Каков имот пријавил премиерот Мицкоски: Куќа вредна 450 илјади евра, два часовници од 53 илјади евра


Премиерот Христијан Мицкоски го објави својот анкетен лист. На свое име пријавил дека поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (450 илјади евра), имот кој го стекнал со купопродажен договор во 2014 година, кога бил професор на Машинскиот факултет во Скопје. Пријавил и девизен влог во евра, но не напишал кој е износот […]

За Рустеми тврдењата на Николоски за ЈПДП се неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во писмена реакција до медиумите ги нарече „неточни и неосновани, со впечатлива политичка позадина“, тврдењата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски, за неправилности во работењето на ЈПДП. „Изнесените тврдења на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, а по наодите на Државниот […]

УХМР: Попладне повторно врнежи – внимавајте, почвата е заситена со вода!


Зголемување на водостојот на реките и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи попладнево, кои според синоптичарите, на повеќе места можат да бидат поројни. Особено да се внимава доколку овие интензивни врнежи паднат во предели каде веќе неколку денови врне и каде почвите се влажни и заситени со влага, предупредуваат […]

Протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции


По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите. Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот […]

Почна културното лето во Кисела Вода – вечер „2 Бона“ и Пајак


Покрај лошите временски услови, синоќа започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација. Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ “Кузман […]

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта


Подобро разбирање на проблемот и справување со булингот беше во фокусот на работилниците што „Макпетрол“ ги овозможи во над 150 училишта од сите делови на Македонија. Во секоја од 26 општини што се приклучија на општествено одговорната кампања на компанијата, учениците од психолог стекнаа најразлични знаења за врсничкото насилство. Според неофицијалните проценки, помеѓу 35,000 и […]

Лидија Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен по многу нешта, има штета од над 5 милиони евра


Штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт чие што прво рочиште денеска се одложи, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ. Според неа, случајот по многу нешта е специфичен и ќе се врши темелна истрага на преземените дејствија. – Случајот по многу нешта е специфичен, особено поради […]

УХМР: Утре повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови


Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од државава. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.  Минималната температура ќе биде од 13 до 21, а максималната од 23 до 33 степени. УХМР најавува дека за време на викендот времето ќе биде стабилно […]

Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС


 Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски. Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата. Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, […]

„Лајка“: Напуштањето домашни миленици интензивирано во летниот период


Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување, велат од Јавното претпријатие „Лајка“, појаснувајќи дека напуштањето миленичиња е интензивирано во летниот период. – Напуштањето домашни миленици е суровост и злоупотреба што мора соодветно да се превенира, а доколку се случи, најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. […]

Јаневска: Концепцијата за основно образование не дава резултати, па преку јавна дебата ќе биде изменета


 Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи […]

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на […]

Поплавени куќи, улици, прекини во снабдувањето со струја – хаос во Скопско, Кумановско и Тетовско


Поплавени се куќи, улици, имало пријави и за прекини во електричната енергија, по синоќешното невреме што ги зафати скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле пријавени, а сѐ уште и се пријавувале, поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, […]

Поплавени патишта во Крива Паланка од Осички мост до Техничкипреглед и кај село Станци


Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка од местото викано Осички мост до Технички преглед од ноќеска во 23.40 часот. Сообраќајот е во прекин во двата правци поради нанос на песок од невремето, информира АМСМ. Поплавен и отсечен е и патот кај кривопаланчекото Село Станци со околните места, како и […]

Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар


Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Промоција на монографијата за Заре Лазаревски, творецот на СКИ – центарот Маврово


Монографија „Приказна за големиот визионер, креатор и градител Заре Лазревски, Ски-центарот и Маврово“ вечер ќе биде промовирана во ресторанот Воденица. По повод 100 годишнината од раѓањето на Заре Лазаревски, за неговата животна определба Маврово да го направи признат и познат регионален ски и туристички центар, ќе зборуваат авторите Јасмина Миронски и Бранко Станчевски, како и […]

Промоција на Речник на поими од медиумска писменост


Во Американското катче во зградата на Економскиот факултет при УКИМ, денеска ќе биде промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. На настанот се поканети новинари со кои ќе се дискутира за важноста на медиумската писменост и користењето на македонскиот јазик во медиумите. Во […]

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне […]

Без струја утре делови од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода


 Без струја утре ќе бидат делови од скопските општини Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што соопштиле од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од осум до 13 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Славчо Стојменски“ во […]

Откачен олук на висококатница во скопски Аеродром – го држат за балконот да не падне (видео)


На 112 во 20.30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. За истото РЦУК Скопје контактирал со пријавителите и истите испратиле и […]