„Комунална“ го прекршува законот – Здружението на млади правници покрена иницијативна за итни мерки и инспекциски надзор


Здружението на млади правници поднесе иницијатива за инспекциски надзор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје и бара итни мерки за хаосот кој со денови го живеат скопјани.  – Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје има законска обврска да обезбеди континуирано и квалитетно собирање на отпадот. Нивното непостапување претставува повреда на повеќе закони и сериозна закана за здравјето на […]

Игор Џамбазов: Му благодарам на Герасимовски што постави мурал и го сочува споменот на маестро Џамбазов (Видео)


Познатиот глумец Игор Џамбазов, во гостувањето во „Претрес“ на медиумот „ПрваТВ“ му се заблагодари на актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски што постави мурал и го сочува споменот на големиот маестро Александар Џамбазов. „Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, му благодарам за идејата, еден човек што реши да го сочува споменот за големиот чичко […]

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива свој прв плоштад во Расадник


Кисела Вода за првпат ќе добие јавен плоштад, кој се гради во срцето на населбата Расадник, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, плоштадот ќе внесе свежа енергија во секојдневието на жителите и ќе го подобри урбаниот изглед на општината. „Денеска направив увид на терен и со големо задоволство можам да кажам дека веќе се обликува […]

Кисела Вода добива плоштад


Покрај салата „Расадник“ во Кисела Вода, се гради плоштад, со што оваа скопска општина првпат добива голем отворен простор, во служба на јавноста. „Во срцето на населбата Расадник се гради нов плоштад, простор кој ќе ја разубави нашата општина и ќе внесе свежа енергија во секојдневието. Денеска направив увид на терен и со големо задоволство […]

Вработените од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест, бараат исплата на плата за август


Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието и пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Тие бараат да им се исплати платата за месец август, регресот и јубилејната награда за 2022 година и новогодишните награди. – Се собравме […]

Гореше Бе-ем-ве, а противпожарното возило не можеше да дојде до возилото од паркирани автомобили


Од иницијативата „Шанса за Центар“ споделија видео од синоќешниот пожар на просторот пред зграда кај Зелен пазар каде беше опожарено возило, а од огнот беше зафатен и продажен објект. – На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ […]

ЗОО Скопје: Нема простор за паника за појавата на животинска туберкулоза кај поединечни животни


ЗОО Скопје информира дека неодамнешните информации за појава на животинска туберкулоза кај поединечни животни не претставуваат ризик за посетителите. Безбедноста на јавноста и грижата за животните остануваат врвен приоритет. Туберкулозата кај животни не е нова појава и може да се сретне и во природата, парковите или игралиштата. Преносот на ова заболување од животни на луѓе […]

Манифестација „Денови на македонски мед“ во Скопје


Од денеска до недела на улица „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се одржува 21. манифестација „Денови на македонскиот мед“.  Организатор на манифестацијата е Пчеларското здружение „Матица“ – Скопје. Посетителите ќе можат да купат различни видови мед од цела Македонија и останати пчелни производи. – Повелете дојдете и одберете го својот пчелар и својот мед, […]

Утре без вода дел од Автокоманда и Аеродром


Од 9.00 часот утре без вода ќе бидат делови од Автокоманда и Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Поради дефект во шахта (промена на прв вентил ф 2.5“) на улицата „Ташко Караџа“ бр.3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Ташко Караџа“, „Трифун Хаџијанев“ и „Христо Ботев“,  а поради изведување […]

Мицкоски се извини за поддршката за Данела Арсовскa, таа му врати: Мицкоски несреќо!


Премиерот најави дека ќе има одговорност за хаосот со ѓубрето и дека процесот што се води ќе има „име и презиме“, но сето тоа по избори. Можеби уште истиот ден (за72 часа Скопје ќе биде исчистено), но сепак по избори. Мицкоски вели дека чувствува одговорност што на минатите локални избори ја поддржал актуелната скопска градоначалничка […]

Љупчо Златев: Герасимовски фаворит во Центар, мандатот го поминa без скандали


Новинарот Љупчо Златев, на поткастот „Утринско еспресо“ зборуваше за локалните избори во Општина Центар, истакнувајќи дека актуелниот градоначалник Горан Герасимовски влегува во трката како фаворит.  „Центар е многу интересна приказна. Јас би рекол дека во Центар на овие избори фаворит е Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник, затоа што доаѓа од еден мандат којшто го помина релативно […]

Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот


Општина Центар информира дека со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“  „ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците, затоа што подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје“. -Илјадници […]

Кирков: Во Зоолошка градина има туберкулоза


Во Зоолошката градина постои туберкулоза – таа е причината за смртта и на европскиот бизонот, тврди Стефан Кирков, советник во град Скопје. -Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни […]

Одржан инклузивен саем за прифаќање и разбирање – учениците можеа да ја доживеат реалноста на своите врсници со оштетен вид


Денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се одржа инклузивен саем посветен на прифаќање и разбирање. Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, учениците преку активности како одење со бел стап, куцање на брајова машина и тактилни […]

Јахоски за ТВ21: Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, иако има долг од 10 милиони евра


Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ за ТВ21 одговори на шпекулациите дека ќе нема гориво за автобусите на ЈСП. Тој рече дека неговата компанија и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат 10 милиони евра долг. „Нема да има прекин на градскиот превоз. Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува […]

Левица тврди дека ЈСП е ставено во должничко ропство за некој да го „лапне“ бизнисот


Левица реагира на најавите дека Скопје повторно ќе остане без јавен превоз, изнесувајќи во јавноста детали според кои ова јавно претпријатие, преку намерни штетни договори, плаќа и поскапа нафта од таа на пазарот, и незаконски надувани камати поради што е ставена во должничко ропство. Тоа е причина Левица да праша дали ВМРО-ДПМНЕ сака да го […]

„Стоп за Вардариште “ тврди: Протестите не се под партиско влијание


Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ категорично ги демантира тврдењата дека протестите се организирани под влијание на политички партии или организации. „Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска и независна, за здрав воздух и здрава животна средина. Протестите ги организираме единствено ние – граѓаните, и никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели,“ […]

Автобусите на ЈСП сообраќаат – вчера стигнале 20 тона нафта


Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден. Независен член на Советот на Град […]

Герасимовски со хигиеничарите исчистија околу контејнерите – „Комунална хигиена“ не ги испразни


Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет. Утрово пак, контејнерите беа преполни, па прашање на време е […]

Без вода корисниците на булевар „Србија“ и на улица „Љуботенски пат“


 Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:20 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Србија“, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Вода од 09:40 часот ќе немаат и корисниците на улица „Луботенски пат“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.