Целосна реконструкција на стадионот „ССК“ во Драчево


Почнува целосна обнова на стадионот „ССК“ во Драчево. По иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројните заложби за овозможување современи услови за спортистите кои тука тренираат и се натпреваруваат, почнува инвестиција овозможена од ФФМ, која во првата фаза ќе чини 8,5 милиони денари. Како што информира Општина Кисела Вода, спортскиот терен […]

Гази Баба дава субвенции за сончеви колектори


Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен e и јавен повик.   За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.   „За прв […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзалната сала


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. […]

Од недела дожд и пад на температурите


 Утре и во сабота стабилно време, од недела врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, […]

Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за […]

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината


Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски […]

Пристигнаа налепниците со „НМК“


  Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните за нив да плаќаат од 30 до 50 […]

Нема термини, линиите се блокирани, снемува и обрасци за пасоши


  До термин за фотографирање за лични документи речиси невозможно е да се дојде. Граѓаните се жалат дека постојано ѕвонат во контакт центарот, но безуспешно. Телефонските линии се блокирани и речиси никој не успева да стигне до оператор за закажување на термин, пренесе „Скопје 1“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во средата изјави дека […]

Земјотресот од Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево


  Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е […]

Без вода корисниците од ул. „Радишанска лево’ и дел од „Бел камен“ поради дефект на приклучна цевка


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека денеска без вода ќе бидат корисниците од ул. „Радишанска Лево“ и дел од „Бел Камен“ поради водоводен дефект на приклучна цевка на ул. „Радишанска Лево“ бр. 26г. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Без струја делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска ќе бидат делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе бидат корисници од овие општини, појаснуваат оттаму. Според најавеното, во период од 07.30 до 15 часот, без струја […]

Продолжува собраниската расправа за избор на уставен судија


 Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 140. седница.  Пратениците вчера во рамки на оваа седница ја почнаа расправата по предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Станува збор за професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Ана Павловска-Данева, да биде нова уставна судијка. Предлогот Павловска-Данева дојде откако на 24 […]

Наутро магла, преку ден сончево и топло


Времето денеска наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку ден сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 2 до 4, а максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 8 февруари 2024 година, 39-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 327 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути. Денов трае 10 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Затворена за сообраќај улицата „Александар Урдаревски“ кај гробишатата Бутел


Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 08.02.2024г./четврток/ ќе врши градежни активности за асфалтирање на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ во насока од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на […]

Карпошани ќе може да купуваат велосипеди и електрични тротинети со субвенција од општината


Општина Карпош и годинава објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети. За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“. – […]

Собранието ги изгласа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк


Собранието попладнево во рамки на 140 седница со 74 гласа „за“, без против и воздржани, го донесе Закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со донесување на Законот, како што беше посочено на седницата, ќе биде задоволено барањето на Универзитетско студентско собрание – УКИМ за надминување на техничките бариери со кои се соочуват […]

Општина Карпош ќе доделува субвенции за полагање на возачка дозвола


Започнувајќи од денес, општина Карпош објави повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија. – “За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7.000.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата […]

Обложувалниците и казината се селат на 500 метри од училиштата, усвоен законот


  Обложувалниците и казината се селат на 500 метри од училиштата. Собранието денеска со 55 гласови „за“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест […]