Уставниот суд демантира дека Кацарска го губи статусот на уставен судија


По прашања од повеќе медиуми, Уставниот суд информира дека во отсуство на официјални информации за било каква иницијатива за престанок на мандат на судија на Уставниот суд нема да дава коментари. Според објаснувањето, во Уставот во член 111 став 4 јасно се уредени основите за престанок на функција на уставен судија. Како што може да […]

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор


Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга. Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците. – Првичните резултати од […]

Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација


Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје. Официјална потврда од Министерството за здравство сѐ уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција.  Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. […]

Филипче му оддаде почит на Киро Глигоров


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го посети гробот на превиот преседател на Македонија, Киро Глигоров, и му оддаде почест на неговиот лик и дело. Заедно со Филипче беа ќерката на Глигоров, Донка Глигорова, и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев. „Длабока почит за ликот и делото на првиот претседател на независна и суверена Македонија […]

Сиљановска го посети Генералштабот и Министерството за одбрана


  Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја оствари својата прва официјална посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, при што оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и со генералите во Армијата и раководни лица во Министерството. По […]

Ќе се реконструира салата во Гевгелија, а пуштен е и булеварот до граница


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, го предадоа во употреба новиот булевар кон Граничниот премин „Богородица“ и го означија почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Гевгелија. Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека денеска во Гевгелија е означен почетокот и крајот на […]

МОФ апелира за промени во политиките за да се спречи егзодусот на младите


Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека Македонија се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци. Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите […]

Измените на законот за здравство предвидуваат и намалување на функционерските надоместоци


Новите измени на законот за здравство предвидуваат намалување на функционерите, но и на функционерските надоместоци во здравството. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави обединување на клиниките во рамки на Клиничкиот центар во едно правно лице, регионализација и локален пристап во здравствениот систем.    -Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството. Стоп […]

Преку донации обезбеден комплетно нов инвентар за реновираниот дел во болницата во Отешево


Комплетен болнички инвентар, мебел, медицинска опрема и лекови се само дел од донациите на хуманитарната организација  LetzCare a.s.b.l. од Луксембург и фондацијата „Воздух за Преспа” од Холандија за Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево. Директорката на установата Билјана Гошаревска за МИА информира дека преку донациите обезбеден е комплетно нов инвентар за реновираниот […]

Отстранети ѓубриштата на „Џон Кенеди“


Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во скопската општина Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад, по што екипите на претпријатието спроведоа и рачно […]

Инспекции ќе казнуваат за фрлање ѓубре во Аеродром


Се зајакнуваат инспекциските контроли во Општина Аеродром, Новиот в.д градоначалник Дејан Митески најави дека инспекциската служба на Општина Аеродром го интензивира своето присуство на терен, а најавени се и почести казни за несовесните граѓани и правни субјекти што ја нарушуваат хигиената на јавните површини, се паркираат на плочници и тревници и фрлаат отпад на места […]

Струга никако да најде спасувачи на плажа


Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени спасувачи на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, потврди за МИА Адуриме Даути, секретар на Општинската организација на Црвен крст – Струга, преку која се спроведува ангажирањето на лиценцирани спасувачи на вода. Обуката за спасувачи на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира […]

ДЗР: Треба да ги одржуваат патиштата, а тие и претпријатието го раскрчмиле


Одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност поради сериозните финансиски предизвици на Јавното претпријатие, покажува конечниот ревизорски извештај на „Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта“ што денеска го објави Државниот завод за ревизија, по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈП за одржување […]

АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци


 Граѓаните наплатиле 443 милиони денари или над 7,2 милиони евра од осигурување живот во првите пет месеци од годинава, покажуваат официјалните податоци кои шесте компании за осигурување живот ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Во овој период над 2.500 граѓани добиле надомест за штетите кои биле покриени со полиси за осигурување живот […]

Пожари во Гевгелија и штипско Караорман


Изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал два пожара на отворено, кои биле изгаснати од страна на противпожарните екипи. На запалена ниска вегетација на влезот во Гевгелија било интервенирано синоќа од 18 до 18.50 часот од тим од тројца пожарникари со едно противпожарно возило. Запалена ниска вегетација горела и во штипското село Караорман. […]

Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути


Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Предизвици и дилеми по најавата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители


Најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители деновиве предизвика дискусија колку тоа ќе влијае на судската власт.   Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева смета дека не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност која точно ќе биде детектирана и санкционирана.  – Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој […]

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 4 јули 2024 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 180 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]