„Не биди ѓубре” акција за чистење на општина Кисела Вода


На Светскиот ден на животната средина се одржа заедничка еколошка акција во која учествуваа Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градинките и училиштата од овој дел на градот, заедно со тимот на „Не биди ѓубре”, предводен од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ. Од локалната самоуправа информираа дека се чистеа јавните површини низ целата општина, а […]

Третоодделенци од Илинден место на екскурзија останаа на паркинг – не дошле автобусите!


120 третоодделенци од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, кои денеска требаше да заминат на еднодневна екскурзија во Крушево, останаа на паркингот од училиштето, затоа што не дошле автобусите. Училиштето не потпишало договор со агенцијата „Кондор“, која ја добила јавната набавка пред неколку месеци, врз основа на законскиот услов, најниска цена. Автобусите кои требаше да […]

ЦУК: Пожари на отворено во скопските општини Бутел, Карпош, Сарај


Три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје – Тетово во Сарај. Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите […]

Промовиран прирачник за машкото здравје „Фокусирај се на себе, за себе“


Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп  синоќа го промовираше раритетниот прирачник „Фокусирај се на себе, за себе“, посветен на грижата за машкото здравје. Во месецот на машкото здравје, јуни, Здружението со прилози и совети на истакнати стручњаци, го претстави прирачникот пред јавноста за да укаже на потребата од грижата, уште повеќе во […]

Повисоките зони во Делчево денеска и утре без вода за пиење


Поради реконструкција на дел од водоводната мрежа, повисоките места во Делчево денеска и утре ќе бидат без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие „Брегалница”. Без вода за пиење ќе бидат и село Тработивиште и населбата Ѕвегорска Река. -Поради изведување активности на водоводна приклучна шахта С-3 на доводен цевковод ф 315, од кој се […]

Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово


Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на […]

Сончево и топло, температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. […]

Државниот испитен центар ќе објави имиња на тестатори кај што имало масовно препишување


 Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.  – Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во […]

Без струја утре делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода


 Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче […]

Ина Многуфина ја искара Арсовска, па ЈСП се јави со објаснување за неработењето на жичницата до Водно


Инфлуенсерката Ина Многуфина, која на социјалните мрежи има голем број следбеници, објави статус во кој вели дека денеска била на Водно, но жичницата не работела, и посочи дека никаде немало објавено дека жичницата нема да работи. Откако инфлуенсерката Ина Многуфина ја искара градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека никаде нема информација оти жичницата до Водно […]

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 13 јуни


Судењето за случајот „Организатори на 27 април“, денеска беше одложено за 13 јуни годинава. Како што образложи судијата Илија Трпков на почетокот на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, добил известување од адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, дека поради здравствени причини на близок член од […]

Изградба на нова улица и пешачка патека во Јака, Oпштина Илинден


Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за rеконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општината. Како што информираат од Општина Илинден, станува збор за улицата „109“ во должина од 430 метри, а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица ќе добие […]

„Итно Копче“ почна од Кисела Вода – услугата ја користат 100 изнемоштени


Од Општина Кисела Вода денеска почна новата услуга „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани. Засега оваа бесплатна услуга ја користат 100 лица во територијата на Градот Скопје. Интеннцијата на Црвениот крст е во наредните две години услугата да ја користат илјада лица. „Итно Копче“ е иновативен аларм-уред кој на нашите сограѓани им […]

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд и грмежи


Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти УХМР.  Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Лекарска комора одбележа 32 години постоење


Лекарската комора одбележа 32 година од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во „Куќата на уметноста“, во село Кнежино, во присуство на претставници на органите и телата на Комората, претставници на државни институции како и доктори од целата држава. Пригодни обраќања имаа претседателката на […]

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” (во живо)


По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење во Република Северна Македонија организираат настан во чии рамки ќе биде организирана и панел дискусијата на тема: „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”.

Во Штип околу 50 дечиња се на листа за чекање за прием во градинките


Околу 50 дечиња се на листата за чекање за упис во штипските детски градинки. Раководителката на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека ова се должи на малите капацитети на детските градинки, но и недостаток на кадар. Над 40 работни места  се испразнети во детските градинки по основ на пензионирање, а […]

Мај годинава просечно топол и нормално врнежлив


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Северна Македонија, месец мај годинава се карактеризира како просечно топол и нормално врнежлив со исклучок на источниот дел од државата, каде се измерени поголеми количества врнежи во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 10,3°С во Лазарополе до 19,2°С во Гевгелија. Споредено […]

Преку ЦУК надминат проблемот за реактивирање на базната телекомуникациска станица на хотелот „Еуротел“ во Струга


Преку Центарот за управување со кризи бил надминат проблемот што го имале компаниите „Македонски Телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје со нивната централна преносна базна станица што се наоѓа на кровот од хотелот „Евротел“ во Струга, која поради нерасчистени имотно правни односи, била исклучена од довод на електрична енергија. Лица од Регионалниот ЦУК […]

Ученички од „Владо Тасевски“ освоија прво и трето место на Државниот натпревар по македонски јазик


Со вкупно освоени 98 поени, седмоодделенката Ана Темјановска од ООУ „Владо Тасевски“ (општина Карпош) под менторство на наставничката Соња Деловска, го обезбеди првото место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за учениците од основно и средно образование, кој се одржа на 1 јуни 2024 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Одличен […]