Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ доби медијатека


Учениците од општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од годинава располагаат со современа медијатека, која претставува голем исчекор во дигитализацијата на наставниот процес и унапредување на знаењето. Медијатеката е опремена со единствен софтвер кој им овозможува на учениците полесно да пристапуваат до литература, да ја резервираат книгата што им е потребна преку сопствена е-пошта, […]

Каја Шукова има план за Вардариште, тој е во две фази


  Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска претстави план во две фази како да се спречи палењето на депонијата Вардариште и загадувањето на делови од Скопје. Таа рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, ги потценувал граѓаните и дека неговото решение за парк „била срамна изборна манипулација. Тоа е навреда за […]

Како Општина Аеродром го згази достоинството на своите жители – за Мицкоски се исчисти цел паркинг


Денеска блесна огромниот паркинг во реонски центар Аеродром од ПСС до „Жито маркетот“. Немаше ѓубре, отстранети беа сите хаварисани возила кои со години се „печеа“ на сонцето. Паркингот свежо измиен за да ги дочека високите гости кои присуствуваа на поставувањето камен-темелник на маркетот „Лидл“. Ништо немаше да биде чудно, ниту ќе пишувавме за паркингов, покрај […]

Центар бара лични асистенти за учениците, плата 15.000 денари за четири часа работа дневно


Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со  завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние […]

Трет ден Вардариште ги труе скопјани: Кандидатите за градоначалници со (не)возможни решенија – граѓаните на протест


Трето утро по ред, жителите на Ново Лисиче, Лисиче и околината се будат под облак од чад кој доаѓа од депонијата Вардариште. Смрдеа низ населбата се ширеше и ноќеска, а граѓаните спиеја со затворени прозорци. Но, ни утрово  не беше баш паметно да се отворат, затоа што облак чад се ширеше од Вардариште. На неколку […]

Без струја дел од општина Шуто Оризари


 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од потрошувачите лоцирани на улиците „Тиквешка“, „Демирхисарска“ и „Хаџи Јован Шишков“ во општина Шуто Оризари.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје. 

Дел од Скопје утре без вода поради дефект на цевка


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека утре од 9:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Охридска“ и „Петричка“ во населбата Водно. Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Охридска“ број 50 и ќе трае до целосно санирање на дефектот.

Шукова со три итни мерки за Вардариште: 24 часовен надзор, оградување и забрана за влез


    Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денеска одржа прес-конференција пред депонијата Вардариште, нагласувајќи дека над 150.000 жители од општините Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување, се наведува во соопштението од кандидатка за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова. „Екоцидот во Вардариште мора да запре веднаш. Моето прво […]

(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот вели негово право било


Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како поголем број деца се имаат качено на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. На видеото може да се забележи како тој како вработен во Зоолошката градина, им […]

Четвртоодделенците во Аеродром добија таблети


Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес. На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, […]

Аеродром постојано загаден од Вардариште, а прочистувачи за училиштата допрва ќе се набавуваат


Аеродром, особено делот на Ново Лисиче и Лисиче, речиси секојдневно се соочуваат со загадување на воздухот од потпалување на депонијата Вардариште, а општината и МОН допрва ќе набавуваат прочистувачи на воздух за училиштата. В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој воедно е и кандидат на претстојните локални избори за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Шукова: Орце Ѓорѓиевски кажува бајки за парк во Вардариште, или манипулира или е некомпетентен


  Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ветува парк во Вардариште. Со ова ветување докажува или дека манипулира или дека е целосно некомпетентен и неинформиран за да го води градот. Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина, каде е неопходна […]

Жителите од улицата „Шекспирова“ утре без вода поради дефект на шахта


ЈП Водовод и Канализација информира дека утре (2 септември) поради дефект во шахта на ул. Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Тројца градоначалници пак се сликаа на Вардариште – Аеродромци секојдневно го дишат


Депонијата Вардариште по октомври ќе замине во историјата! – ветува и денеска градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефановски, откако по вчерашниот пожар и утрово Аеродром, особено Ново Лисиче се разбуди во магла од чад.    Тој денеска заедно со градоначалникот на Кислеа Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски и […]

Шукова вели дека првата фаза од БТР системот во Скопје ќе биде пуштена за три години


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели дека проектот БРТ е единственото функционално и одржливо решение за решавање на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје. „Сметам дека БРТ мора да се реализира прво, затоа што е брз и ефикасен систем; второ затоа што средствата се веќе обезбедени од Европската банка […]

Учениците од Центар ќе одат на бесплатна екскурзија „Ја сакаме Македонија“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров“ за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. […]

(Видео) Во чад и неподнослива миризба учениците од Аеродром ја почнаа учебната година


Жителите на скопската општина Аеродром утрово се разбудија во облаци чад и неподнослива миризба што се шири низ населбата. Учениците кои побрзаа на првиот час, денеска ќе дишат токсичен воздух. Најверојатно, причината е вчерашниот голем пожар што избувна на депонијата Вардариште, кој, според граѓаните, и денеска продолжува да чади и да испушта густ чад. Миризбата […]

Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче


Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини. Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај […]

СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција


Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните […]

Телефонскиот број 192 не е во функција, причините се технички, велат од СВР Скопје


 Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. -За било каква пријава или информација, граѓаните на Скопје можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 или телефонските броеви на полициските станици во населбите каде живеат, посочуваат од СВР Скопје и додаваат дека се преземаат мерки бројот 192 […]