Eпидемијата на голема кашлица не стивнува, за една недела регистриран 21 нов случај


Во периодот од 9 до 15 август, пријавени се 21 нов случаj на пертусис или голема кашлица. Возраста на заболените се движи од еден месец до 40 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите случаи, петмина се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје […]

„Паркови и зеленило“ ја демантира Општина Аеродром


ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешната објава на Општина Аеродром со наслов ,,ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило“.  „ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, на булеварите, на собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град […]

Сиљановска ќе ги потпише измените на Законот за урбанистичко планирање – бидејќи и СДСМ не биле против


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го потпише указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието. Министерот за транспорт Александар Николоски ѝ ги образложил причините за законските измени и ѝ кажал дека без нив не ќе може да се префрлат средства на општините за реализација на значајни […]

Филков бара Судскиот совет да расправа за одлуката на Пајазити да одреди куќен притвор за Рамадани


Министерот за правда Игор Филков во изјава за ТВ Канал 5 за случајот со Блерим Рамадани рече дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Го повикa Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало ова прашање со цел во иднина да не ни […]

Клиниката за дигестивна хирургија доби нова опрема, за прв пат ќе има лапароскопска интервенција со флуоресцентен контраст


На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, попладнево беше промовирана нова опрема во вредност од милион евра, средства обезбедени од Министерството за здравство. Обезбедени се повеќе современи апарати: лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија за континуирано собирање и обработка на изгубена крв при операција со вакум пумпа, пациент монитори, […]

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата. -Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е […]

Мицкоски ја прифаќа понудата на Данела Арсовска за соработка


 Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен  за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“. Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на […]

Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.Активностите се реализираа на улицата Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада. „Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (пластичарската улица) – на […]

Што побара Лекарската комора од министерот Таравари: Истакнати три приоритетни реформи


Електронско водење на целокупната медицинска документација, запазување на начинот на упатување на пациентите во здравствениот систем и инклузивен процес за проширувањето на Позитивната листа на лекови се приоритетните реформи што Лекарската комора ги истакна на првата средба со новиот министер за здравство д-р Арбен Таравари, што се одржа денес во просториите на Комората. „Сметаме дека […]

Објавен нов тендер за компресорската станица, Таравари посака да се пријави некој


Во понеделникот повторно беше објавен тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираше попладнево министерот за здравство Арбен Таравари. Тој кажа дека нема информација дали е пријавена некоја фирма, но, посака да се пријави некој, бидејќи на претходниот тендер немаше пријавени за да ја завршат работата. – Се надевам дека ќе […]

Судскиот совет негира дека Наќе Георгиев бил нивен член


Судскиот совет ја демантира информацијата дека Наќе Георгиев бил нивен член, како што објавија некои медиуми во државата. „Наќе Георгиев никогаш не стана член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Наќе Георгиев беше избран за член на Судскиот совет од страна на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, но по реакција токму […]

Наќе Георгиев веќе не е врховен судија, Судскиот совет ќе расправа и за случајот Рамадани


Наќе Георгиев кој вчера беше осуден на казна затвор од три години поради примање поткуп веќе не е врховен судија. Без расправа, Судскиот совет на денешената итна седница му го констатираше престанокот на функцијата со оглед на тоа што законот предвидува дека на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор […]

Одбележување на Денот на Армијата: Почит и признание за храброста и посветеноста на сите припадници на АРМ


Во пресрет на 18 Август-Денот на Армијата, на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот денеска се одржа традиционален свечен собир на вработените во Генералштабот и Министерството, на кој пред присутните се обратија началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Честитајќи им го Денот на Армијата, на вработените во Генералштабот и […]

Општина Аеродром се жали на исушените тревници, прстот го впери во „Паркови и зеленило“


Општина Аеродром ја информира јавноста дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, на  ЈП „Паркови и зеленило“, но  ова претпријатие не ги извршува квалитетно своите обврски. -Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова […]

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари


 Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под […]

Благодарници за пожарникарите од Германија и Словенија кои помогнаа во гасењето на пожарите


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и  амбасадорката на Германија Петра Дрекслер синоќа го испратиле тимот од Германија за двата противпожарни авиона „ер трактор” – пилотите и другиот воздухопловен персонал, кои помогнаа во справувањето со пожарите од поголеми размери во државава. -Ангелов притоа искажа голема благодарност за помошта – и до […]

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од распуштање на советите на судии и јавни обвинители


Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега – реагираа денес од ВМРО-ДПМНЕ практично ставајќи до знаење дека не се откажуваат од ова барање, иако во планот за реформи пратен во ЕУ стои дека […]

Од недела променливо и нестабилно време со пад на температурите


Во сабота ќе се задржи топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Од недела до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на […]

Институциите мора да ни излезат во пресрет за ЈСП да биде самоодржливо и за обнова на возниот парк, вели директорот Кушовски


 За да стигнеме до самоодржливост мора институциите да ни излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење тековно да можеме да ги сервисираме нашите обврски, вели директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Драги Кушовски во интервју за МИА. Кушовски додава дека ЈСП има обврски, но и свои побарувања од […]