По повод претстојните новогодишни празници Ве известуваме дека на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, катната гаража до […]

Јавниот превоз во Скопје на 1 јануари по неделен возен ред


Јавниот превоз во петок, 1 јануари, ќе се одвива по неделниот возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Сите билетарници и центри за персонализација утре ќе работат до 17 часот. Во петок билетарниците нема да работат, а во сабота ќе работат вообичаено. Од […]

Двајца ученици избркани од средното „Владо Тасевски“ поради сексуални навреди кон професорка


Скандалозни сексуални навреди упатени од ученик кон професорка, доведоа до бркање на две млади момчиња од средното скопско училиште Владо Тасевски – ПТТ . Еден од учениците, незадоволен што треба да вклучи камера при испрашување, почнува да упатува навреди кон професорка, која пак решава да му стави единица за полугодие и да го пријави случајот […]

Новогодишни пакетчиња од Град Скопје за социјално ранливи категории деца


Со желба за многу среќа и здравје во 2021 година, Град Скопје додели пакетчиња за социјално ранливи категории деца од институции кои традиционално ги помага. – Во пресрет на новогодишните празници, 250 деца добија новогодишни пакетчиња од Град Скопје. Сто пакетчиња им беа доделени на децата од Дневен центар за деца на улица, а 49 […]

Антикорупциска: Во комисиите за планот Буњаковец 2 има и луѓе кои се сопственици на земјиштето. Општина Центар мора да ги замени


Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука со која му укажува на Советот на Општина Центар да го укине донесениот заклучок и да донесе нов заклучок за членовите на комисиите, кои работат на изборот на идејното урбанистичко решение за Буњаковец 2, односно локацијата на фабриката „Треска“. Предметот, како што посочи претседателката […]

Зоолошката градина Скопје на прагот да стане членка на ЕАЗА


Изминатите две и пол години, Скопје ЗОО доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки (ЕАЗА), информираат од Зоолошката градина Скопје во нивниот отчет „Две и пол години Европска зоолошка“. Во […]

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела


Минатата недела, на територијата на Општина Центар, се санкционирани 187 непрописно паркирани возила, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Како што стои во соопштението, во периодот од 21 до 27 декември 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, се отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се […]