Министерката за култура ќе ја даде на суд Арсовска за „лагите“ околу Универзална сала


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, категорично ги отфрла тврдења на градоначалничката Данела Арсовска дека знаела за пожарот во Универзална сала, а не пријавила, нарекувајќи ги лаги и најави тужба. „Веста за пожарот се ширеше толку брзо што за многу краток период беа преплавени социјалните медиуми од кадешто дознав јас и во истиот тој момент […]

Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21 април во Diamond Mall


Ако сте вљубеници во цвеќињата, кои се симбол на убавата страна на животот, Diamond Mall е вистинско место за вас. Од 17 до 21 април, под мотото „Расцветај“, ќе се одржи цветен фестивал, со кој симболично ќе се прослави периодот кога природата раззеленува и расцветува. Во рамките на фестивалот, голем број цвеќарници ќе ги престават […]

Поставени фотоволтаици на пет јавни институции во Крива Паланка


Пет јавни општински институции во Крива Паланка добија фотоволтаични панели кои се поставени на објектите со цел самоодржливост на објектите преку енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија. -Поставени се фотоволтаични панели на пет јавни институции во градот, инвестиција вредна 103.000 евра во рамки на проектот „Зелена енергија за јавни институции“. Општина Крива Паланка […]

Владата одлучи статусот на приватните специјализанти да го решава по избори – продолжуваат со штрајк


На вчерашната седница Владата донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите, со предлог-законски решенија кои ќе ги предвидат нивните севкупни права и одговорности. Специјализантите не ја прифажаат оваа одлука, па денеска продолжуваат со штрајкот. Околу 400 приватни специјализанти два дена се во генерален штрајк. Бараат нивниот месечен надоместок да биде поголем […]

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор со 22  литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Лазарополе и Прилеп 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип седум, во Виница шест, во Дебар и во Маврови Анови пет литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврна во Скопје-Петровец, Кавадарци, […]

Tркалезна маса за фриленсерството како можност за (само)вработување


Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија ќе се одржи денеска, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Ќе се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30л/м2) грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 април 2024 година, 108-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 258 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минута, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани, одлучи Владата


  По нејаснотиите и недоразбирањата дали деновите на гласањето, 24 април и 8 мај, да бидат задолжителни неработни денови само за вработените во јавната администрација, Владата денеска донесе одлука тоа да важи за сите граѓани на Македонија. Одлуката е донесена заради непречено спроведување на изборите за претседател на Републиката и изборите за пратеници. Овие два […]

Партијата на Македонците во Србија вели дека Бујар Османи ја злоупотребува функцијата


  По контроверзното коспонзорство на Македонија на резолуцијата за геноцидот во Сребреница реагираше Партијата на Македонците во Србија, велејќи дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја злоупотребил неговата функција во техничката влада. „Изјавата на Османи не засега и нас Македонските во Србија. Тоа е класична злупотреба на функцијата која е изведба Османи (сега член […]

Жичницата утре нема да работи


ЈСП Скопје информира дека Жичницата, утре нема да работи поради предвидени технички зафати на објектот. Од петок (12.04.2024 год.), ќе продолжи со вообичаена работа од 10 до 18 часот.

Герасимовски прави нов плоштад пред просториите на општината


Ново урбано катче, нов плоштад, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан герасимовски, а веќе го огради просторот каде ќе биде поставена унсталација.  – Работиме на ново урбано катче на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало. Станува збор за модерна конструкција „Урбан атрактор“ на површина од 56 метри квадратни […]

Уште еден пациент пренесен со медикоптер, овојпат од Унгарија до Македонија


Денеска беше реализиран успешен транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“ – инаку полициски хеликоптер на МВР) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот […]

Арсовска инсинуира дека министерката за култура знаела за пожарот во Универзална пред 9 часот, а не пријавила


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска соопшти дека Градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот во изминатата недела. Арсовска постави повеќе прашања, упатени до Министерството за култура и до фирмата изведувач. Таа потенцира дека Градот останува сопственик на објектот. -Зошто министерката за култура […]

Дури 200 деца една година ќе имаат терапија за ГЕРБ со донација на „Алкалоид“


Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна форма, во вкупна вредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот до […]

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи


 До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и […]

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село


Општините Свети Николе и Ново Село стануваат дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата, во основните училишта под нивна надлежност ќе се одржат работилници за булинг овозможени од „Макпетрол“, а кои што ги предводи психолог со опсежно искуство со проблемот. Компанијата и двете општини потпишаа меморандуми за соработка. За учениците, како […]

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак


Втора година по ред, Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава. Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани на основа на нивните […]

Македонска пошта страда од 15 подружници со 15 директори – поштари ни за лек


Синдикатот во „Македонска пошта“ ќе изготви систематизација, ќе ја достави на идната влада и ќе инсистира на нејзина итна примена, како стартно решение за состојбата на Поштата, која, како што рече денеска синдикалниот лидер Боро Велигденов, е на работ на егзистенција, а се доведени во прашање над 2.000 работни места. По изборите ќе се бара […]