Стево Ќирков веќе директорува со Скопје ЗОО, а бил осуден за криминал со животни


Од петокот, на вработените во скопската Зоолошка градина како нов директор им се претставува Стево Ќирков, кој беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во мандатот на Данела Арсовска. Ќирков закажува состаноци во директорската канцеларија со вработените на Зоолошката, за плановите за подобрување на условите во неа, пишува денешен СДК.МК.  Медиумот …

Стево Ќирков веќе директорува со Скопје ЗОО, а бил осуден за криминал со животни Read More »

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година


Од 15 декември почна процесот на заверка на корисниците за т.н. пензионерски билет за новата 2026 година, извести ЈСП Скопје. ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи …

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година Read More »

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар


Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, …

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар Read More »

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации


Општина Аеродром ги поканува граѓанските организации на јавна дебата за утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на нејзината територија! Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром и претставува еден вид подготовка за новиот повик што ќе биде …

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации Read More »

Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, продолжува бадникарската традиција


Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година. Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и  урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар. Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи …

Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, продолжува бадникарската традиција Read More »

(Видео) Попладнево светнува елката и се отвора новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“ во Скопје


Вечерва, почнува новогодишната програма која Град Скопје, ја организира за скопјани и сите оние кои ќе се затекнат во главниот град околу празниците.  Со симболично палење на светилките на елката наместена на централниот плоштад „Македонија“, официјално ќе се отвори и новогодишниот базар, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.  Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, …

(Видео) Попладнево светнува елката и се отвора новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“ во Скопје Read More »

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар


Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела. – Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово …

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар Read More »

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија


Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија. Жители на Скопје и околината сведочат дека почувствувале кусо, но силно тресење. Некои велат …

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија Read More »

Без струја денеска Горно Нерези, Глуво и Мирковци


Од 9 денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Горно Нерези во општина Карпош и корисниците од селата Глуво и Мирковци во општина Чучер Сандево. Прекинот, како што информира РЦУК повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, ќе трае до 15 часот. 

Без вода дел од Сопиште


Без вода попладнево од 14:25 часот ќе бидат корисниците од улицата 23 во Сопиште. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина е уличен водоводен дефект од Ф2 ” (Цола) на улицата 23 бб, а прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека денеска почнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.  Како што се посочува во соопштението на Град Скопје, со почнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови …

Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа Read More »

Орце Ѓорѓиевски се прогласи ненадлежен за забрана на огномет за празнициве


  На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли иницијативата на Зелен хуман град (ЗХГ) за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“. ЗХГ вели дека тоа најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната …

Орце Ѓорѓиевски се прогласи ненадлежен за забрана на огномет за празнициве Read More »

„Зимзоленд“ продолжува без или со дозвола?


Откако Општина Аеродром потврди дека ќе се отстранува забавниот парк „Зимзоленд“ во Ново Лисиче, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека паркот речиси две недели работел без дозвола од Град Скопје, организаторите на манифестацијата соопштија дека не е точно дека „Зимзоленд“ се затвора и дека ќе продолжат со работа. „Во последните часови на одредени медиуми …

„Зимзоленд“ продолжува без или со дозвола? Read More »

Дел од корисниците на општина Карпош без струја


– Корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Осло“, „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во Општина Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.  Како што е најавено, електрична енергија ќе немаат во периодот од  9 до 12 часот. 

Без вода дел од корисниците на општина Бутел


Дел од корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел денеска од 10:30 часот ќе бидат без вода. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради замена на вентил на улица „Натанаил Кучевишки“ бб, градинката „11 Октомври“, и ќе трае до завршување на работните активности.

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје


 Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“. – Почитувани скопјани, драги родители, најдраги …

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје Read More »

„Зимзоленд“ ќе се отстранува – нема инспектор што не нашол неправилности


Општина Аеродром ќе го отстранува Божиќниот базар „Зимзоленд“, откако речиси две недели врти рингишпили без никаква дозвола и потребна документација, јавува „Телма“ откако вчера општната се прогласи за ненадлежна. Денеска пак,  истите тие потврдуваат дека организаторите сепак немале никакви документи и тие ќе ги преземат потребните мерки, почнувајќи од постапка за демонтирање. „Вчера во попладневните …

„Зимзоленд“ ќе се отстранува – нема инспектор што не нашол неправилности Read More »

Како стана нова Старата чаршија?


Иако со години се најавува дека ќе се заштити автентичниот лик на Старата чаршија, таа е препуштена на самоволие и импровизации, до таа мерка што е претворена во некој вид пластичарска улица. Освен градежната узурпација, пренатрупаност и негрижа, таа се повеќе со декорациите и боите наликува на некои други „чаршии“ во светот и ги губи …

Како стана нова Старата чаршија? Read More »