Тримесечно бебе било малтретирано на Клиниката за детски болести? Таравари најави одговорност


Министерот за здравство синоќа, заедно со директорот на Детската клиника тргна и лично да се сретне со семејството на детето, кое било на Клиниката за детски болести, а било малтретирано. Оттаму потврди дека детето е повредено и оти има модринки по рацете. Уште еднаш повтори ќе се преземат мерки против секој кој постапил несоодветно со […]

На ГП „Табановце“ зголемена фреквенција за влез и излез од државата


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција за влез и излез од државата има на граничниот премин Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  АМСМ препорачува прилагодена брзина […]

Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“


Како засилување на силите што го гаснат од земја, пожарот во општина Неготино, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз огнените јазици на планината Серта. Полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два „ер трактори“ кон Серта ќе полетаат во 10 часот, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Кризниот штаб на Општина Неготино […]

Вкупно 551 лице со овчи сипаници во јуни, пад во однос на заболени во мај


Во текот на јуни, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 551 пријавено лице. Се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници, како во однос на претходниот месец мај – 837, така и во однос на јуни 2023 кога евидентирани биле 760 заболени, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за […]

Високи темпeратури, до крајот на следната недела портокалова фаза


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот […]

Време за Матка (фотогалерија)


Додека Скопје врие на температури близу 40 степени Целзиусови, Матка е најдоброто место за разладување. Длабоката клисура исполнета со сино-зеленкаста вода нуди можност за скопјани слободно да дишат. Температурата на воздухот е за неколку степени пониска од центарот на градот, а секој што сака може да нурне во студените води. Платформи за рекреација, педалинки, кајаци, […]

Четворица малолетници пронајдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија


Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал, јавува Фокус. Тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. Од […]

Независниот синдикат на државна администрација на средба со Филков и Пандов поради недостатоци во судството и Затворската Полиција


Независниот синдикат на судска администрација и Синдикатот на Затворска полиција и администрација, како дел од Независниот синдикат на државна администрација, денеска, остварија средба со министерот за правда Игор Филков, како и со директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.  Како што посочи претседателот на Независниот синдикат на државната администрација, Горан Петрески, на средбата […]

Ристовски во Прилеп со цел да ги оспособи спортските сали – Универзалната и салата „Македонија“


Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп, кој стопанисува со нив и какви се имотно-правните односи и нема да дозволиме политиката да се меша во спортот, изјави минисгерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на Универзалната сала во Прилеп. Неговата посета е на покана и петиција од градот со која се бара […]

Се реновираат тоалетите во „Лазо Ангеловски“, нови спортски центри во салата „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче


Повеќе градежни активности се спроведуваат во текот на летниот период во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, како и во спортскиот центар „Марко Божиновски“ што се наоѓа во рамките на ова училиште. Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети локациите каде што активно се работи на подобрување на инфраструктурата на овие објекти пред […]

Јаневска: Децата од селските училишта се изолирани – да ги донесеме во градските, смарт-табла да видат


Проектот за оптимизација на училишната мрежа во земјава е во тек, со помош на УНИЦЕФ и Светска банка и во моментов се обновуваат податоците и се прават анализи. Имаме одредени региони и училишта кои секако не треба и не можат да бидат затворени, кои се на голема оддалеченост и тие ќе опстојат. Но, имаме и […]

Таравари именуваше четворица нови директори на здравствени установи


Министерот за здравство Арбен Таравари именуваше нови в. д. медицински директори во четири јавни здравствени установи, информираат попладнево од надлежното Министерство. – На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се именува професор доктор Марија Срцева. Во Специјализираната болница за нефрологија – Струга се именува доктор Берат […]

Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско


Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира директорот на ДЗС Беким Максути. Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка […]

MИОА се подели на две министерства


Министерството за информатичко општество се подели на две министерства – за јавна администрација и за дигитална трансформација и сите формалности околу поделбата и регистрацијата се веќе завршени, информираше денеска Горан Минчев, министерот за јавна администрација. Тој рече дека со поделбата, во неговото министерство има 60 вработени, а во Министерството за дигитална трансформација 160 или вкупно […]

Новиот вицепремиер за добро владеење, на англиски и на албански, најави конфискација на имот на владини функционери


Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи на новинарско прашање за оценките по првите денови од преземањето на функцијата, смета дека Стратегијата за борба против корупцијата не е спроведена и изрази сомнеж дека тоа е заради спрега помеѓу функционери и бизнис секторот. – Слушнавме за заклучоците од извештајот на ДКСК, знаеме дека Стратегијата за […]

Се повлекуваат законите за администрација – ќе се доработуваат низ широка јавна дебата


Министерството за јавна администрација (МЈА) ја почна постапката за повлекување на предлог-законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници. Целта е, како што соопшти денеска ресорниот министер Горан Минчев, да се изготват поквалитетни решенија кои ќе бидат практично применливи и кои ќе овозможат бенефит за […]

Поскапе водата за пиење во Прилеп – ја има доволно, но рационално да се користи


Сметките за вода на прилепчани за јули ќе бидат повисоко во просек за 120 денари. Се зголемува цената на водата за 17,9 проценти по барање на Регулаторната комисија. На јавните водоводни претпријатија во земјава им беа дадени пет месеци да размислат која цена од понудените ќе ја прифатат, а сега стигна конечната одлука на Комисијата […]

Време е за акција, да ја зачуваме Преспа – ЕУ додели 18 милиони евра


  Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“ финасиран од Европската унија и УНДП. Проектот, како што истакна на денешната промоција во Ресен, евроамбасадорт Дејвид Гир, а на […]

МВР со апел: Постои лажна кампања на платформи за тргување со крипто-валути


Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Според МВР, кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм […]

Водата за пиење да не се користи за полевање бавчи


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки […]