Дел од линиите на ЈСП утре со изменет режим


Поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот градски превоз утре во период од 7 до 10 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. По изменети траси ќе сообраќаат: Линиите 43, 45, 50, 50А, 52, 53, […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот на ССМ


Поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утре од 7 до 10 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“ во Скопје. Како што соопштија од МВР, Одделението за безбедност на […]

Без вода дел од скопско Лисиче


Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ […]

Денес ќе се одржи Парада на гордоста во Скопје


Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец“, а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици. Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во […]

Манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022


Во Паркот на Франкофонија – Мобилна / Монтажна галерија, денеска ќе се одржи првата манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022. Како што најавија од Центарот за современи уметности – Скопје и CRUISE CULT, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на […]

Поради парадата на гордоста во сабота, сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.06.2022 година (сабота) поради одржувањето на „Парада на гордоста“, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје. За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта […]

Зазелене плоштадот околу црквата „Богородица“ на Кеј


На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден  нов зелен плоштад. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри.    Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки.    Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се […]

Живите статуи на скопјани им одиграа „Танго на улица“ (галерија)


Попладнево во центарот на Скопје, минувачите имаа можност да ги погледнат живите статуи, на „Сквер Јадран“.  Со тоа почна издание на фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата – Танго на улица“. Статуите во бела, црвена, зелена, жолта боја, измамија насмевки кај граѓаните кои ги видоа. Некои осамени, некои во двајца, го изиграа „Тангото на улица“.  – Статуафест […]

Од утре, Жичарницата и автобусите до Водно, времено нема да бидат во функција


Од утре, петок (24.06.2022 година) Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција, соопшти  ЈСП. Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на […]

Интервју со Андреј Колев од „Феникс“: Ги следиме светските трендови, организираме дневен престој за повозрасните


  „Феникс“ е синџир на старски домови чија историја е од богат размер. Првиот старски дом е основан во 2002 година. Денес „Феникс“ располага со три старски дома: „Феникс геромедикал“, „Феникс премиум“ и „Феникс фемили“, а наскоро се отвора и четвртиот под името „Феникс гарден“ во населбата Црниче во Скопје. Сите повозрасни лица кои имаат […]

Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар ќе го отвори фестивалот „Гола месечина“


Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а во режија на Синиша Евтимов ќе го отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ што од 25. до 30. јуни ќе се одржи на стадионот во Реонски Центар во Аеродром. Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава […]

Општината Гази Баба плати летен одмор за 250 ученици


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги испрати учениците од основните училишта од општина Гази Баба на училишен летен камп. Општина Гази Баба оваа година за прв пат го субвенционира организирањето на летниот камп со што општината покрива дел од трошокот за учество на учениците во кампот. За испраќањето на учениците, градоначалникот Стефковски објави […]

Работилница за визуелно раскажување приказни


Во Скопје денеска ќе биде одржана работилница за визуелно раскажување приказни, која е наменета за сите идни графички дизајнери, маркетери и оние кои се занимаваат со дигиталниот маркетинг. Работилницата е во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ и според нив ова претставува можност за сите заинтересирани низ интеракција да се запознаат со процесот на […]

Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле


Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу […]

Ќе се прска против комарци од земја и авионски


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, според следниот распоред: 1. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 […]

Од денес, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало стануваат резидентни паркиралишта


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови. Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење […]

Дуќанџиите од ГТЦ утре на протест пред Влада


Утре на пладне пред зградата на македонската влада Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 ќе одржи протест на кој ќе побараат итно решавање на бројните проблеми во Градскиот трговски центар во Скопје и примена на законската регулатива. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, […]

Град Скопје со зголемување од 2.800 денари ги усогласи линеарно платите на вработените со растот на минималната плата


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор на ниво на работодавач Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.   […]

Саниран мостот на Маркова Река во населбата Драчево


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево од страна на институциите на Град Скопје, со главен носител на активностите ЈП „Улица и патишта“ во координација и со други институции. Конкретно, како што велат од таму, вчера после пладне, по околу 13.00 часот, целосно […]