ДО 2026 година општините електронски ќе може да наплаќаат данок на имот


Стратегии за зголемување на општинските приходи, унапредување на процесот на децентрализација и подобрување на транспарентност и отчетност на локалната самоуправа се теми на форумот Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација чиј домаќин е Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините. На форумот на кој учествуваа […]

Засилен надзор од страна на родители за четири деца во Кавадарци кои недолично монтираа фотографии на соученички


 Кавадаречкиот суд изрече воспитна мерка засилен надзор од страна на родители за четири деца, за злоупотреба на лични податоци на деца.  Од Судот попладнево потврдија за МИА дека во предметот, како оштетени се деца-жртви. – Децата со користење и навлегување во компјутерски информатички систем на лични податоци, во неколку наврати прибрале лични податоци-фотографии од оштетените […]

ЕУ ќе ни даде 13 милиони евра помош за Армијата


ЕУ преку Европскиот мировен фонд (EPF) ќе ни даде помош од 13 милиони евра за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на МакедонијаoNoSpacing”>.  -Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија во однос на нејзиното учество во операциите и мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP) на ЕУ и другите меѓународни […]

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети


Децениски проблеми во општините ќе се решат со помош на парите кои Владата ќе ги распредели до локалните самоуправи по разгледување на пароектите кои стигнаа до неколку министерства, смета градоначалникот на Кислеа Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. -Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои […]

Арсовска повторно не се појави на советнички прашања


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот. Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи. „Бидејќи не […]

Програма за ментално здравје во средните училишта преку кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“


Десет средни училишта од земјава ќе имаат можност да бидат дел од програмата за позитивна трансформација, насочена кон подобрување на условите и грижата за менталното здравје на нивните ученици. Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги повикува сите средни училишта да аплицираат и да станат […]

Со дрон се трага по исчезнатиот белгиски планинар Марк Јорис


Со помош на дрон пребаран е теренот на кој пред една недела исчезна 72-годишниот белгиски планинар, Марк Јорис, на Галичица, но од него нема ни трага ни глас. Од МВР апелираат до граѓаните доколку имаат каква било информација, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112. Претходно објавивме, дека Марк Јорис исчезнал на […]

Пред почетокот на грејната сезона ќе се контролираат големите индустриски капацитети


Пред почетокот на грејната сезона, кога се очекува зголемено загадување на воздухот, од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, најавија контроли на големите индустриски капацитети и нивното интегрирање на еколошките дозволи. – Ќе се започне со контрола на производните капацитети. Заедно со инспекторатот ќе бидат посетени големите индустриски капацитети во државата, почнувајќи […]

Прес-конференција на министерот Меџити и директорката на ДИЖС Гиновска (во живо)


 Прес-конференција на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска.  

Есенска дератизација во општина Аеродром


 Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината. При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината. Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението […]

(Видео) Изјави за подобрување на финансирањето на општините


В.д. амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Никол Варнс , заменик министер за финансии, Николче Јанкуловски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обратат на Форумот „Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација“.  Проследете ги изјавите:

„Македонија низ објективот на Арсени Јовков“ – VIII студиски ден на Институтот за национална историја


На Институтот за национална историја денеска ќе се одржи VIII студиски ден. Темата е „Македонија низ објективот на Арсени Јовков“, а ќе биде презентирана од проф. д-р Валентина Миронска-Христовска. На предавањето ќе присуствуваат претставници од фамилијата на Арсени Јовков, како и претставници од Бирото за филателија и Советот за марки.

Без струја делови од Сарај


 Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека  денеска без електрична енергија ќе биде дел од општина Сарај. Како што велат од РЦУК, во периодот од 08.30 до 13.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај. 

Без вода делови од Центар


Поради изведување водоводен приклучок – 80 мм  на улица „Коле Неделковски“ 15а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски Борче“ и од „Ленинова“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. 

Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација


Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на годишниот лидерски форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација. На форумот, како што е најавено, ќе се обратат заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс, министерот за локална самоуправа Златко Перински, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и […]

Бизнис штафета за најбрза македонска компанија


Во Скопје денеска ќе се одржи Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Компаниите ќе се натпреваруваат со мешани тимови со четири измени на патека од осум километри, а секој учесник ќе трча по два километра. Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а […]

Меѓународна научна конференција за услужен сектор


Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024). Денеска ќе се одржи регистрација на учесниците, а официјалното отворање на конференцијата е закажано за 27 септември 2024 година, со почеток во 09:30 […]

Сончево и топло, до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се […]

Во Кавадарци одбележана Недела на промоција на хумани вредности


Со театарска претстава вечерва во Кавадарци беше одбележана Неделата на промоција на хумани вредности. Од страна на  кавадаречкиот  Црвен крст беше потсетено дека секоја година преку ПХВ неделата што се одбележува од 21 до 27 септември се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на ЦКРСМ. Волонтерите […]