„Бабина Баница“ по 11-ти пат во каменичкото село Цера


Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец” во каменичкото село Цера денеска е домаќин на 11. издание на манифестацијата „Бабина Баница 2023“.

Манифестацијата е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, каде учесници од повеќе градови се натпреваруваат во месење, сукање и печење баница на стар традиционален начин под вршник.

Манифестацијата и годинава ќе биде проследена со богата културно-уметничка програма, а на настанот е најавено присуство на повеќе здруженија на пензионери од соседните градови, но и од поширокиот регион. 

„Бабина Баница“ претставува еденн од најмасовните настани организиран под пазувите на Осоговските планини и манастирот Покров на Пресвета Богородица во село Цера, каде секоја година присуствуваат над 2000 гости од сите краишта на државата. 

 

Манифестацијата се одржува во соработка со Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса”.