МО: Не се армиските вежби одговорни за пожарот во Пепелиште


Би сакале да ги демантираме изнесените информации, односно непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште. Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот. Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа […]

Aнима мунди против изградбата на стрелиште во Маврово


Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси. Се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое […]

Министерот за јавна администрација се сретна со претставниците од синдикалните организации


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со претседателот Трпе Деаноски и членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и со претседателот Благоја Ралповски и членови на Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија (КСС). На средбата се разговараше за предизвиците и моменталната […]

Ослободен од обвинение полицискиот инспектор обвинет за смртта на мигрантка


Полицаецот Игор Марков од гевгелиско Негорци, кој минатата година застрела смртно 23-годишна мигрантка, е ослободен од обвинение. Ваква пресуда донесе Кривичен суд во судската постапка што се водеше во врска со смртта на 23-годишна мигрантка. Обвинетиот и неговите адвокати не беа присутни во судницата.  Судот изрази жалење и сочувство до блиските и до сопругот на мигрантката. […]

АХВ: Затворена сендвичарница во скопски Аеродром – се затруле девет лица


Сендвичарница во Аеродром е превентивно затворена по извршен инспекциски надзор, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје […]

На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата овозможува што побрзо поминување на границата


На граничниот премин Табановце во периодот од 10/ 11 јули годинава од полноќ до 08:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536, соопшти денеска МВР. Зголемен е бројот на патници и возила во овој период со оглед на годишните одмори. Полицијата, велат од МВР ги презема сите мерки и активности, со цел да […]

Усеини: Има доволно крвни единици во државава


 Има доволно крвни единици во државата, изјави за МИА, Седула Усеини, директор на Институт за трансфузиона медицина, откако во јавноста излегоа информации дека има итна потреба од крвни единици од крвните групи А+ и 0+.  – Не е алармантна состојбата, добра е состојбата, населението не треба да се грижи, нема простор за паника. Вообичаено имаме […]

Бремените жени и лицата над 60 години од утре до следниот четврток се ослободуваат од работа


Бремените жени и лицата над 60 години од утре до следниот четврток се ослободуваат од работни обврски, одлучи Владата на денешната онлајн седница. Поради топлотниот бран што ја зафати земјава се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење […]

Застојот на граничните премини ќе се намали со видео камери за распознавање на таблички


Министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.на која разговараа за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини. Станува […]

Уште нови директори на клиниките


  Министерот за здравство Арбен Таравари во изминатите неколку дена именувал неколку нови в.д. медицински директори, соопшти Министерството за здравство. „На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, додека на Клиниката за детски болести за […]

На брза лента во Собранието се носат закони по скратена постапка


  Собранието денеска ја започнa 10. седница на која за натамошна постапка беа прифатени десет закони по скратена постапка, кои, како што објаснија пратениците, се, генерално, усогласувања со веќе донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и формирањето на ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. По скратена […]

Во петок и сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 12 и на 13.07.2024 година (петок и сабота)  во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Македонија ќе се пече на 42 степени, Скопје нема како да се разлади


  Македонија деновиве е под портокалов аларм со температури над 40 степени, а викендот се очекуваат екстремни горештини. Tемпературите во следните три дена ќе достигнуваат и до 42 степени Целзиусови. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од […]

Деца кршат и дивеат со дувалка за лисје во Центар – градоначалникот побара помош од полицијата (видео)


Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското […]

Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта


Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а […]

КСЗД примила 77 претставки за дискриминација најчесто за сексуална ориентација и попреченост


 Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го објави извештајот за периодот април – јуни 2024 година. Според податоците, во вториот квартал на 2024 година, до КСЗД се доставени 77 претставки и тоа 61 од физички и 16 од правни лица. Во споредба со истиот период во 2023 година, бројот на поднесени претставки е зголемен […]

Апел до неколку села за евакуација поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско


Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата. Вакво соопштение штотуку издаде Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.  – Се упатува апел до населението во Општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги […]

Со дигитализација до намалена бирократија и злоупотреби во здравството


 Преку дигитализација до намалување на бирократија и на можноста за злоупотреби, се наведува во денешното соопштение на Фондот за здравствено осигурување (ФЗ). Решавање на проблемите со што се соочуваат лекарите во државава, било тема на разговор на директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова […]

Сите училишта што имаат можност да имаат само една смена – градинките да бидат под МОН


Министерството за образование и наука анализира во кои училишта има услови наставата да се организира во една смена. Министерката Весна Јаневска информира дека тоа е програмската определба на ВМРО ДПМНЕ, се однесува на основното и на средното образование и дека следува период на градење услови за да може да се реализира. -Некои училишта можат тоа […]

Комеморативен марш за жртвите од геноцидот во Сребреница


Бошњачкиот национален совет (БНС) денеска во Скопје ќе  го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“, во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница од 1995 година. Маршот ќе почне во 18 часот од Веро паркот во Чаир, ќе продолжи по булеварот „Џон Кенеди“, Старата чаршија, плоштадот „Филип Втори“ и ќе заврши […]