Денеска многу топло со температури до 36 степени, попладне можен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексто ќе изнесува 8. […]

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”


Европското движење во Република Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираат настан по повод Денот на Европа – 9 Мај. -По тој повод организираме целодневен настан со наслов “Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” кој ќе се одржи денеска во Скопје. Настанот ќе започне […]

Форум „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“


Во ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе се оддржи Форум насловен како „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, а во соработка со Музејот на град Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија. -Оваа година Синиот […]

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22, во општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 милиметри на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Фестивал на детски мјузикли


 Со „Приказната за генијалната Матилда“, вечер во кино „Фросина“ почнува Фестивалот на детски мјузикли.  „Приказната за генијалната Матилда“ ќе биде изведена на македонски јазик од членовите на Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј Јуниор“ од Скопје. „Чудо“ (Miracle), „Кога ќе пораснам“ (When I Grow Up) и Деца на револтот“ (Revolting Children), се само некои […]

Јавното обвинителство наскоро може да се произнесе за надзорот над автопатите од „Бехтел и Енка“


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најавува дека наскоро Јавното обвинителство би можело да излезе со одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“. -Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и […]

Се воведува „итно копче“ и превоз за стари лица во Гази Баба


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје д-р Сузана Тунева Пауновска, договори отпочнување со реализација на два проекти и тоа Итно копче и превоз за стари лица и лица со попреченост.   За проектите, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на […]

Бесплатен летен спортско-едукативен камп за ученици од општина Кисела Вода


Бесплатен летен спортско едукативен камп за спортските таленти од основните училишта и учениците од социјално ранливите семејства, обезбеди Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива, која е плод на посветеноста за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовира и еднаквите можности за учество и развој на сите деца без разлика на нивната финансиска состојба. […]

Матурата во ходници и сали, но без блокатори – матурантите повторно се послужија со вибер-групи


Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии – за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето. Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и […]

Нова драма во Судскиот совет, кандидатка за член се повлече пред гласањето


Судскиот совет денеска не ѝ дозволи на судијката од Врховниот суд Цветанка Периќ да се повлече од изборите за членови на Судскиот совет што ќе се одржат на 6 јуни, иако таа на 30 мај поднела известување дека се повлекува од изборната трка од здравствени причини. Во четврток судиите ќе гласаат за два нови члена […]

„Вози право, вози здраво“ ќе се заокружи со донација за детскиот велодром во паркот Сарај


Во рамките на настанот „Вози право, вози здраво“ што се одржа во неделата, над 8. 000 луѓе од сите возрасни групи ги преплавија улиците во центарот на Скопје, со велосипеди, ролерки, тротинети, а имаше и родители што ги донесоа своите деца во колички и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики. Во годината кога Банката […]

Се сликаат фреските во црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје


  Однадвор изгледа дека ништо не се работи, но внатре е поинаку. Скопската  епархијапри МПС-ОА,  ја информира јавноста дека во изминативе 6  месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува […]

Уставниот суд потврди дека изборот на претседател е блокиран


Денеска продолжи седницата за избор на нов претседател на  Уставниот суд.  Се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови. Во моментот се вршат консултации помеѓу судиите за продолжението на оваа седница, соопшти […]

Учениците од Крива Паланка ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“


Работилници овозможени од „Макпетрол“ ќе се организираат и во Крива Паланка во рамки на општествено одговорната кампања на компанијата. Учениците од оваа општина ќе бидат дел од едукативни средби на кои што за различните аспекти на булингот ќе разговараат со психолог со искуство во проблематиката. Знаењата споделени на овие работилници се наменети и за наставници, […]

За еден месец расчистени 1.800 метри кубни од диви депонии низ Скопје


Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1.800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје. Интервенирано е на улиците Христо Батанџиев, Воин Драшковиќ и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, на улиците Васил Чакаларов и Теодосие Гологанов, како и во населбата Жданец во општината […]

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема „Општинска Европа-Можност и одговорност“, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. На денешната панел дискусија градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот […]

Светлана Колариќ нов претседател на Советот на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода доби нов претседател на Советот. Светлана Колариќ која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМЕ денес, со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот претседател Иван Живковски на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието, соопшти општинската прес-служба.   Новиот претседател на Советот, Светлана Колариќ се […]

И Осман Кадриу не доби доволно гласови за да стане претседател на Уставен суд


  Ниту уставниот судија Осман Кадриу денеска не доби доволен број гласови да стане претседател на Уставниот суд. Мандатот на Добрила Кацарска како претседателка на судот измина вчера, а денеска претходно без победник заврши гласањето за Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За двете судијки се гласаше безуспешно и во четвртокот и петокот, а резулатот беше […]

Павловска-Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство


Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен. Ова […]

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура


Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот […]