Охридското Езеро и Kањонот Матка прогласени за споменици на природата


Собранието на вчерашната седница усвои закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен заштитен статус. Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.   Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка […]

Почнува Богородичниот пост


За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни […]

Без вода корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир


 Корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир од 7.30 часот ќе немаат вода. Како што соопшти утрово ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на таа улица бр. 9 и ќе трае до негово отстранување. 

Без струја неколку скопски села


 Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

Пожарите не стивнуваат, дали спојувањето на ЦУК и ДЗС ќе овозможи поефикасна заштита


Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.   Премиерот Христијан […]

Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град


На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници. Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во главниот град.  Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја […]

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


  На граничниот премин Табановце за излез и за влез во државава има  зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и дека е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци […]

Продолжуваат горештините, денеска до 41 степен


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од […]

Бројот на пожарите не се намалува, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, како што рече, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават. Ангелов денеска информираше дека во текот на вчерашниот […]

Владата обезбеди 52 милиони денари за справување со пожарите


Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година за зголемување на буџетот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Поради пожарите, продолжена е и кризната состојба на целата територија на државата, соопштија од Владата по денешната седница.   Од овие 52 милиони денари, 41 […]

Донесени измените на Законот за урбанистичко планирање, повик до Сиљановска да не го потпишува указот


Со 64 гласа „за“ и 11 „против“ денеска во Собранието се изгласаа експресно измените на Законот за урбанистичко планирање.  „О2 Иницијатива“  ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон и да го врати на повторно разгледување во Собранието, со задолжителна јавна расправа.  „Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците […]

Повеќе скопски села утре без струја


Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

И Мицкоски се срами од Скопје полно со ѓубре


  „Да се случи тоа, Градот Скопје не успеа да ја врати навремено ратата која што беше дел од обврските за набавка на автобусите во минатото, таа е во висина нешто од над 50 милиони денари основен долг. Основниот долг е некаде околу 42, 43 милиони денари, другото е камата“, вели Христијан Мицкоски, претседател на […]

Данела продолжува да дели откази во Градот – на удар директорите на „Дрисла“ и на „Паркови и зеленило“


Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи – градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува. Претходно, таа ги разреши директорите […]

Укинато зголемувањето на нотарските тарифи


Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината служба. Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. – Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика […]

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе контролира и ќе казнува незаконско одлагање на отпад


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека од денеска ќе ја засили својата контрола на терен, а од Градот Скопје ќе побараат да се засили инспекцискиот надзор со цел откривање и санкционирање на незаконското одлагање на отпад во нивните садови.  Апелираат до сите општини во Град Скопје да внимаваат на законските обврски и можности за […]

По фијаското со назначувањето на Верзиволи, сега ќе биде објавен оглас за главен ревизор на ИПА фондови


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе биде објавен конкурс за позицијата главен ревизор на ИПА Фондовите, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, предложена како кадар на коалицијата „Вреди“, бидејќи не поседувала лиценца за ревизор. На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, како в.д., кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. За […]

Гори на Осоговските Планини, зафатени 100 хектари со борова и дабова шума


Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани. -Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста […]

Ексдиректорот Галетановски се пријави на огласот за нов директор на ЗОО


Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски денеска се пријавил на огласот за избор на нов директор. Тој ова го соопшти на социјалните мрежи објавувајќи архивски број од апликацијата. ,,Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати […]

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош


Министерот за транспорт и врски Александар Николоски предлага да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош со кои ќе се затворат сите прашања со урбанистичкото планирање.  Предлогот го изнесе денеска на седницата на собраниската Комисија за транспорт,  која го проследи во натамошна процедура  Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко […]