Владата расправаше за стадионот во Тетово, бара Општината да прекине со работите на теренот


Владата денеска ја одржа 22 седница, на која, како што информираат од владината прес-служба, биле донесени повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 годинаи одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „Кфор“ на Косово. Владата, по побарано мислење од Уставниот суд, […]

Помор на подмладокот на риба во велешкото езеро „Младост“


Подмладок од угинати риби во јата денеска плутале на езерската површината на самиот крајбрежен појас на велешкото езеро „Младост“.  Даниел Наумоски, претседател на Здужението на спортски риболовци „Бабуна“ за МИА попладнево информира дека тие прво се забележани од страна на граѓани-посетители на езерото, а потоа биле известени и во Здужението, кое е концесионер на езерото. […]

Интензивни врнежи од дожд и град го зафатија кумановско


Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има […]

Хируршките сали во Клиничкиот центар во употреба, надминат проблемот со компримираниот воздух


Хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Проблемот со  компримираниот воздух е надминат и сервисирањето е успешно завршено, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА. – Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести […]

Врховниот судија Наќе Георгиев доби притвор од 30 дена


  Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, за кој постои основано сомнение за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Од Основниот кривичен суд Скопје, […]

Наскоро паркинг за ПОЦ ќе се плаќа со СМС за корисниците на „М-тел“


Наскоро сите корисници на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ ќе можат да го регулираат паркирањето на комерцијалните зонски паркиралишта кои ги стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Директорите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и телекомуникациската компанија МТЕЛ, Душко Коцевски и Марко Лопичиќ, на денешната работна средба потпишаа договор преку кој се овозможува наплата на паркинг услугите […]

Иљази за Нико Беќаровски: Тој е доктор од времето на „друже Тито“


Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази дала изјава во која истакнала дека „доктор Нико Беќаровски е доктор од времето на друже Тито“. -Од страна на некои лекари, кои не се повеќе од пет или шест, се испорачуваат невистини во медиумите. Во јавноста се добро познати по скандали и дезинформации и се нарекуваат доктори […]

Кој ќе го урне панорамското тркало и рингишпилот кај СЦ „Борис Трајковски“


Рингишпилот кој никнува во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а нема дозвола ниту од Град Скопје, ниту од Општина Карпош, ќе се отстранува со полиција.  Од Општина Карпош, денеска демантираа дека издале дозвола. Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Општина Карпош демантира дека е издадено било […]

Жителите на кумановското село Пчиња бараат санација на мостот


Жителите на кумановското село Пчиња денеска побара интервенција од надлежните институции за санација на мостот. Тие велат дека последните врнежи и зголеменото количество на вода дополнително ја влошува состојбата на еден од столбовите на мостот. – Ако до претходно состојбата беше лоша, сега е катастрофална. Проблемот постојано го актуализираме пред институциите и локалните и државните […]

Токсикологија: Иљази не дозволува вработени да даваат изјави за медиуми без нејзина согласност


Превирањата на Клиниката за токсикологија во Скопје продолжуваат. Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази им забранила комуникација на вработените со медиумите без нејзина дозвола. Во известувањето на огласна табла на Клиниката се наведува дека средби со медиуми се дозволени само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. – Се забранува неовластено свикување на […]

Само Битола има туристи кои остануваат по четири месеци во градот 


  БИТОЛА – Само Битола има туристи кои во градот остануваат по три до четири месеци, како ретко каде на друго место, велат искусни туристички работници од Битола, анализирајќи ги проблемите, состојбите со туризмот и туристичката понуда на градот. Најбројни туристи во Битола се дефинитивно Турците, години наназад, привлечени од историските приказни за Битола и […]

ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените […]

Наградени 12 најдобри вработени во градинките во Општина Центар


Општина Центар и оваа година додели 12 награди и пофалници за најдобрите воспитувачки, негувателки, соработници и помошно-технички персонал од детските градинки. „Професионалниот, посветен и мотивиран кадар е од голема важност во процесот на воспитувањето, негата, квалитетното згрижување и образување на нашите најмали. Раното детство е клучно за севкупниот развој на личноста. Затоа е од витална […]

Помалку дискриминација по однос на националност, зголемена по однос на сексуалност


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) бележи двојно зголемување на бројот на претставки во однос на минатата година, покажува Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2023 година. Сексуалната ориентација, родовиот идентитет, националната и етничка припадност, како и политичкото уверување остануваат најчестата основа за пријава на дискриминација. Претседателот на Комисијата за спречување и […]

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд


Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, […]

Шукова: Кога жените се вклучени во процесите со животна средина, исходите се поиздржливи


Во Скопје денеска почна дводневната „Регионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи во Западен Балкан и Турција“, во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Целта на дводневната конференција, како што беше истакнато, е да се продлабочи разбирањето за сложените врски меѓу намалувањето на ризиците од катастрофи и родовата […]

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор


  Судскиот совет  на итната седница на полноќ му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од Судскиот совет, на седницата се расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет […]

Претрес и во домот на Иџет Мемети, поранешниот народен правобранител


  Истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција цела ноќ вршеле претреси во зградата на Врховниот суд. Ги посетиле и локациите каде што врховниот судија Наќе Георгиев имал недвижен имот. Претреси биле направени и во Струмица, градот од каде што доаѓа судијата. Од досега познатото, судијата е фатен со 10 илјади […]

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете


„Проверете. Размислете. Пријавете.“ е насловот на кампањата која ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се […]

Ултрамаратонката Радмила Јованова: Верувајте во своите соништа и борете се за нив


Пред повеќе од една година ја истрчав мојата прва трка над 100 километри. Оттогаш па наваму, уште повеќе сум сигурна дека сите бариери се во нашата глава. Верувајте во своите соништа и борете се за нив, порачува ултрамаратонката Радмила Јованова од Штип, која е една од неколкуте жени кои во земјава трчаат ултра маратон, а […]