Конференција за наставници „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“


Во Кинотеката денеска ќе биде организирана конференција за наставници на тема „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“, која е дел од проектот „..и Акција!“ во рамки на Програмата на „Еразмус +“, подржан од Европската Унија. Кинотеката е една од петте партнери во овој проект и ќе учествува со свои излагачи. Меѓу нив се: Игор […]

Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд


Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку […]

Скопјани ноќеска ги разбуди земјотрес од 3,4 степени според Рихтер


Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.  -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија.

Петти ден се трага по белгиски турист кој планинарел во Македонија и во Албанија


Националниот сојуз на планинско спасување на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека петти ден се трага по белгиски турист кој имал рута за планинарење во Албанија и Северна Македонија. – Од 18 септември, среда, во тек е голема акција за барање и спасување на белгиски државјанин, кој се движел по позната патека High Scardus Trail, почнувајќи […]

Добро се забавуваа во паркот во Скопје и оставија купишта ѓубре


  Настанот беше добар, журката одлична, но по него остана неизмерливо ѓубре во Градскиот парк во Скопје. Утринава вработените од „Паркови и зеленило“ биле на извесен наччин шокирани од она што го оставија присутните на настанот на кој се прославуваше важна годишнина на една компанија. Зошто е тоа така треба да се запрашаат сите што […]

СДСМ реагира дека просечната плата падна за 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ вели – платите ќе растат


  За прв пат во пследниве седум години просечната плата падна, и тоа за илјада денари. За СДСМ ова е одраз на погрешните политики на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, а владејачката партија ветува дека платите во иднина ќе растеле. „Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава […]

ДУИ снима холивудски филм, тврдат од „Вреди“


  Според обичаот на ВМРО-ДПМНЕ и албанските партнери од коалицијата „Вреди“ практикуваат секојдневни утрински објави со напади врз ДУИ. Во денешното се вели дека „гнасната игра врз грбот на Албанците, оркестрирана од криминализираната клика на ДУИ, која постави мини во секој сегмент на системот на државата за време на своето 22-годишно владеење, сега е целосно […]

РЕК „Битола“ иднината ја гледа во јагленот, зелената транзиција ќе почека


  БИТОЛА – Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК „Битола“ има ново раководство, но останува со старите проблеми и предизвици. Во пресрет на грејната сезона, главниот акцент ќе биде ставен на производството на струја, но со оглед на тоа дека до крајниот производ се доаѓа со откоп и преработка на јаглен, и оваа година извесен е „судирот“ меѓу „кафеавата“ и […]

За време на трката „Трчај, бе 2024“, утре посебен режим на сообраќај во Битола


Утре во Битола, од 7:30 до 11:30 часот, од почеток до завршување на спортската манифестација „Трчај, бе“ ќе се применува посебен режим на сообраќај. Од СВР-Битола информираат дека посебниот режим на сообраќај ќе се одвива на булеварот „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула од страна на Музичкото училиште во Битола до кружниот тек кај […]

Новото основно училиште во Визбегово не е почнато со работа, допрва ќе се бара кадар


    Наставата за новото основно училиште во „Визбегово“ не е почната. Децата од оваа населба и по речиси три недели од почетокот на школската година седат дома пренесе телевизија „Телма“. Училиштето е ново и модерно, требаше да започне со работа оваа година, но иако во него се запишани повеќе од 250 ученици од прво до петто […]

И во Кавадарци со камери ќе се ловат сообраќајни прекршоци, но казни наскоро нема да пристигнат


 Преку проектот „Безбеден град“ ќе спасиме многу човечки животи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, каде заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, ја посети кавадаречката полиција.  – Направивме увид на системот „Безбеден град“ што е инвестиција на општината, но во периодот што следи треба да […]

Премиерот Мицкоски очекува долгот на ФЗО до крајот на 2025 да биде еднаков на нула


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека очекува до крајот на следната година, долгот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да биде еднаков на нула. Прашан дали Владата планира некако да помогне, бидејќи има информации дека ФЗО е во долгови, Мицкоски рече дека долгови има насекаде. – Долгови има насекаде. Тие се бројат во милијарди денари. […]

Николоски: Изградба на брзата пруга Скопје-Солун и изнаоѓање решение за пругата кон Бугарија


Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија. Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното […]

Почна реализацијата на втората фаза од изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „100“ во Волково


Град Скопје почна со реализација на втората фаза за изградба на новата атмосферска канализација на улицата „100“ во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров. Со овој проект, како што информираа од Град Скопје, за првпат се гради нова атмосферска канализација на оваа улица од кружниот тек со улицата „101“ до преминот на пругата во […]

RYCO: Над 70 отсто од младите ја поддржуваат регионалната соработка


енеска се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Овој значаен ден е потсетник дека конфликтите никогаш не можат да се решат преку насилство, туку исклучиво преку дијалог и меѓусебно почитување. Регионалната соработка и вмрежувањето, почитта и разбирањето се клучни фактори за креирање на мирна иднина. Владите и општествата од Западен Балкан мора континуирано да соработуваат и […]

Промовирана мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (20.09.2024), се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите  на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно […]

Кај Тркање загина пешак, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


AMСМ известува за прекин на сообраќај: Од 8 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на с.Тркање, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува по експресниот пат.  Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање. Од СВР […]

МОН доделува стипендии за постдипломски и докторски студии – може и со 180 ЕКТС


Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи […]

Се слави Мала Богородица – во Скопје донесена иконата „Троеручица“ од манастирот Хиландар


Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии. Во предвечерието на великиот празник, синоќа во Скопје беше донесена икона на Пресвета Богородица -„Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. По свечениот пречек на иконата пред храмот „Рождество на […]