Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистат „Народен фронт“


Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување на малите депонии околу контејнерите на учицата „Народен фронт“ во Капиштец. Досега го расчистија ѓубрето околу контејнерите кај Цветен пазар или кај последна 23-ка, а продолжуваат по должина на улицата.  Откако го товарат расфрланото ѓубре, околу […]

„Пуцко Петрол“: ЈСП должи над 10 милиони евра, а вината се префрла врз нас


Компанијата „Пуцко Петрол“ упати реакција до медиумите со барање за јавно извинување, поради објавеното соопштение на Град Скопје во кое беше наведено дека фирмата ја прекинала испораката на нафта за автобусите на ЈСП. Од компанијата посочуваат дека ваквите информации го нарушуваат угледот и деловниот интегритет на „Пуцко Петрол“, притоа нагласувајќи дека во јавноста не бил […]

Повторно криза со ЈСП: „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта


Главниот снабдувач со горива на автобусите за градскиот сообраќај во главниот град, „Пуцко петрол“, ја прекинал испораката на нафта. Дали од денеска, па натаму корисниците на ЈСП ќе имаат превоз, останува нејасно. Имено, како што соопшти Град Скопје, „под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за креирање хаос […]

Герасимовски и Центар го чистат ѓубрето кое е одговорност на Град Скопје


Градоначалникот Горан Герасимовски утрово се вклучи во лајв видео заедно со хигиеничарите на општината кадешто на терен повторно затекна контејнери со купишта смет и упати остар апел до јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да си ја сработи  својата работа.  „Како изминативе години, така и денеска, и ова понеделничко утро, центарци се будат во ѓубре. Целата општина […]

Јакимовски обвини дека го саботираат во Карпош со несобирање на ѓубрето


  Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео во кое ги прозва институциите да си ја вршат својата работа и да го решат проблемот со ѓубрето во општината. “Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни […]

„Стоп за Вардариште“ со нови барања до надлежните, ако не се реагира ќе ги прошират блокадите


Граѓанската иницијатива Стоп за Вардариште го засилува притисокот врз институциите. Денеска повторно се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ и доставија нови, проширени барања до надлежните.  Брањата кои ги имаат доставено до сите релевантни институции се: – Воспоставување на 24 часовен видое надзор на депонијата Вардариште; -24 часовно физичко обезбедување на Вардариште; -Итно иселување и соодветно […]

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје


 Изборната комисија на Град Скопје за  информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена […]

(ВИДЕО) Герасимовски се пофали: Од депонија и диви објекти до нов паркинг за жителите на Буњаковец


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска преку кратко видео на социјалните мрежи се пофали дека од дива депонија и диво направени објекти, жителите на Буњаковец добиваат нов паркинг простор. „Од дива депонија и диво направени објекти, до нов паркинг за жителите на Буњаковец. Еве вака се работи за моите центарци“, истакна Герасимовски во натписот под видео […]

(Фото+видео) Голем пожар над Батинци, ќе се гаси и со „ер трактори“ – намерно е запален


Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.. Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и […]

Донирани прочистувачи за воздух во училиштето во Трубарево


Во партнерство со Екотип и во координација со Општина Гази Баба, вчера беа донирани прочистувачи за воздух во ООУ „Крум Тошев“ Трубарево, училиште кое се најде во непосредна близина и изложеност на последиците од неодамнешниот пожар, кој ги остави децата надвор од училишните клупи и го наруши секојдневието на жителите. „Со оваа донација како компанија […]

Почнува првиот регионален феминистички фестивал во Скопје


Од денеска до 21 септември првпат во Скопје ќе се одржува регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“. Фестивалот обединува уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран, претворајќи го Скопје во центар на регионален културен дијалог и соработка. Организатор е Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје.  Овој фестивал […]

Аеродромци бараат 24-часовен видео надзор во Вардариште и обезбедување


Видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата – се новите барања упатени до институциите од денешниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“. „Нема да се откажеме од основното човеково право – чист воздух – и покрај игнорантскиот однос од институциите“, порачаа учесниците и најавија дека ќе се собираат секој […]

Протест „Ниту една повеќе“: Кон фемицидите придонесуваат молкот, стигмата и срамот


„Ниту една повеќе“: Росица немаше да биде убиена ако институциите постапуваа Пред Министерството за внатрешни работи денес се одржа протест на кој граѓани и активисти побараа институционална одговорност за фемицидите во Македонија. Повод за протестот беше убиството на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, застрелани од нејзиниот поранешен партнер Илија, кој потоа си го […]

Општина Карпош додели стипендии на талентирани ученици и спортисти


Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош, им ги врачи решенијата за осуммесечните стипендии на талентираните ученици и спортисти од осмо и деветто одделение, за учебната 2025/2026 година. Во организација на Одделението за култура и спорт во рамки на денешната манифестација, првиот човек на општината додели вкупно 78 стипендии, од кои 27 за талентирани спортисти и […]

Општина Центар доделува стипендии за ученици во износ до 3.500 денари месечно


Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. „Општина Центар и годинава инвестира во младите, во […]

Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија


Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо […]

Највисока цена за стан е платена во Општина Центар – најмногу станови се продадени во Аеродром


Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од […]

Се гради првата спортска сала во населбата Припор


Денес беше направен увид во градежните работи за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Новиот објект ќе биде сместен во дворот на ПОУ „Круме Кепески“ и ќе се простира на 500 квадратни метри, со рок за изведба од две години. Проектот е овозможен со поддршка од […]

Службените возила и на општина Аеродром добија регистарски таблички во боја – Митески се пофали дека поминал 0 километри со службено возило


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информира дека и пред официјално да се усвои новата мерка за ограничување на користењето на службените возила на општините, тој веќе го следел истиот принцип, односно дека сите обврски ги завршувал со велосипед или со приватен автомобил. „Да се биде градоначалник е чест и привилегија, не начин за […]

Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром. Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а […]