Приватните специјализанти ја прекинаа работата – во 14 часот имаат средба во Влада


Приватните специјализанти денеска ја прекинаа својата работа, не дежураат, не одат во амбуланти, затоа што по неколку разговори со министерот за здравство, немаат ветување дека нивните барања ќе бидат исполнети. – Нашите барања се покачување на надоместокот којшто во моментов изнесува 26.000 денари, бараме истиот да биде на ниво на просечна плата на договор во […]

Генерален штрајк на приватни специјализанти


Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од денеска. Причина за штрајкот, како што најавија во четвртокот преку соопштение, е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. – На средбата со министерот за здравство, […]

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 15 април 2024 година, 106-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 260 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути. Денов трае 13 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее, […]

Без вода утре дел од Општина Карпош


Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Московска“, „Женевска“, „Хашка“, „Будимпештанска“, „Осло“, „Бањалучка“, „Јоаким Осоговски“, „Урош Ѓудовиќ“, „Душко Бојковски“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф -100 милиметри на улица „Будимпештанска“ бр. 22б. […]

Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири


Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош. -Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој […]

ЦУК: Со хеликоптерска помош ренџерите гасат пожар на Шара


 На територијата на Националниот парк „Шар Планина” има активен пожар, при што гори букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, соопшти Центарот за управување со кризи. -Пожарот се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен стрмен терен. Локацијата била и претходни години горена со што има голема количина лежечка дрвна маса […]

Анализа: ВМРО-ДПМНЕ со најмногу штетни наративи, следат СДСМ и Левица


Над една третина од вкупниот број објави на политичките партии и на политичките лидери содржат штетни наративи, покажа извештајот на Институтот за комуникациски студии направен во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА). Шестмесечниот извештај во рамките претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани […]

Крушево очекува многу спортисти и туристи, а угостителите ќе се снаоѓаат со персонал


Крушево е подготвено и е во исчекување на големата летна сезона со гости, параглајдеристи и туристи. Ќе има шест меѓународни првенства, а за првпат и германско национално параглајдерско првенство, што пак, ќе ги отворат вратите за уште поголем број посетители. Всушност, сезоната е започната, зашто на сите вљубеници во адреналинскиот спорт од Европа условите токму […]

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп


Непознати сторители ги откорнале и дел ги искршиле мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп. Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни. Никој не знае кога тоа се случило, се претпоставува последните три-четири дена. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин. -Ова, по […]

Локализиран пожарот на Ѓермо, во последното деноноќие биле изгаснати 10 од вкупно 13 пожари на отворено


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати.   Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што започнал во текот на вчерашниот ден над село […]

Утре без струја дел од Зелениково


Без без електрична енергија утре ќе останат делови од општина Зелениково, соопшти РЦУК Скопје. – Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Градовци, а од 12:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Орешани лоцирани во околината на реката Вардар, во општина Зелениково, се наведува во соопштението.

„Сите за МКЦ“ на трет неделен собир за поддршка на културните храмови


Иницијативата „Сите за МКЦ“ го организира третиот неделен собир овој месец. Собирот има за цел да посочи на непрекината грижа за културните храмови. Собирот ќе се одржи денеска во паркот зад МКЦ, односно на тревникот каде се наоѓа споменикот „Бомба“. Предвидено е да се одржат две дискусии, поетско читање и концерт. Првата дискусија ќе биде […]

„Се бара жена за чување на старо лице“: Професијата негувател на стари и немоќни сè побарана


„Се бара жена за чување на старо лице“, „се бара жена за чување на старо лица од 85 години“, се дел од огласите што сè почесто можат да се видат на социјалните мрежи. Населението во државава старее што покажа и пописот, а ништо поразлично не ниту во Куманово. Истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека во […]

За околу две години ќе биде отворен граничниот премин Лемос-Маркова нога


Повеќе од половина век, поконкретно цели 57 години жителите на поширокиот регион на Преспа, како во Северна Македонија, така и во Грција чекаат граничниот премин Лемос-Маркова нога одново да биде отворен, нешто што се очекува да се случи за околу две години, како што открива за МИА градоначалникот на грчката општина Преспа Јоргос Стергиу. Во […]

Сончево и топло, температура до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, […]

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители


Управниот суд ја уважил тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати. Судот ја поништил одлуката на ДКСК и го вратил предметот на повторно одлучување […]

Балканот е демографската црна дупка на Европа – Македонија на врвот


Според податоците на статистичката агенција Еуростат, земјите од Југоисточна Европа забрзано изумираат. Меѓу шесте земји со најголемо намалување на населението помеѓу 2012 и 2022 година, има само една која не се наоѓа во Југоисточна Европа, а тоа е Латвија. Најголем пад на населението има Северна Македонија, која во 2022 година има 11 отсто помалку жители […]

Управниот суд вечерва ќе објави одлука за вработувањата во Академијата за судии


Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување корупција ги соочија доказите пред Управниот суд, за приговорот на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска – Дафкова. Антикорупционерите и професорката Дафкова сметаат дека Академијата го прекршува Изборниот законик, бидејќи во моментов види постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и […]