Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4


Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија. Воедно, денеска […]

За една година се затвориле 14 училишта – намален бројот на ученици


Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.  Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, […]

Уништена шума стара 70 години. Мијалкови ќе градат луксузен хотел во Охрид над Горица 3


  Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители на Охрид при тогашни акции за пошумување. Со реакција се јавија и од Иницијативата „О2“ од каде прашуваат кој и зошто го продал државното богатство кое во минатото макотрпно се […]

Со автобус по книги – од четврток возете се со „100“ и „200“ на Саемот на книгата


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.  Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од […]

Втор ден генерален штрајк на приватните специјализанти


Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните […]

Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка


Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат. […]

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата „Ристо Равановски“ бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците „Ристо Равановски“ и „Атинска“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9 часот па се до завршување на работата.

Синдикатот на Македонска пошта ќе информира за состојбата на претпријатието


Синдикатот на Македонска пошта денеска, ќе одржи прес-конференција пред објектот на Владата, на која ќе ја информира јавноста за состојбите во претпријатието. – По одржаниот протест на 18 март годинава, Синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот […]

Од среда дожд и ветер, а на планините снег


Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на земјава ќе биде под влијание на серија  влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 16 април 2024 година, 107-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 259 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 51 минута, а ќе зајде во 19 часот и 16 минути. Денов трае 13 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Османи: Нема да има влада без договор за ветинг и сертификат од САД и ЕУ


  Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“ Бујар Османи на денешниот митинг пред граѓаните на Дебар изјави дека немало да се формира влада доколку немало договор за ветинг, а сертификатите за идните политичари да ги издавале САД, ЕУ и НАТО. „Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба […]

Виктор Исјановски избран за претседател на Комората за вештаци


 Комората за вештаци денеска одржала основачко собрание, на кое за претседател едногласно бил избран Виктор Исјановски, соопшти Министерството за правда. Со ова, како што посочуваат од Министерството за правда, Комората после осум години повторно стана функционална со што би се решиле проблемите со кои се соочуваат вештаците и унапредување на нивната работа. -Министерството за правда […]

По четири месеци тргнати новогодишните куќарки од плоштадот


По четири месеци тргнати се новогодишните куќарки од плоштадот во Скопје. Градот излезе со објаснување дека новогодишните куќарки не биле новогодишни и дека биле планирани за одржување настани. „Kуќарките на плоштад не се новогодишни, тие имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати […]

Со два полициски хеликоптери се гаси пожарот над тетовско Селце


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од тетовско Селце информираше дека денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар.  Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите. – Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот […]

УХМР: Влажен и студен бран ќе донесе и снег на повисоките места


  Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија влажни бранови коишто ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветар (над 70км/ч), локално во форма […]

Демири им порача на специјализантите да бидат трпеливи – повисоки плати по изборите


Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од специјализантите кои бараат повисоки плати. Тој вели дека нивните барања имаат политичка заднина. „Направивме една компарација каква беше нивната позиција пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика оти до 2017 година немаа никакви примања, имаа нула примања. Сегашните примања не велам дека се […]

Од следниот месец деветвалентна ХПВ вакцина, ќе биде достапна и за момчиња


Осовременет е Календарот за редовна имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири. […]

Затворски полицајци му помогнале на осуден за убиство да избега


  Затвореник бил во прватна болница на лекување, отишол во пушалната, полицајците кои го чувале се оддалечиле, тој излегол, влегол во автомобил и побегнал. Затвореникот бил осуден за убиство. Настанот се случил во октомври 2023. Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на ова лице, покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. […]

После 11 години Кисела Вода доби библиотека со над 8.000 наслови


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ја посети новоотворената библиотека „13 ноември”, која функционира во рамките на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Тој вели дека неговата цел е повторно просторот во кој е сместена библиотекатата да се направи центар на културниот живот во општина Кисела Вода. „Со богат библиотечен фонд од околу 8.000 наслови, тука вклучувајќи […]

Завршува грејната сезона, ако паднат температурите системот повторно ќе биде вклучен


Грејната сезона завршува денеска, но од Регулаторната комисија за енергетика велат дека на дневно ниво се следат температурите и доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија. „Денес завршува грејната сезона, но до крајот на април влегуваме во преоден период во кој на дневно ниво РКЕ ги известува топланите дали се создадени услови […]