Усје ќе треба да воведе нови технологии за прочистување со барањето за А-интегрирана дозвола


Во однос на цементарницата „Усје“, чија дозвола истекува на крајот на 2026 година, беше појаснето дека постапката за обновување ќе започне во март годинава, а за тоа дали новата дозвола ќе ја добие според новите критериуми или според старите, министерот рече дека во тој правец ќе се разговара со сите индустриски капацитети, да почнат со …

Усје ќе треба да воведе нови технологии за прочистување со барањето за А-интегрирана дозвола Read More »

МЖСПП не знае што се случува во Вардариште


Дали Вардариште се уредува според постоечката студија од 2014 година или се доработува друга, понова, посовремена, па и поадекватна, од Министерството за животна средина и просторно планирање, не знаат. На денешниот брифинг, министерот Муамет Хоџа, но и раководителите на секотир задолжени за поединечни проблематики во министерството рекоа дека не знаат по кој терк се рамни, …

МЖСПП не знае што се случува во Вардариште Read More »

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации


Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики. …

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации Read More »

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба


 В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба – рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е …

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба Read More »

Советот на Град Скопје на „слепо“ избирал членови на одбори


И во Град Скопје и рекоа збогум на транспарентноста. Вчера изборот на новите членови на управни и на надзорни одбори, откако два месеци министерот за јавна администрација тврди дека става крај на партизацијата, се избрани на „слепоо“, без да се знае кои се и со какви квалификации бидејќи предлогот дошол без биографии.  „Денес мнозинството во …

Советот на Град Скопје на „слепо“ избирал членови на одбори Read More »

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места


Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.  Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, максималните од 4 …

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места Read More »

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина


Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. …

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина Read More »

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

ВМРО-ДПМНЕ изгласа 117 членови на одбори без советниците да видат нивни биографии


На денешната седница, градските советници дискутираа, а потоа и разрешија и именуваа в.д. членови на надзорни и управни одбори на јавни претпријатија и установи, и тоа без да располагаат со какви било информации за нив. Станува збор за 117 лица, од кои околу дваесетина веќе биле дел од одборите во претходниот мандат. Советниците требаше да …

ВМРО-ДПМНЕ изгласа 117 членови на одбори без советниците да видат нивни биографии Read More »

Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7.000 на 10.000 денари


Советниците на Општина Центар на четвртата седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7. 000 на 10. 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои …

Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7.000 на 10.000 денари Read More »

Почна изградбата на парк во Градски ѕид кај Зелен пазар


Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“. Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога. Веднаш …

Почна изградбата на парк во Градски ѕид кај Зелен пазар Read More »

Место приватни фирми „Улици и патишта“ ќе уриваат дивоградби низ Карпош и Центар


Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“, одлучија денеска советниците во Град Скопје со 34 гласови „за“. Од Општина Карпош побарале да воспостават меѓуопштинска соработка со Град Скопје за  заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната …

Место приватни фирми „Улици и патишта“ ќе уриваат дивоградби низ Карпош и Центар Read More »

Скопје набавува повеќе од 40 возила за „Комунална хигиена“, се пофали Ѓорѓиевски – почнаа ли 72-та часа?


Официјално започна постапката за набавка на специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, кои ќе донесат ред и достоинство во нашиот град, најавува утрово градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тендерската постапка која ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка е веќе распишана, а по завршување на сите правни процедури ќе започне и испораката …

Скопје набавува повеќе од 40 возила за „Комунална хигиена“, се пофали Ѓорѓиевски – почнаа ли 72-та часа? Read More »

Во Скопје и другите општини ќе се градат гробишта за домашни миленици


Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е …

Во Скопје и другите општини ќе се градат гробишта за домашни миленици Read More »

Поради дефект без вода неколку улици во општина Кисела Вода


Поради уличен дефект на ул.„Коперникова“ бр. 17, денеска од 9 часот без вода се корисниците од улиците „Коперникова“, „Јанко Мишиќ“, „Жарко Зрењанин“, „Малешевска“ и „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода. – Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување со санација на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Повеќе од 60 скопјани казнети оти фрлале ѓубре по 22 часот


Над 60 граѓани во Скопје се соочија со парична казна од по 50 евра откако инспекторите ги фатија на дело фрлајќи ѓубре по 22 часот. Мерката за забрана на вечерно одлагање на отпад е веќе во сила од неколку месеци, а периодот на опомени и прилагодување заврши – сега инспекторите строго казнуваат. „Сител“ направи обиколка …

Повеќе од 60 скопјани казнети оти фрлале ѓубре по 22 часот Read More »

Пет основни училишта и три детски градинки во Ѓорче ќе добијат енергетски ефикасни системи за греење


Пет основни училишта и три детски градинки во општина Ѓорче Петров ќе добијат енергетски ефикасни системи за загревање. Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишале Меморандум за соработка со UNOPS во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти. Проектот …

Пет основни училишта и три детски градинки во Ѓорче ќе добијат енергетски ефикасни системи за греење Read More »

Скопска зоолошка: Џуџестите мармозети добија близначиња


Скопската зоолошка градина утрово сподели прекрасни вести – добија принова! „Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираат од Скопје ЗОО преку објава на Фејсбук. Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа, како што посочија од Скопската зоолошка, и …

Скопска зоолошка: Џуџестите мармозети добија близначиња Read More »

Без вода улицата „Борис Трајковски“


Денеска, поради уличен дефект на ул. „Борис Трајковски“ бб (спроти Веро), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:50 часот до завршување со санација на дефектот.

Попладнево Скопје ќе биде блокирано поради протестот на ССМ (мапа)


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17 часот во Скопје ќе функционира посебен режим на сообраќај поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија. Протестниот марш ќе започне во 17 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје …

Попладнево Скопје ќе биде блокирано поради протестот на ССМ (мапа) Read More »