Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки


Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди.   – Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето […]

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна


Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар.  – Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско […]

Двата хеликоптери на Армијата фрлиле 44 тони вода на пожарот на планината Серта


Двата хеликоптера од составот на воздухопловниот ВИНГ кои од утрината се ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта досега имаат фрлено 44 тони вода, информираа попладнево од Генералштабот на Армијата.  – Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои […]

Закажани прес-конференции и настани и покрај препораките на Владата


И покрај препораките донесени од Владата поради топлото време за денеска се закажани прес-конференции и настани во периодот од 11 до 17 часот.  Според најавите, треба да се одржи прв состанок на политичкото координативно тело на Влен во 14 часот во Тетово на кое ќе бидат присутни лидерите на коалицијата, а за во 12 часот […]

На Табановце се чека 30 минути, а на Богородица 15 минути


На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.  Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од […]

Активни седум пожари, прогласена кризна состојба, ангажирани Армијата и полицијата


 Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни седум пожари. По прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена од страна на Владата по барање на Кризниот штаб на Неготино од рано утринава пожарот во неготинско се гаси од земја и од воздух.  Ангажирани се стотина припадници на […]

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно


Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 14 јули 2024 година, 196-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 170 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 11 минути, а ќе зајде во 20 часот и 8 минути. Денов трае 14 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Сончево и топло со УВ индекс 10


Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.  Денес во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд […]

Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена


Владата вечерва донесе одлука за постоење кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија. На седницата, која се одржа вечерва, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата одлучи кризната состојба да биде во траење од 30 дена. Како што информираат од Владата, Министерството за внатрешни работи се задолжува да […]

„Запознајте ја Преспа“, фестивал што ги поврзува трите страни на Езерото


 „Запознајте ја Преспа“, е насловен фестивалот што настана од иницијативата да ги поврзува луѓе од трите страни на Езерото. Овие три дена се реализира на неколку локации во Преспа, со добра музика, храна и дружење. Фестивалот е кофинансиран од Европската Унија и се одржува под мотото – запознај го триаголникот на овој дел од светот […]

Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник


 Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.  – Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда […]

ОЈО донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишникот во чиј дом беа најдени малолетните лица


Основното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 40-годишникот во чиј дом беа пронајдени четирите малолетници во бесознание.  Тој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето и за излагање на опасност на деца.  Надлежниот јавен обвинител, како што информираат од ОЈО, доставил предлог за определување мерка […]

Попладнево и утре дожд во дел од Македонија


Нестабилност во планинските предели во југозападна Македонија проследена со грмежи и пороен дожд за попладнево најавуваат од УХРМ.  Оттаму соопштуваат дека продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано […]

Ѓорѓиевски најави фабрика за производство на кондиторски производи во Кисела Вода


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра. Од општината посочуваат дека на површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. -Големите работи доаѓаат со […]

ССНМ: Да запрат прес-конференциите на отворено среде топлотен бран


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. -Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11:00 од 17:00 часот – мерка која не […]

Се бараат војници да го гасат пожарот на планината Серта


Кризниот штаб на Неготино побара од Министерството за одбрана вклучување на војници на АРМ во гаснењето на пожарот на планината Серта, покрај постојните сили што веќе неколку денови го гаснат пожарот од земја, се вели во известувањето од неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.  Тој информира дека од утрово, пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер […]

Министерот Љутков најави реконструкција на локалитетот „Залив на коските“ на Охридското Езеро


 Реконструкција и модернизација на системот за наводнување на комплексот „Залив на коските“ кај Градиште, повторно ставање во употреба на терасата на објектот за пријатен престој на посетителите, а од следната година и интензивни зафати за санација на платформата на наколната населба „Миќов град“ и кровните конструкции на колибите. Тоа денеска од Охрид го најави министерот […]

Малолетниците најдени вчера во бессознание се добри, имале дрога во крвта


Сите четири малолетници, кои вчера беа најдени во стан во Скопје во бесознание и со повреди по телото, денеска се свесни, во подобрена здравствена состојба, со стабилни витални параметри, изјави претпладнево, директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев. Јавноста вчера беше вознемирена кога беше објавено дека на Токсикологија биле донесени 4 малолетници во исклучително […]

Отворен Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево


Со настап на групите „Љубојна“ и „Брас Брадерс“, како и оркестарот на Бојан Ристиќ, синоќа почна Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2024. Дводневниот настан продолжува денеска со Етно саемот „Пехчевски Павловден”, како и вечерните настапи на познати балкански музички ѕвезди. Денешната програма почнува со настап на домашни и странски културно уметнички друштва меѓу кои Руското […]