Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена. Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се […]

ЈСП : Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното


Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Приватниците и Кушовски денеска […]

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата


 Пензионерите кои протестираа и бараа линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари денеска на средбата во Свети Николе го презентираа нивниот предлог Закон со кој бараат минималната пензија да се поврзе со минималната плата. Авторот на законското решение Миле Тасевски појаснува дека тие бараат минималната пензија да биде 70 отсто од минималната плата, а истото […]

Кривична пријава против директорката на ученички дом во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција поднесе кривична пријава против Елена Спасеновска, актуелна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ Битола за злоупотреба на службената положба и оштетување на Буџетот на МОН, истрага која започна по новинарските пишувања на дописникот на „Независен“ од Битола. Вчера СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 57-годишната […]

Целосно реконструиран вториот дел од улицата „Козле“ во Нерези


Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата „Козле 3“ во урбаната заедница Нерези. Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје. Во изминатиот […]

Поскапува водата во Куманово


Кумановци ќе плаќаат поскапа вода, одлучи денеска мнозинството во Советот на општината. Како што објасни директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Оливер Стојмановски, обврската за зголемување на водата е донесена согласно предложените тарифи на регулаторна комисија за енергетика и е законска обврска на претпријатието. Зголемувањето за тековната е 24 проценти или 12, 5 денари. Зголемувањето на […]

Клековски ја презеде функцијата од Филиповска Грашкоска во Фондот за здравство


Денеска во Фондот за здравствено осигурување се изврши примопредавање на должноста директор на ФЗОРСМ. Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата на РСМ. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е […]

Последните измени на Кривичниот законик на штета на борбата против корупција


Измените во Кривичниот законик од 2023 година штетно влијаеа врз правосудниот систем и врз исходот на кривичните постапки поврзани со случаи на висока корупција бидејќи поголем дел беа запрени поради застарување. Потребни се правни механизми за да се ублажат штетните последици од донесените законски измени со коишто се донесени ослободителни пресуди.Ова се дел од поентите […]

Уролозите апелираат машката популација над 50 години да прават прегледи


 Секој маж над 50 години мора да прави специјалистички прегледи, вели Влатко Филипов, специјалист уролог во Клиничка болница-Штип. Статистичките податоци, како што посочува, покажуваат дека поради тоа што мажите ги избегнуваат прегледите се регистрираат и поголем број случаи на карцином на простата. -Основните прегледи кај уролог се вршат со претходна припрема кај матичниот, со правење […]

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност


 Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска во врска со најавите за распуштање на Советот и реформи во делот на изборот на неговите членови, рече дека не ја поддржува тезата на колективна одговорност. На денешната Конференција за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Дамева посочи дека […]

Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме


Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека од утре можат да пријават штети од вчерашното невреме кое го зафати регионот.  Како што соопштија од локалната самоуправа, Општинската комисија за утврдување на висината штетите од елементарни непогоди и друго несреќи констатирала дека невремето проследено со пороен дожд, град и ветер предизвикало сериозни штети на посевите во селата […]

Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци


 Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако […]

Вински музеј Кавадарци со околу 13.500 посетители за неполни четири години


Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години, информираше денеска директорката Весела Честоева. Таа истакна дека во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот. – За првата половина од оваа година имаме евидентирано околу 1.600 гости од земјава и странство, лани бројот на посетители […]

Агелер: Довербата во правосудството е шокантно ниска


Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, бидејќи државата има добро изработени закони и искусни обвинители и судии, смета американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. На Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Агелер порача дека тие треба […]

Ако бидат овозможени пристојни услови, ќе има настава на албански јазик во Чашка


Настава на албански јазик во општина Чашка од септември ќе има ако бидат овозможени пристојни услови за учениците, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во одговор на прашањето дали има дискриминација во случајот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка каде што минатата учебна година имаше протести од родители.  Министерката нагласи дека правата на […]

Ѓорѓиевски и Ристовски се зафатија со салата „Расадник“


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата „Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја […]

Чибишев најавува вработувања по конкурс и закон – биологот ќе работи прва смена, а потоа на повик


 Новиот директор на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев денеска на прес-конференција посочи дека најголем проблем на Клиниката е недостигот на кадар. Најавува интензивни напори да се надмине проблемот.  Вели дека има недостиг од секаков кадар и дека веднаш се потребни околу 15-тина лица, пред се млади кадри бидејќи просечната старост на вработените на Клиниката е […]

Градоначалникот на Крива Паланка бара државна помош за справување со штетите од невремето


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја повика Владата на Република Северна да овозможи државна помош за Општина Крива Паланка за справување со штетите од невремето што ја зафати целата држава деновиве,  кое во општината оштети над 40 километри земјена патна инфраструктура. -Потребни нѝ се помош и поддршка од надлежните национални институции и претпријатија […]

Општина Тетово до петок ќе прима барања за обесштетување од невремето


Општина Тетово информира дека времето за поднесување барање за обесштетување од невремето на 23 јуни ќе биде до петок (5 јули 2024 година). Сите граѓани кои имаат штети во домаќинства и на земјоделските површини можат да поднесат барање за процена на штета до Општина Тетово. Барањето треба да го подигнат и пополнето да го достават […]

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина


Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок, како предупредување, ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, […]