ДКСК: За ТЕЦ Неготино набавени 18.000 тони гориво помалку од платеното – сомнеж за системска копрупција


Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по сопствена иницијатива во врска со набавката на мазут за потребите на АД ТЕЦ Неготино, извршена од страна на АД ЕСМ Скопје, при што набавката тешка 212 милиони евра требало да ја изврши фирмата РКМ ДООЕЛ од Скопје утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување […]

Скопје загадено, признаа надлежните, на сила мерки за заштита


Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до […]

Нови лекови ќе се најдат многу брзо на позитивната листа


  Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа ќе има многу брзо, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на прашања, по брифингот со новинари.  Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак […]

Љупчо Коцевски на чекор да стане нов јавен обвинител


  Тројца кандидати – едниот елиминиран поради некомплетна документација, за вториот немаше добри зборови, за третиот сите се согласија дека треба да биде новиот државен обвинител. Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител и тоа мислиење да ѝ го испрати на […]

Бесплатен превоз за кумановци до средината на јуни идната година


Кумановци ќе се возат бесплатно уште шест месеци до средината на јуни, идната година, одлучи мнозинството советници на последната седница на општината. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се 30 милиони денари или над 486.200.31 евра, скоро половина милион евра. Предлогот пред советниците го образложи помошникот раководител Момчило Јовановски кој кажа дека се воведуваат […]

Годинава 440 лекари положија стручен испит


Во 10 испитни сесии кои беа организирани во текот на 2023 година стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање на лиценца за работа, соопшти Лекарската комора на Северна Македонија. Најголем интерес за полагање на стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија кога положиле 232 доктори […]

По еден месец Арсовска се врати во калта на „Калош Дани“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипите од Секторот за планирање и уредување на просторот и јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, извршија увид во градежните работи на улицата „Калош Дани“ во општина Карпош. Реконструкцијата на оваа улица почна пред еден месец, поточно на 29 ноември, а се реализира со меѓуопштинска соработка со […]

(Во живо) Прес-конференција на Бојан Маричиќ


Заменик-претседателot на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во среда,  со почеток во 10:30 часот во просториите на Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија ќе одржи прес-конференција за крајот на годината.

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година


Зелен хуман град, кој во Советот на Град Скопје е застапен со двајца претставници, не поднесоа амандмани на Буџетот за 2024 година, туку решија потполно да го одбијат предложениот Буџет, затоа што во него се намалени ставките за заштита на животната средина, а велат амандманите ретко им се прифаќаат. – Годишен буџет со 46 отсто […]

Без струја дел од Аеродром


ЕВН известува дека денеска, од 09:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на бул. 12-та Македонска Бригада (околу бр. 83-Б) во Општина Аеродром. Корисниците без електрична енергија ќе бидат од 09.00 до 13.00 часот. 

Без вода улица „Прашка“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на  ул. „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради штопирање на водоводна мрежа на таа улица. 

Претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб северен ветер


Времето ќе биде сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 27  декември  2023 година, 363-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 5 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

(Галерија) Орден за заслуги за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски


Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ги одликува Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски. Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив […]

Судскиот совет експресно закажа дисциплинска постапка за Беса Адеми


Со осум гласа „за“ и ниту еден „против“, Судскиот совет доцна попладнево усвои одлука со која се согласи целокупната постапка  за утврдување на одговорност и разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да биде јавна. По иницијативата за нејзино разрешување Судскиот совет ќе расправа в петок, на последниот работен ден од оваа година. Дисциплинска […]

Владата ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година


Владата на денешната седница ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, во насока на, како што се наведува во владиното соопштение, зголемување на ефикасноста на правосудниот систем. Како што соопшти владината прес-служба, Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, според предлагачот, Министерството за правда, е стратешки документ, којшто се […]

Во четврток Дац и Александар ќе ги забавуваат центарци во пресрет на Нова година


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски го најави предновогодишно дружење на Боемска 1 на кое присутните ќе ги забавуваат познатите Дац и Александар. Овој четврток (задутре) забавата започнува од 19 часот со настап на ДЈ Александар Јорданов, а од 21 часот продолжуваат Дац и Александар Митевски. – Истиот ден со почеток во 11 часот свои музички […]

Кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?


Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Инсталиран новиот акцелератор на Клиниката за онкологија


Линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти деновиве беше инсталиран на Клиниката за онкологија. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска кажа дека со ова е исполнето уште едно ветување, иако акцелераторот е набавен уште пред седум години. „Производителот и одговорните физичари во установата, потпишаа сертификат – документ со кој се потврдува дека медицинскиот апарат […]

СДСМ со коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод


  СДСМ со партиите од коалицијата, меѓу кои ЛДП, како и независни советници го презеде мнозинството во Советот на општина Македонски Брод. Коалицијата на ДПМНЕ и Левица од денеска се во опозицијата во советот, со нивните советници. „Изминаа две години од локалните избори но за жал советот досега беше нефункционален. Сега тоа ќе се промени. […]