Обука за парамедици во Охрид


Охридскиот Црвен Крст во партнерство со филијалата на организацијата на холандскиот град Зеволде, од 12 септември оваа година започна со реализација меѓународна напредна обука по прва помош или обика за парамедици (PHTLS – Prehospital Trauma Life Support). Обуката ја води искусен инструктор за прва помош од Холандија, со обука за PHTLS завршена на Јеил универзитетот […]

Во Мичурин ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“


Во населбата Мичурин во Општина Аеродром денеска ќе се означи почетокот на доградбата на Општинското основно училиште „Блаже Конески“. Како што најавија општинските власти, настанот ќе се одржи во дворот на училиштето, а ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Почетокот на градежните работи ќе ги означи в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Трибина за полиграфот и негова примена во јавен и приватен сектор на Факултетот за безбедност


Тркалезна маса со наслов „Полиграфот како средство за детекција на психофизиолошки измами и негова примена во јавен и приватен сектор“, денеска ќе се одржи во салата за состаноци во библиотеката „Јордан Спасески“ при Факултетот за безбедност, со почеток во 10:00 часот. Трибината е организирана од Факултетот за безбедност – Скопје во соработка со Полиграф центарот.

Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите


Во Охрид денеска попладне ќе почне 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, на кој ќе се обрати и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. На дводневниот состанок, како што информираат од АХВ, ќе учествуваат високи претставници на Европската комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови. Во […]

Сменет е полицискиот началник кој ги пропушташе свадбарите на Африм Гаши


  За пропуштањето на свадбарите на собранискиот спикер, Африм Гаши, на граничниот премин „Блаце“ главната одговорност е насочена кон Наим Рамука, началник на Рeгионалниот центар за гранични работи Север и тој е сменет од неговата функција. Во образложението за неговата смена се наведуваат пропустите на полицијата на граничниот премин за бегството на Косовецот Блерим Рамадани […]

Муцунски се сретна со германската министерка Лирман


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман. Како што соопшти Министерството, двајцата соговорници го истакнале задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена […]

Службените автомобили ќе добијат таблички со посебна боја


 Државните патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски. Тој додава дека на владина седница била формирана комисија составена од СОЗР, кабинет на претседател […]

АХВ наложи повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа мерка за спроведување на повторна дезинфекција, а ќе бидат земени и нови контролни брисеви од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воена академија касарна Гоце Делчев – Аеродром Скопје, од каде деновиве беше пријавен сомнеж за труење со храна. -Изречената […]

Во Скопје од Хиландар ќе биде донесена „Троеручица“, чудотворната икона на Пресвета Богородица


 Во Скопје, в петок, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, ќе биде донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична Вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот […]

Паркот наспроти општина Кисела Вода ќе добие нов лик


Темелно се реконструира паркот наспроти општина Кисела Вода.  – Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите граѓани. На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 метри квадратни. Старото и дотраено кое не беше во функција го заменуваме со ново и […]

Хируршките сали во Скопје за четири месеци ќе добијат компресорска станица, ќе ја први „Винора“ ДООЕЛ


Избрана е фирмата која треба да овозможи компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиотцентар „Мајка Тереза“ во Скопје, а тоа е „Винора“ ДООЕЛ Скопје, која за четири месеци треба да ја заврши работата, информаираа попладнево од Министерството за здравство. Министерот за здравство Арбен Таравари, вчера рече дека за функционирање на хируршките сали би било најдобро […]

Андоновски: Се уште сме на почетокот во градењето на отпорност кон сајбер нападите на критичните сектори


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имал воведно обраќање на осумнаесеттиот состанок на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура (CICWG). Овој состанок, соопштија од Министерството за дигитална трансформација, е дел од Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), иницијатива поддржана од УСАИД, фокусирана на зајакнување на сајбер безбедноста во клучните […]

Битолската електрана останува еден од најголемите загадувачи во Европа со сулфур диоксид


Според шестата едиција на извештајот „Усогласи или затвори“ од Bankwatch објавена денес (1), за во изминатата 2023 година, континуираното занемарување на должностите за спроведување на законите од страна на владите, повторно донесе зголемување на загадувањето со сулфур диоксид (SO2) од застарените термоелектрични централи од Западен Балкан. Загадувањето со прашина и азотни оксиди (NOx) од електраните […]

Сезоната на Охридското Езеро без позначајни нарушувања на безбедноста на капачите и несреќи


Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската […]

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица


Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.  Од 9 до 15 септември тестирани се […]

Пријавете дупка на улица во вашето маало во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани. Граѓаните тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот. „Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние […]

„Пластичарска“ и Топаана никако да се справат со депониите – тоа се две ’црни точки’


Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД. Воедно, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе […]

Втор уписен рок за прва година на УКИМ: Факултетите речиси празни


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет […]

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“


Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, во рамки на проектот „Вработена Ромка=Независна Ромка“. Проектот е финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna till Kvinna, чија главна цел е долгорочно зголемување на учеството на Ромките на пазарот на труд, преку унапредување […]