Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во […]

Дел од општина Центар утре без вода


 Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците  „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смилевски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број […]

УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. […]

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра


Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за 10 години и заштеда од 1 милион евра за истиот период, објавија оттаму, по повод Европска недела на мобилност (16 – 22 септември). „Ова е водечка […]

Колку пати мечката убива едно исто говедо во Битолско?


  БИТОЛА – Дали и мечката се користи во незаконски шеми за добивање отштета од државата за фиктивно убиена стока или уништени кошници со пчели? Сточари од битолскиот крај велат дека поединци, фармери, по разработени и веќе испробани шеми за наводно угинати говеда и пчелни семејства од мечка земаат големи отштети од државата. Сточари со […]

Прилеп распиша конкурс за доделување 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во градот


Општина Прилеп ќе додели 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во Прилеп. Јавниот повик за пријавување е распишан денеска. Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите за нивно академско усовршување во општината каде живеат, како и за обезбедување социјална заштита на социјално ранливите категории на студенти од Прилеп. -Крајна цел на доделувањето […]

Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење


Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење на новите објекти во Кисела вода, соопштија од ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија. „Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење. Согласно Одобрение за градење […]

Перински во Врање: Нови 5,4 милиони евра за проекти за прекугранична соработка меѓу Србија и Македонија


 Европската унија е целосно посветена на членството на Србија и Северна Македонија во Унијата и затоа поддржува проекти за прекугранична соработка, беше речено денеска во Врање на презентацијата на првиот повик за предлози за проекти за прекугранична соработка, во вредност од 5,4 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), на која […]

Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари потсети дека кога бил министер за здравство во 2017 година разрешил околу 30 […]

Мицкоски потврди дека е донесена владина одлука за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“


Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е донесена владина одлука за изградба на кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.  Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека станува збор за развоен проект што ќе трае неколку години, додавајќи дека одредени структури ќе се обидат и тоа да го искористат како провокација. – И ова со универзитетот „Мајка […]

Вработените во ЈСП не зеле плата – најавуваат блокирање крстосници


Вработените на ЈСП повторно не добиле плата, која според законот најдоцна на сметките треба да им легне до 15-ти месецов. Вработените најавуваат блокади на крстосници во главниот град доколку не ги добијат нивните плати. Се жалат на притисоци од раководството на претпријатието, од каде до овој момент не се огласиле за предупредувачката прес-конференција на СПАЈС.

Ако има можност, до крајот на годината трајни вработувања за половина од здравствените работници со договори


Во јавното здравство скоро 2.500 лица се со договор за работа, а министерот за здравство Арбен таравари се надева до Нова година, барем половината од нив да добијат решенија. – Нашата тенденција ќе биде до крајот на годината да им дадеме решенија барем на дел од нив, се надевам на барем половината, ако изнајдеме решение […]

Левица предлага ограничување на киријата во Скопје до 250 евра


Политичката партија Левица денеска до Собранието достави предлог-закон со кој бараат да се ограничи висината на киријата на станбените објекти. Од партијата сметаат дека сегашните кирии се превисоки и тоа ги спречува студентите во Скопје да живеат во станови, а нема доволно студентски домови. Според Левица и нивниот предлог-закон, киријата за стан до 100 метри […]

Европска недела на мобилност 2024


Секоја година во третата седмица од месец септември РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност Скопје, реализираат кампања за одржлива урбана мобилност по повод Европската недела на мобилност во сообраќајот. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност. Во […]

Заменете ги возачките дозволи до Нова година


Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме, повикуваат од Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките


Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата


Борбата против корупцијата треба да се врши секојдневно чекор по чекор и храбро, без страв, порачаа панелистите на вечерашната јавна дебата на тема „Корупција“ што се одржа во Битола, а чиј домаќин и организатор беше граѓанското здружение Про Локал. Според поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, секој може да стави […]

Влажни коловози и одрони на патиштата во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење


 Дождот, кој со различен интензитет,  врне деновиве, во дебарскиот регион, предизвикува помали одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење. – Засега има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција […]

Поставен камен-темелник на нова македонска црква во Берлин


Во Берлин денеска беа осветени и поставени темелите на нов храм на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, посветен на „Св. Климент Охридски”, објави Европската епрахија на својот Фејсбук профил. Чинот на осветуванье го изврши архиепископ охридски и македонски г.г Стефан во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско- гостиварската епархија г. […]