Сончево и релативно топло, до 17 степени


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.