Мециновиќ вели дека состојбата со ѓубрето во Скопје е апсурдна


  Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска изјави дека состојба со отпадот во градот е „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“. Мециновиќ оцени дека ситуацијата со преплавувањето со отпад и колапсот на комуналните претпријатија е резултат на крахот на локалната власт, која во последните четири години била под контрола на …

Мециновиќ вели дека состојбата со ѓубрето во Скопје е апсурдна Read More »

Набљудување на две комети вечер од Козјак


Скопското астрономско друштво, ги кани сите заљубеници во астрономијата, вечерва на козјак, каде ќе постават телескоп и ќе може да се набљудуваат кометите Лемон и Свон.   Скопското астрономско друштво ќе постави телескоп во близина на ресторанот „Аурора“ кај браната Козјак, на околу 40 километри јужно од Скопје. Телескопот ќе биде поставен на приближно 100 …

Набљудување на две комети вечер од Козјак Read More »

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво. Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат …

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти Read More »

„Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето


Првата линија од проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а нашата идеја e да воспоставиме редовен сообраќај на три линии – истакна во денешното гостување во Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.   „Идејата на проектот ‘Градски воз’ е постојаната железничка инфраструктура да се …

„Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето Read More »

  Diamond Mall слави роденден со хуманитарен концерт и донаторски настан за „Лајка“


Од 20 до 25 октомври во просториите на Diamond Mall е отворена Зона за донации, каде што сите посетители што сакаат да се вклучат во хуманитарните активности што трговскиот центар ги организира по повод својот втор роденден, можат да остават храна и опрема за бездомните животни. Собраните донации се наменети за поддршка на активностите на …

  Diamond Mall слави роденден со хуманитарен концерт и донаторски настан за „Лајка“ Read More »

Излетал камион кај клучката Хиподром – сообраќајот во прекин


Поради излетано товарно моторно возило на клучката Хиподром на патниот правец Скопје – Куманово, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ. „На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано ТМВ на патот, собраќајот е во прекин“, стои во објавата на АМСМ.

Герасимовски: Ги мобилизираме сите служби и ресурси во Општина Центар и на ПОЦ!


Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување кадешто се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Тој потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ. „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ …

Герасимовски: Ги мобилизираме сите служби и ресурси во Општина Центар и на ПОЦ! Read More »

Герасимовски свика итен состанок на Штабот за заштита и спасување поради ѓубрето


Во тек е итен состанок на Штабот за заштита и спасување кадешто носиме одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Градот Скопје денес се соочува со сериозна еколошка криза. Целиот град е затрупан со отпад, што веќе не е само хигиенски, туку здравствен и епидемиолошки проблем. Оваа состојба е крајно алармантна! Не може …

Герасимовски свика итен состанок на Штабот за заштита и спасување поради ѓубрето Read More »

Арсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш


По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието, велат од град Скопје во своето соопштение кое го пренесуваме во …

Арсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш Read More »

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка


МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките …

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка Read More »

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа


Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење.    „Изминатите пет дена немаше воопшто …

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа Read More »

Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на штрајк ако до 28 октомври не им се исплати септемвриската плата


Доколку до 28 октомври не им биде исплатена платата за септември и додатоците на плата, вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ најавија дека ќе ја активираат одлуката за шрајк. Тие денеска повторно протестираа на булеварот „Илинден“ во Скопје и побараа исплата на платата за септември и почитувањето на …

Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на штрајк ако до 28 октомври не им се исплати септемвриската плата Read More »

Зошто Орце Ѓорѓиевски одржа координативен состанок со мнозинската советничка група во Скопје?


  Денеска, кандидатот за градоначалник на Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одржа координативна средба со советничкото мнозинство во Град Скопје, предводено од носителот Даме Димитровски. Тој е претседател на ЗЕЛС, но одржувањето ваква средба, додека течат роковите пред вториот круг на локалните избори, каде тој треба да се соочи со противникот Амар Мециновиќ од Левица …

Зошто Орце Ѓорѓиевски одржа координативен состанок со мнозинската советничка група во Скопје? Read More »

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во завршна фаза


  Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“. При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени. Поставен e …

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во завршна фаза Read More »

Синдикатот во „Комунална“ го викна директорот на состанок – тој не дојде


СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, …

Синдикатот во „Комунална“ го викна директорот на состанок – тој не дојде Read More »

Без струја делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места. -Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, …

Без струја делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани Read More »

Герасимовски: Легендата продолжува да живее. Ќе ја вратиме гордоста на Работнички


 На премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“ одржана синоќа во Скопје,  градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави враќање на клубот на победничките патеки. -Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените, на победничкиот дух што „Работнички“ го носи со себе уште …

Герасимовски: Легендата продолжува да живее. Ќе ја вратиме гордоста на Работнички Read More »

Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле


Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле ќе се реализира денеска во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност. Акцијата, како што се наведува во соопштението на организаторот, има цел да придонесе кон уредување и разубавување на просторот околу болницата, како и да ја подигне свеста за …

Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле Read More »

Мицкоски несреќо, на кого се закануваш? – праша Арсовска по наредбата на Владата полиција да влезе во Град Скопје


Откако Владата попладнево донесе одлука да го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, му кажа на премиерот …

Мицкоски несреќо, на кого се закануваш? – праша Арсовска по наредбата на Владата полиција да влезе во Град Скопје Read More »

Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра


Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра.  Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на …

Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра Read More »