Откажано уличното дефиле на француската трупа „Кидам“


Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето со жалење и со големо разочарување ве известуваат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани. Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, […]

Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата


Премиерот Христијан Мицкоски во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. Тој денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресира, како што вели, оваа значајна тема. -Во недела во која промовиравме нови странски […]

„Друштво Преспа” од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи


 Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и “Бугарите“ и ги смета […]

Метеж на „Богородица“ – Сообраќајот непречено по претежно суви коловози


 Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ, иако на “Богородица“, забележани се колони од возила. Се препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности


  Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. „На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има […]

Сончево и потопло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност […]

Слободни места во вториот уписен рок за Скопје има само во „Корчагин“, сите други гимназии се пополнети


Слободни места за упис од гимназиите кои се наоѓаат на територија на Скопје и тоа за вториот уписен рок има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. Од МОН објавија дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“. Тестирање за […]

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола


БИТОЛА – Алармантна е состојбата ова лето со кучињата скитници низ Битола и најновиот тренд на битолчани да ги напуштат домашните миленици кои се однесуваат агресивно. Речиси да нема ден во полицискиот билтен да нема евидентирано по еден, два и некогаш по три случаи на каснати граѓани од кучиња скитници. Битолчани, но и гостите во […]

Силјановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање


Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката-директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и […]

Парковите на Кисела Вода добиваат пречистувачи за воздух


Кисела Вода ја презема инцијативата како прва општина во Македонија што поставува надворешни пречистувачи за воздух. Во рамки на роденденското празнување, кое вклучува промоција на значајни капитални проекти, ова иновативно еколошко решение се имплементира во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. “Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, […]

Министерот за здравство најави нови разрешувања, спојување на Клинички центар и децентрализација на здравството


Повеќе фокус на јавното здравство, разрешување на сите економски директори, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница најави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната изјава по средбата со американската амбасадорка, Анџела Агелер. Министерот Таравари изјави и дека ќе работат на децентрализација на здравството со цел да се дадат што повеќе […]

Таравари: Веднаш е интервенирано по поплавата во „8 Септември“, на пат сме на решавање на проблемот


 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната поплава која се случи во две операциони сали во ГОБ „8 Септември“, изјави дека по поплавата веднаш е интервенирано од компанијата која ги одржува салите, и потврди дека за ова ќе се сноси одговорност. -Поплавата се случила вчера, за денеска немам […]

Јанушев Генерален секретар на Владата, Петрова директор на УЈП… Еве ги новите функционери


Владата денеска на првата седница донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Овие одлуки ги вклучуваат следните назначувања: Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата. Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” […]

Јанев е нов директор на БЈБ, Петрушевски нов државен секретар во МВР


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешната прва владина седница информираше дека е донесена одлука Александар Јанев да биде избран за нов шеф на Бирото за јавна безбедност (поранешно УБК), или општопознато како тајната полиција. Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и […]

Хоспитализирани нови 11 случаи со голема кашлица, вкупно 826 заболени во државава


Од 21 до 27 јуни, пријавени се 40 нови случаи на голема кашлица, за еден помалку во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, 11 се хоспитализирани, информира дирекеторт на на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети. -Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 27 или […]

Сиљановска Давкова на средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) Kристина Николовска. Сиљановска-Давкова, како што информираат од Кабинетот,  посочила дека имињата на предавачите и слушателите на претстојната 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, се од […]

Членови на планинарскиот клуб „Осогово“ од Кочани искачија три врва над 4.000 метри на Алпите


Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 […]

Со брошура ќе се алармираат жените за ендометриозата


Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката. Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника […]

Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата, сајбер безбедноста ќе биде приоритет


Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе дигитализира 20 нови услуги што им се потребни на граѓаните и компаниите, a кои ќе бидат достапни на порталот uslugi.gov.mk во првите 100 дена од работата на новата Влада. Од нив 10 ќе бидат за бизнисите, а 10 за граѓаните. Како што најави ресорниот министер Стефан Андоновски […]

Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер


Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.