Зголемен број заболени од Ковид-19, да се почитуваат мерките


Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија попладнево од Министерството за здравство. – Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени […]

Убиството кај Мавровка го стави Скопје на врвот кај медиумите во регионот


По денешното убиството кај Мавровка и вчерашната престрелка во Ченто, Скопје се најде на врвот на вестите кај медиумите од регионот.  Хрватски Дневник пренесува дека во вооружениот напад пред трговскиот центар Мавровка е убиено едно лице, како и дека според очевидци, убиениот бил адвокат. Порталот исто така пренесува дека полицијата и брзата помош излегле на […]

За јавните претпријатија е потребна силна рамка за контрола и мониторинг, вели професорот Треновски


Потребно е системско решение за проблемот со град Скопје. Треба да се создаде и силна рамка на конрола, отчетност и мониторинг на работата на јавните претпријатија, смета професорот Борче Треновски од Економскиот факултет при УКИМ. Законот, вели Треновски, е зрел за промени не само во делот на услугите, туку и во делот на распределбата на […]

Кај „Света Недела“ во Штип ќе „никне“ населба од 41 куќа за ромски семејства


Штип ќе биде општина-пионер во Македонија во изградбата на компактна населба за ромската заедница која со 2.301 жител е втора по бројност во општината. Во месноста „Света Недела“ ќе се градат 41 куќа за ромски семејства кои претходно живееја кај старото одделение за нервни болести во населбата Сењак. -Вкупниот буџет изнесува 895.400 евра. Донатор е […]

Ново мафијашко убиство во Скопје, Тошковски да си даде оставка, бара СДСМ


За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени, се истакнува во соопштението на СДСМ. Граѓаните, според оваа партија се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки, како што оценуваат во СДСМ, стануваат […]

Се испорачуваат учебниците за 2024-2025 година, Јаневска апелира до училиштата да бидат подготвени за приемот


Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. -Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност […]

„Виз Ер“ ќе го намали капацитетот на патници од аеродромот во Скопје за 22,6 проценти, од Охрид за 32,6 отсто во четвртиот квартал


Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година, пишува порталот EX-YU aviation news. Од Охридскиот аеродром, пак,  бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.  „Виз Ер“,  како што […]

Измените на Законот за бесплатна правна помош влегуваат во собраниска процедура


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда. Со измените кои ќе се носат по скратена постапка се врши усогласување со Законот за вештачење и со тоа корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице. Како […]

Српски полицајци во Охрид за летната туристичка сезона


Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија од 19 до 30 август ќе престојуваат во Охрид, како дел од полициската соработка за време на летната туристичка сезона, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. -Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија […]

Поради дефекти, делови од Скопје без вода


Поради неколку дефекти, делови од скопската територија утрово се без вода за пиење, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето им е прекинато на корисниците од улиците „Љуботенски пат“, дел од „Баница“ од број 1 до број 23, како и од село Морани. Засегнатите ќе бидат без вода за пиење, сѐ до […]

Струга со посебен режим на сообраќај заради СВП


1.На 22.08. 2024 година во 15 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, пред платото на Центарот за култура поради организација и протокол за свеченото отварање и манифестацијата Меридијани, која ќе се oдржи истиот ден 22.8 (четврток) од 20:00 часот во главната сала на Центарот за […]

Делови од Аеродром и Карпош, како и повеќе скопски села утре без струја


 Корисниците од населените места Студеничани и Моране од 5:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 5:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и населените места Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, вклучително и објектите на ЖТП – Јане Сандански и ЖТП – Зелениково. Во периодот […]

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 20 август 2024 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Јаневска: Во 124 основни и средни училишта може да почне едносменска настава


Од 1 септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со дел од училиштата се уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска. -Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование […]

Голем број портали сè уште не доставиле извештаи колку пари добиле од парламентарните избори


Од вкупно 30 портали кои „Фондација Метаморфозис“ во рамките на пошироко истражување ги разгледува во однос на финансиските извештаи за парламентарните избори што се одржаа на 8 мај годинава, речиси половината не поднеле финансиски извештаи за тоа колку пари добиле од државниот буџет за рекламирање на партиите кои влегоа во изборната трка. Ова може да […]

Данела пристигна на средбата со премиерот Мицкоски (фото)


Скопската градоначалничка Данела Арсовска  пристигна во Владата на средба за која беше закажана од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Средбата е значајна и доаѓа по неодамнешните барања од страна на претставниците на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за одземање на ингеренциите на Град Скопје во однос на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.  […]

Викендов над 100.000 патници минале низ ГП Табановце


 Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата. – На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу […]