Армијата одбележува 32 години постоење


Во Центарот за обука на вода во Охрид, денеска со почеток во 10.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 32 години од нејзиното формирање.  На присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана […]

Генерал – мајор Сашко Лафчиски нов началник на генералштабот на Армијата


На Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Охрид ќе се изврши церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата од досегашниот началник на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на новопоставениот началник на ГШ, генерал – мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет […]

ЦУК: До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, шест се под контрола


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај Јасен – викенд населба Белица каде гори борова шума; во Општина Ресен […]

За една декада речиси 9.000 столчиња во основните училишта останале празни


Во период од 10 години, во Македонија бројот на ученици во основното образование се намалил за дури 8.927 ученици. Во учебната 2013/2014 година имало 191.051 основец, а 10 години подоцна, оваа бројка изнесува 182.124. Нискиот наталитет, како и иселувањето од државата, се главните причини за ваквата состојба. Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè помалку првачиња, […]

Од утре ќе има дожд и опаѓање на температурите


Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура, информира УХМР. На повеќе места ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа […]

Невладините разочарани што Сиљановска-Давкова ќе ги потпише измените на Законот за урбанистичко планирање


Невладината „О2 Иницијатива“ синоќа преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се разочарани од најавата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање што беа изгласани на 13 август во Собранието.   Од „О2 Иницијатива“ велат дека од претседателката на државата очекувале принципиленост […]

Јетон Бучи од ДУИ е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“


 Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“.  Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија. -За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ […]

Општина Кисела Вода е најтранспарентната скопска општина


Кисела Вода е најтранспарентната скопска општина, објави Центарот за граѓански комуникации во своето редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност. Активната транспарентност на Општина Кисела Вода во 2024 година изнесува 98.6 проценти и по третпат се наоѓа во групата на иституции со многу добра активна транспарентност, се наведува во денешното соопштение на […]

ЦУК: Активни 13 пожари на отворено, осум се под контрола, а 27 изгаснати


Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Актвни се пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населба Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица, е на […]

Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред


Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП. Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на […]

На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила


На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини езголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Најсвежо утрово во Берово


Утрово најниска температура од 13 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Лазарополе со 15 стеОхрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци. За изминатите 24 часа до 08 часот, според количината на врнежи кои се измерени на дождомерните места на  […]

Македонските лекторати во светот – интерес има, услови нема


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, вчера, на отварањето на  57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, во присуство на пола државен врв, со опоменувачки тон, потцрта, дека е поразувачка реалноста што сега има помалку лекторати по македонски јазик во […]

Летен фестивал Skopje Creative Fest во Градски парк


Летен фестивал Skopje Creative Fest ќе се одржи денеска во Градскиот парк. Овој настан, којшто има за цел да ја прикаже безграничната креативност на младите поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови, е во организација на KL YES Alumnae Николија Златевска, Исидора Стефановска, Тара Џеладин и Емилија […]

Изменет режим на сообраќај на улицата „Христо Татарчев“ во Општина Кисела Вода


На улицата „Христо Татарчев“ во Општина Кисела Вода денеска ќе има изменет режим на сообраќај.  Како што информира компанијата ГАМА Градба ДООЕЛ Скопје, изменетиот режим на сообраќај е поради почеток на градежни активности. 

Таравари најавува контроли во 150 здравствени институции


Министерот за здравство покрена истрага за злоупотреба и корупција против поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, Илир Демири. Според Таравари, вакви инспекции ќе се вршат во сите клиники и здравствени установи. „Има индиции дека имало злоупотреби од страна на поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, но дајте ни простор да излеземе со докази дали тоа […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8 Во […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 17 август 2024 година, 230-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 136 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 19 часот и 31 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – 18 Август


По повод  Денот на Армијата – 18 Август, утревечер, во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови, по 18:00 часот, ќе биде извршена пробна […]

Од пожар спасено кичевско Дупјани, на ред е Галичица, порачаа од ЦУК


Од пожар е спасено кичевското село Дупјани, благодарение на храбрите пилоти на полицискиот хеликоптер. Огнот беше на педесетина метри од куќите, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Додаде дека се работи за напуштено село со обновени куќи, во моментот на пожарот немало луѓе, а на терен се очекува да дојдат […]