Општина Кисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево


На место кое до неодамна беше огромна депонија, на местото викано Дупки во Драчево, никнува нова локација за љубителите на спортот. Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нов модерен спортски центар кој ќе нуди две фудбалски, кошаркарско и одбојкарско игралиште, крос патека и фитнес зона, спортски содржини кои ги бараа младите од овој […]

Стручниот колегиум на Државна кардиохирургија го обвини министерот Демири дека лиферува лаги


  Стручниот колегиум од Државната кардиохирургија денеска во реакција на синоќешната изјава на министерот за здравство Илир Демири во емисијата „Вин-Вин“ на Телма оценува дека тој „лиферувал безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на Клиниката за кардиохирургија“. Демири во гостувањето демантираше дека е политичка пресметка разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија […]

Рекорден број учесници на „Охрид трчаТ“ – 2.200 натпреварувачи од 31 држава


На 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што ќе се одржи од денес до недела, учество ќе земат рекордни 2.200 натпреваривачи од 31 држава. Гостин на спортската манифестација ќе биде претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Ова беше истакнато на прес конференција на која беа соопштени деталите за годинешното издание на „Охрид трчаТ“. – […]

Уставните судии и денеска не избраа претседател


По два обиди уставните судии и денеска не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2 јуни.Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни. Како и вчера, […]

Трет месец жителите на Тетово се соочуваат со погрешни комунални сметки


Граѓаните на Тетово и понатаму доаѓаат со фактурите за комунални услуги и бараат од градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами да го реши проблемот затоа што тоа не било средено со компанијата „Заубермахер“, која го презеде собирањето на сметот од градот. Сметките за февруари од март почна да ги издава „Заубермахер“, но наместо по жител, […]

ЈП Градски паркинг- Скопје од утре со летно сметање за зонско – паркирање


Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: – Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Исто така, им апелираме на сите корисници […]

ОЈО поднесе обвинителен акт против четири лица во врска со убиствата на Ѓорчевска и Жежовски


Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Јавниот обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети соизвршители и мерката куќен притвор за нивниот помагач. Тројца од обвинетите се гонат […]

Следните денови сончево и топло, во попладневните и вечерните часови локален пороен дожд и грмежи


УХМР информира дека следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Според УХМР, поради големата енергија во атмосферата наместа процесите […]

Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1.567 лица, 2.488 склучени бракови, 597 разводи


Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се […]

ИЈЗ: Бројот на активни пушачи кај нас е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун


Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на […]

ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје


Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни на битолска територија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). На локација каде се гради нов објект […]

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин


Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоиле награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение „Летаме со ербас“ бил координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.   -Натпреварот го организира […]

Во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“


Во организација на Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата во периодот од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“. -Паркот на Франкофонијата ќе биде точка каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци,  еко производи, но и традиционални специјалитети […]

Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд


По вчерашните четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, седницата за избор продолжува продолжува денеска во 10 часот во просториите на Судот. Според информациите, на седницата за избор која започна вчера во 10 часот ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ […]

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 31 мај 2024 година, 152-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 214 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото


„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот,  а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната […]

Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали


Министерот за здравство Илир Демири денеска испратил допис до Владата во кој бара итно и неодложно да се промени компресорската станица на Клинички центар за да проработат хируршките сали кои 13 дена се затворени. Демири, како што стои во објавата на социјалните мрежи на Министерството за здравство, побарал и да се средат сите работи околу […]

За модерни општини и град Скопје e клучен безусловен рамномерен регионален развој


За модерни општини и град Скопје клучен е рамномерен регионален развој и тој не смее да биде условен од политика или друг фактор на поделба, е заклучокот произлезен од средбата на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Како што информираат од прес-службата на […]

Добар јавен превоз може да ги намали жртвите во сообраќајот


Човечкиот фактор е клучен за немање жртви во сообраќајни несреќи. Убедливо најголема причина за сообраќајните несреќи е брзото возење, над 60 проценти додека квалитетот на патната мрежа влијае со еден процент врз сообраќајните несреќи. Ова го порачаа учесниците на третата Меѓународна конференција за безбедност во сообраќајот на патиштата во организација на Републичкиот совет за безбедност […]