Мораториум на одредени специјализации на Медицинскиот факултет и вработување на најдобрите пет студенти
Одредени специјализации за кои има премногу кадри во државата ќе бидат под мораторуим оваа година, најави министерот за здравство Арбен Таравари, по средбата со деканот на медицинскиот факултет во Скопје. – Ќе дадеме предност на одредени специјализации коишто ни недостасуваат – пред сѐ онкологија, патологија, радиологија, анестезиологија. Овие ќе бидат многу побројни – рече Таравари. […]