Без вода утре повеќе улици во Кисела Вода


Без вода утре ќе бидат улиците „Борис Трајковски“, „Виктор Иго“, Невена Ѓоргиева Дуња“ и дел од улица „Иван Козаров“, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект од ф 200мм на улица „Иван Козаров“ бб-кај зградата на Фиком. Без вода корисниците ќе бидат од 9 часот до завршување на интервенцијата.