Возот од Велес утрово не тргна за Скопје


Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, […]

Нов обид на Уставен суд да избере претседател


Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот. Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати […]

Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната […]

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе користат надворешни компресори и садови со компримиран воздух


Заменик-министерката здравство Маја Манолева денеска изјави дека на средба со директорите на клиниките и договориле за алтернативни решенија за хируршките сали кои изминатите денови не работат поради проблеми со компресорската станица и со инсталацијата за кислород. – Се договоривме да отпочнат со работа сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали со користење на […]

Невреме со град во Демир Капија


Невреме со врнежи од град ја зафати попладнево општината Демир Капија. Од локалната самоуправа за МИА изјавија дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија.  Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни […]

Во Велес, Гевгелија, Кавадарци – 34 степени, околу Демир Капија локална појава на пороен дожд и грмежи


Во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија попладнево имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи. До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер […]

Велосипеди, ролерки, тротинети… над 8 илјади учесници на „Вози право, вози здраво“ (фото)


Во Скопје денеска по осми пат се одржа најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје. Центарот на Скопје беше преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави […]

„Бабина Баница“ по 11-ти пат во каменичкото село Цера


Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец” во каменичкото село Цера денеска е домаќин на 11. издание на манифестацијата „Бабина Баница 2023“. Манифестацијата е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, каде учесници од повеќе градови се натпреваруваат во месење, сукање и печење баница на стар традиционален начин под вршник. Манифестацијата и годинава ќе биде проследена со […]

Времето сончево и топло, во вечерните часови дожд и грмежи


Времето до крајот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР. […]

Делови од Волково и Радишани утре без струја


Корисниците од Волково на потегот од кружниот тек кон село Кучково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓоре Ѓоревски“ на третиот влез во населбата Радишани. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на […]

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје


Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката. Како што информираат од МВР, […]

Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. […]

Бугарска фондација купи 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп


  Бугарската фондација на издавачот Манол Пејков од политичката коалиција „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп. Распаднатата куќа на Талев, кој после 1948 година стана еден од најценетите бугарски писатели, е една од поважните теми во бугарската јавност во последно време. Идеја е таа да се спаси […]

Започна голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро


  На брегот на Охриското езеро утрово започна голема еко-акција за чистење на езерото, организирана од „Скопско“. Акцијата започна на пристаништето во Охрид каде околу 70 нуркачи од клубот „Амфора“ и гости од други клубови од соседните земји нурнаа во езерото за да го исчистат езерското дно. Во исто време, на плажата Дебрца на стариот […]

Кумановци добија безбедна вода за пиење


По осум дена без вода кумановци ја добија потребната потврда од Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за пиење. Граѓаните здивнаа, не мораа веќе да купуваат флаширана вода за пиење. Општата болница повторно примаше пациенти, објектите од детската градинка и домот за стари лица како институции веќе не мораа да набавуваат вода […]

Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура


 Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и […]

Без струја дел од улицата „Даме Груев“ во Центар


 ЕВН известува дека денеска, 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Даме Груев“ – Блок 10 згради и деловни објекти во Општина Центар. Прекинот на електрична енергија ќе биде поради планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа. 

Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Според прогнозата на УХМР, попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура […]

Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски


Во основниот суд Куманово, денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случај со недобивање дозволи за градење згради во Куманово. Прифатени беа одлуките на Управниот суд, постапката која се водела во системот за е-градежни дозволи […]

МОН: Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура


Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде […]